Сакам да кажам/Сакам да прашам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не знам дали некој прати buzzfeed, али ете после толку предлози, конечно ме послушале и пробале балканска храна. :zelen


П.С. За тие што не знаат, луѓето од каналот прават посебни клипчиња каде што пробуваат одредена храна и ги кажуваат што мислат за неа. Ми се допаѓа нивната реакција!
Запази суратот на еден од америве коа пробува од благото... What the fuck is happening :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Апатијата е едно од најголемите зла на овие простори. Колку се мртви луѓево немаат поим. А некој би помислил дека мртвилото доаѓа со смртта. Не баш, мртвите се секаде наоколу, убиена е секоја радост, иницијатива, ентузијазам.
Умираат и радостите и тагите. Свадби, матури, свршувачки, дипломирања, родендени....ради реда, онака, `на вересија`. И исти такви погреби...онака.
Порано мислев дека луѓето ги кријат емоциите и се контролираат. Но деновиве сфатив дека воопшто немаат емоции за да ги скријат. Онака. Лабаво. Живот ради реда. Да не е без ич...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
За нова тема мислиш да отвориме и за секој гледан филм да пишуваме или лошо разбрав? :)

У book clubs обично членовите се одлучуваат за една одредена книга која мораат сите да ја прочитаат во рок од една недела, односно до наредниот нивен состанок. Значи, еднаш неделно се состануваат и разговараат за таа книга и потоа одлучуваат за наредна. Така мислев и за филмовите, само наместо состанување во живо, дискусијата ќе ја водиме тука. А ова нема врска со темата со двобои, туку онака рендом го спомнав тоа зошто може често да се дешава еден од двата филмови да не биде изгледан од многу. Језда па во тој случај не мора да коментира тој што нема изгледано.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Како што времето поминува и повремено подразмислувам за брак, фамилија и деца, се поголем страв ме фаќа. Некогаш на самата помисла, буквално чувствувам како нозете почнуваат да ми се парализираат, дури и ми доаѓа нагон на повраќање. Се прашувам, дали е до мене или повеќето луѓе се осеќаат така на средина на своите 20-ти години? Или едноставно некои луѓе (како мене) не се створени за тие работи? И најмногу од се се прашувам, дали некогаш ќе се осеќам барем малку подготвена за тоа?
Секогаш постои страв од брак, затоа што бракот носи голема одговорност и многу обврски. Луѓето кои се одговорни по природа имаат безброј прашања кои само во конкретни ситуации сами се одговараат. И на 30 години ќе ги имаш истите прашања и истите стравови. Не мислам дека некои луѓе, а најмалку Ти не си створена за брак, само новите ситуации како и секого те плашат.
Во брак треба да се влезе со искрени намери и со чувства . Другото е среќа, или ќе се погоди или нема, трета опција не постои.
Сепак треба секој да се обиде да се пронајде во институцијата наречена брак за да види дали е тоа што го сака или не.
 
Последна промена:

Loyal

Нов член
6 октомври 2014
16
6
3
32
Сакам да кажам дека понекогаш ми се чини дека нешто не е во ред со мене.
Луѓе не сум нормална, плачам а не знам зошто плачам, тажна сум а не знам да објаснам зошто..

Вака однадвор животот ми е прекрасен, а одвнатре чувствувам огромна празнина..
Нормално ли е да си мислиш дека твојот сакан не те сака? Мислам прашањето е, можно ли е да не е така а јас само да си умислувам?
Нормално ли е да си исполнета а да си умислуваш дека не си?

Те молам биди само момент на слабост, само еден момент, те молам немој да биде вистина. Не сум подготвена за тебе.
Уште малку време дај ми..
Барем да се стопли времево, можеби со времево ќе се стопли и душата..
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Дечки, по идејата на @MissChievous сакаме во подфорумот филм да отвориме тема каде што секоја недела по еден член ќе кажува филм, а потоа сите што сакаат и имаат слободно време ќе го изгледаат филмот и на крај од неделата еден или два дена ќе му посветиме на заедничко коментирање.

Кој сака да биде дел од ова, нека пише или со лајк нека се пријави, па за почеток ќе направам некоја листа утре со пријавените, колку да имаме предвид кој е на ред за предложување нов филм и да се занимаваме, па ако ви е интересно, а не сте се пријавиле секако може да се пријавите и тогаш :)
 

LILI star

Староседелец
29 октомври 2014
13
15
603
Сакам веќе да почнам повторно да живеам да дишам, да сум среќна...Ми здодеа да живеам во страв и исчекуванје дека ќе се случи нешто лошо :(
Доста беше веќе се што поминав доста!!!