Ваша поезија

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Убава си,секогаш..
Твоите зборови
одекнуваат како ехо во моето тело.
Како некој чуден еликсир
кој ме пои со живот.
Струи низ секое делче
на моето битие..
Дишам..дишам да го смирам
срцево кое чука како диво.
Ја чувствувам таа хемија
која постои измеѓу нас.
Како да чекаме да се
спојат нашите светови во еден.
Мириса во есенскиот
воздух,
почетокот на една нова приказна.
Го чувствувам
неискажаниот пригушен хумор
во тишината.
Го чувствувам и твоето
задоволство да ме зезаш
и да си играш со мене.
Да ме провоцираш.
Чувствувам...
Дека го искачувам
седмото небо со
брзина на светлината.
Ги чувствувам сигурните
чекори во твој правец..
Чувствувам дека
ти дозволувам да ме обземеш,
да ги пресретнеш моите очи.
Тоа го чекаше..
Мојата дозвола.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Критичарот


Го мразам критичарот во мене.
Ми прави филмови,
ме прави помала од мивка.
Го мразам затоа што ми раскажува лаги.
Прави од мене некоја која не сум.
Ме прави несигурна,
ме прави слаба.
Го мразам критичарот.
Го мразам затоа што ме стави во затвор,
од кој само полека полека излегувам.
Го мразам критичарот во мене,
затоа што ме сокрива,
мене,
вистинската јас.
Го мразам критичарот,
затоа што ме убедува дека сум
неспособна за живот..
Го мразам..
Затоа што е толку мал,
подол и злобен.
Го мразам..не ми е пријател.
Го разбирам..всаден е од
моите родители во мојата глава.
Никнат со наставниците и професорите..оние строгите..
Ја мразам контролата негова..
И ете..
Му простувам..
Не знае колку сум силна,
колку сум сигурна и единствена.
Критичарот е само еден учител
кој полека заминува во пензија.
Го заменуваат љубовта,пропратена со емпатија,
симпатија и на чело насмевка..
Убаво..
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Kога ми е најтешко,
сакам да погледнам во твоите очи,
и спокој да најдам,
но ти,
знам,
нема да бидеш таму,
што и да речам,
ќе бидеш доволно далеку,
ќе бидам далеку од мирот вечен,
и додека го пишувам ова,
нешто ќе те заведе за миг,
во нем поглед,
од кој очиве ми солзат,
со солзи,
чисти како твојата душа,
потоци,
што браздат една небеднина,
во која вечно ќе бидам окован,
натоварен со мојата тага,
во плач и бол до век,
затоа што никогаш нема да бидам,
тоа што си ти,
дланки кои милуваат и лечат,
од зло и проклетство.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Целата невидлива тежина
ја товариш ,
зачадена со темјан и боровина,
ти-моја светлина ,
во денот и ноќта,
сончевина.
Лечебен на сите рани лути,
сите сеништа ги извади од длабочина,
и немирите ги смири,
бурите ги закопа,
и со солзи ја изми душава што боли.
Колку зборови толку солзи,
колку тагувања,толку насмевки
на лицето нацрта,
и сонот го врати со волшебство на божество.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Проклета сум јас
во ноќва што ми зема дел од душата,
и не е една,
многу се,безбројни се,
непреспиени,неотсонувани,
во твојот сон длабоко сокриени
да те љубат и милуваат
како вајар кој
со своите раце милувајќи
ја создава својата совршена творба,
и ќе почувствуваш на образот твој
нежен стисок,
мој отисок од прстиве
кои секое утро ја измиваат самотијата од
моето лице,
која мракот пак ми ја враќа,
а тебе те носи некаде далеку
но сепак си тука,
во секоја проклета солза
која бразди создава,
во секоја болка која
лузни остава,
во секој очаен крик што
срцево мое го испушта,
во очиве кои сеуште
слепо гледаат со твоите,
и во црнината на
моето тело си ,
пеплосано од
твојата окована
љубов за мене.
Затоа ти ја давам ноќва
и секоја наредна
не ги сакам,земи ги
душава само нека ја,
а јас можам
и будна да заспијам,
да заспијам и сонувам
сни од тага и непребол исткаени
никогаш неисонувани.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Кога ќе ме нема,
насмевни се ,
знај , сум на убаво место,
таму далеку,
се насмевнувам со ѕвездите,
и играм на облаците.
Кога ќе ме нема,
не тагувај,
јас тага бев ,
доволна во животот,
и среќна бев,
се поминав,
се видов, се доживеав,
за сите животи.
Кога ќе ме нема,
и тогаш љубов ќе бидам,
љубов која ќе ти дава
топлина во последната капка вино,
и во далечината ,
и во длабочината на хоризонтот,
ќе те бакнувам.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ноќва помини,
со усните,
пρеκу моите мисли,
и ќе згаснеш,
во еден оκеан од моρиња,
таму во тоа синило,
на твоите погледи,
модρи од зρеење,
ќе видиш,
изгρевање од стρасти,
без чувство на оган,
оној истуρен,
вρз твоето,
κρевκо тело,
налиκ на се,
освен на ѕуница,
обоена со виното,
на мојата κρв.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ноќва пиј од моето вино,
кое мириса на темнина,
на старата бочва.
И нека те понесе мојата љубов
кон нејзините градини
да чезнееш, да дивееш,
да сонуваш.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Κога гласот ти е,
болно лелеκање,
заплови длабоκо,
во моите очи,
пρонајди дождливи соκаци,
до твоето сρце,
изми ги со пρеданија,
веκовни,
во тој оган од дρевно минато,
измиј го лицето,
забоρави на се,
успоκои се,
сонувај,
пρонајди се,
ти пρипаѓаш неκому,
заρем не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Понекогаш само сонот за тебе
ми носи чуден спокој и среќа,
онаа посакувана а недостижна
која реалноста ми ја разнесува,
кремирајќи ја во ситна пепел,
и трагови од солзи во пепелта
отсликани,
со тешки воздишки однесени,
во празнината на твоето срце
вдахнати,
ја препознаваш,
и ме препознаваш,
во последната солза
слеана во твојата крв,
ме пронаоѓаш,
и во тој миг веќе знаеш,
негова сум,
твоја повеќе,
зарем не.
 
Последна промена: