Лица со посебни потреби

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Лица со посебни потреби се лица на кои им е потребна помош заради некоја попреченост од физиолошка, ментална или психолошка природа. Терминот посебни потреби може да означува многу разни состојби: од мали потешкотии во учењето, изразени интелектуални потешкотии, психијатриски нарушувања, хронични болести итн.

Она за што сакам да разговараме на темава, е како вие ги доживувате лицата со посебни потреби.
Како реагирате кога ќе видите некое лице во инвалидска количка, или пак кога ќе видите некој со психијатриски нарушувања.
Дали се плашите од нив,ги сожалувате или пак ги презирате и ги нарекувате со погрдни зборови? (пр.ретардирани)
Дали мислите дека доволно се заштитени од страна на државата?
Дали сте запознаени кои права ги имаат овие лица?
Дали добиваат некаков месечен додаток од државата и што мислите дали им е доволен за да ги покријат трошоците? (доколку имате некој близок)
За нив постојат посебни училишта,дневни центри,но дали можат и колкави се шансите тие лица да се вработат некаде?
Пребарав на интернет гледам дека од ОНЕ и од Т-home имаат некакви поволности односно претплати со 50% попуст. Што мислите какви други привилегии би требале да имаат?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не сум запознаен со правата што ги имаат во државава, затоа што никогаш активно не сум се заангажирал да дознам нешто повеќе.
Само знам дека светот кој го живеат тие луѓе со посебни потреби е многу различен од оној што го живееме сите ние.
Познавам девојка, сега веќе жена во средовечни години, кога јас имав 10-15 години, направи сообраќајка, а беше медицинска сестра, и остана во количка, работата ја изгуби, се затвори дома, веридбата ја раскина, и ден денес живее со родителите, татко и’ некогаш ќе ја изнесе надвор во дворот да види бел ден - и толку од нејзиниот живот.
Но, исто така имам слушано - не сум запознал никој во животов, дека има луѓе што и покрај таквите недостатоци, мана во говор, слух, што и да е, не дозволуваат тоа да ги победи, се борат и сакаат нормален живот. Само незнам колку Македонија тоа им го овозможува.
Исто знам дека од пред некоја година се донесе закон, дека оние со блага аномалија не смеат да не одат во нормално училиште. Познавам девојче што едвај може да зборува, а денес е во гимназија исмејувана од сите свои соученици. Незнам колку размислувале оние што го донесле тој закон, ама знам дека создаваат убаво „поле“ децата со такви потреби секој ден да бидат исмејувани и истите тие деца, покрај што треба да се справуваат со својата мака, мораат и да ги трпат зборовите од невоспитаните малечки дечиња.
Да, сметам дека секој оној што има „кураж“ да исмејува таков човек, и секој оној што се гади од таков човек, прво нема домашно воспитување, и не успеал да сфати во каков свет живееме, дека не може сите да бидиме исти.
Не можам да се пофалам со некое големо искуство во комуницирање со такви личности, но од она скромното што го имам, можам со сигурност да кажам дека меѓу таквите, со хендикеп има многу интелегенти личности, а оние со ретардација и со голема волја за живот, знаат да те научат кон што треба да ги насочиш своите чекори - кон себе изградување.
 
Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Лицатата со посебни потреби се поинтелегентни од нормалните луѓе, а и се по човечни. Брзо ја прифаќаат вистината и ги потиккнува да се борат во животот. И незнам зошто ги гледате како пречка меѓу вас бидејќи и тие се луѓе без оглед дали им фали нешто. Не се лицемерни, но секогаш имаат надеж во себе, не се откажуваат што е нивно главно мото во успешниот бизинис. И незнам зошто се отвара ваква тема и зошто секогаш мора да бидат мета на озборувањето. Тие не сакале да бидат лица со посебни потреби, така сакал тој што е над нив и над сите нас.
 
Оваа тема и не е толку лоша, дури и воведот, зачудувачки добро е среден, без навреди. Лоша е една друга на форум каде што разговараат сегашни и идни мајки. Па фраерките разговараат на тема „Дали би родиле дете со хендикеп?“
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Лицатата со посебни потреби се поинтелегентни од нормалните луѓе, а и се по човечни. Брзо ја прифаќаат вистината и ги потиккнува да се борат во животот. И незнам зошто ги гледате како пречка меѓу вас бидејќи и тие се луѓе без оглед дали им фали нешто. Не се лицемерни, но секогаш имаат надеж во себе, не се откажуваат што е нивно главно мото во успешниот бизинис. И незнам зошто се отвара ваква тема и зошто секогаш мора да бидат мета на озборувањето. Тие не сакале да бидат лица со посебни потреби, така сакал тој што е над нив и над сите нас.

Темата и те како е одлична. Свеста на граѓаните е на многу ниско ниво. Пред се треба да се размисли дека темата е отворена за луѓето повеќе да се информираат или едуцираат, не видов никаде озборување. Ако има некои личности кои се најемоционално развиени, тоа се тие. Не се плашам туку им се восхитувам на целата борба што ја водат во животот, а воедно и ми става на знаење со колку небитни ситници се замараме во животот. Горе - долу запознаена сум со нивните права, штета што голем дел од нив не се. А и да се, џабе кога никој не им нуди помош. Пред некој месец на апелација одбија многу олеснувања за сите нив за додатоци и примања. Жално но вистинито. Не се доволно заштитени од државата, уште се табу проблем за сите. Голем дел од овие луѓе можат да се вработат. Но на огромна жалост од масата се таргетирани како неспособни. Начини да се помогне? - Многу. Олеснувања на административни давачки, даноци, олеснувања во здравството како на пример бесплатни снимања, контроли и слично. Бесплатен превоз, субвенции за поттикнување на креативна работа. Како што кажав идеи многу - луѓе кои ги интригираат - малку. Проблемот не е во нив туку во луѓето што не ги прифаќаат. Едукацијата е клучна и потребна не кај тие со хендикеп туку кај тие што го немаат.
 
Sutrak

Нов член
17 февруари 2013
8
2
3
Лица со посебни потреби се лица на кои им е потребна помош заради некоја попреченост од физиолошка, ментална или психолошка природа. Терминот посебни потреби може да означува многу разни состојби: од мали потешкотии во учењето, изразени интелектуални потешкотии, психијатриски нарушувања, хронични болести итн.

Она за што сакам да разговараме на темава, е како вие ги доживувате лицата со посебни потреби.
Како реагирате кога ќе видите некое лице во инвалидска количка, или пак кога ќе видите некој со психијатриски нарушувања.
Дали се плашите од нив,ги сожалувате или пак ги презирате и ги нарекувате со погрдни зборови? (пр.ретардирани)
Дали мислите дека доволно се заштитени од страна на државата?
Дали сте запознаени кои права ги имаат овие лица?
Дали добиваат некаков месечен додаток од државата и што мислите дали им е доволен за да ги покријат трошоците? (доколку имате некој близок)
За нив постојат посебни училишта,дневни центри,но дали можат и колкави се шансите тие лица да се вработат некаде?
Пребарав на интернет гледам дека од ОНЕ и од Т-home имаат некакви поволности односно претплати со 50% попуст. Што мислите какви други привилегии би требале да имаат?
Мислам дека кај нас сеуште луѓето имаат проблем со нивното прифаќање(посебно тие со ментален хендикеп).Мислам дека во последниве години има некој напор да се намалат стереотипите околу нив,дури и да се запишат во високо образовни институции. Знам дека државата на семејствата кои ќе згрижат деца со оштетен вид им дава некој месечен надомест но за жал тој е злоупотребуван и на ова повеќето од нив гледаат како извор на финансиски сретства. За лицата во инвалитски колички кај нас кога такви ќе поминат народов врат ќе си шине за да ги испоѕвери што е можно поише додека на запад децата уште од мали ги учат на прифаќање и помагање на нив,плус,на запад задолжителни се рампите за нивните колицки а кај нас има нешто што е направемо колку за да се рече дека има(пример врз скалите ќе се истури бетон со што ке се направи стрмна угорнина од која количката ќе се преврти,отколку да се направи плански и адекватно). Нешто што најмногу ме потресе беше кога видов како родителите ги оставаат своите деца поради тоа што се родиле со Даунов синдром,со образложение дека тие сакаат здрави деца и немаат можност да се грижат за нив а всушност најмногу им е страв од тоа дека околината ќе ги гледа чудно... Мислам дека треба да се едуцира народот за нив,преку хуманитарни акции,медиумска пропаганда,образованието,некои работилници со нив(Црвениот Крст има такви проекти веќе неколку години)со што ке се скршат предрасудите...
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Лицата со посебни потреби.... скоро и немаат никаков живот и никакви бенефиции од страна на државата.Ништо посебно не уживаат, ниту финансиски или било која друга форма.

Дете со дијагностициран аутизам, по веќе неколку грешки односно лоша проценка најпосле му беше дијагностицирано дека е аутистичен од среден вид (значи има лесен,среден и тежок). Впрочем од овој средниов не знам каков е тој теШкиот.Затоа што не знае кога треба да оди во WC, ни да зборува па ниту знае за себе си што се случува и во околината. Нон стоп треба да има човек до него за да го чува затоа што прави бељи низ куќа, а државата му дава месечно само една нега и бесплатни ниско квалитетни памперси.
Од она што сум едуциран и нема некој лек каде што би ја снемало оваа болест, има само терапија којашто е скапа и не е во можност државата да му ја пружи истата.А за во друга држава тоа би коштало многу, а семејството не може да му го пружи тоа.Што значи дека целосното време го поминува со семејството се додека не порасне и изгубиме контрола односно да не може да се запре доколку врши некоја активност, па кога ќе дојде тоа време... тешко ми е да го кажам... ќе мора да се однесе во институција за душевни болести. Тоа е таа иднина на таквите луѓе во Македонија, за жал.

Ова Ви го кажувам затоа што лично јас го имам искусено и сеуште трае. Брат ми има аутизам.
 
Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Можеби не сте запознаени по што не сакате ни да бидите.
Друго како што кажувате дека некои
луѓе би искршиле врат за да ги видат чисто сумњам
дека и вие не би го направиле истото. Се прават организации,
манифестации и секакви работи за тие деца,дали сте ги посетиле.?!
Или,повеќе ќе појдите на журка со алкохол и добри пичици,и типови
ама барем убаво ќе ис:cenzuraте. И какви се тие посебни потреби?
Сите луѓе имаат посебни потреби,зарем не?
Нели и ние имаме посебна потреба за да имаме сопствен авион на пример,
или вила на море?...

Затоа престанете да пијате кафе секој ден,и да
и се восхитувате на туѓата храброст а вашата да ја потиснувате во талогот.

едуцирајте се малку........

http://www.fakulteti.mk/news/13-09-...kata_koja_e_smestena_vo_zzr_banja_bansko.aspx
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Обично во прв ред сум кога треба да се зборува за некултурата која ја имаме кон овие лица, ама најдов и светло нешто, на моја голема радост.
Мене ме нервира оној сожалувачки поглед. Ајде, океј е некое сочувство кон оние што ради сообраќајка или Х причина, сега спаѓаат во лица со посебни потреби, ама, мајке ти твоја, не му се обраќај ко да не те разбира, во количка е, не е со ментално нарушување.
Или па детево со Даунов не избрало да е такво, ама што да правиме со оној што избрал да е глуп и да го исмева? Него треба да го жалиме.
Посебно ми се одвратни овие од 20+ што се понашаат ко крелиња неорани. (envy)

Е, назад на светлата точка, денеска ми се падна да работам со детенце кое најверојатно имаше аутизам или во најмала рака потежок случај на ADHD, не се осмелив да се распрашам повеќе. Тешко е да му се одржи внимание, станува на час и оди по други масички, ваѓа боички од креденец и ги расфрла, речиси воопшто не учевствува во активности, но кога учевствува - знае и е вмешано во „обична“ паралелка.
Она што сакав да пофалам, е како наставничката на многу убав начин му укажуваше на што да внимава, без притоа да се добие некој впечаток дека го прекорува или дека само нему посебно му укажува, а ниту едно од другиве деца не изреагира неубаво на тоа негово однесување.
Напротив, дечињата беа толку толерантни кон тоа пречење т.е. земање и фрлање книги и боички, што сакав да ги изедам.

Колку што не сакам сожалување до паѓање во несвест, така не ги сакам и оние што се однесуваат ко ништо да не е, демек да не се осети оддвоено.
Значи има посебни потреби - факт, факт е и дека ти, ко негувател, мораш да излезеш во пресрет на истите и да го извлечеш најдоброто што можеш, единствено начинот не мора да биде толку очигледен, да не речам прост - „уметност“ која преретко кој ја има совладано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Outrider

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Лицата со посебни потреби се мегу нас и треба да се прифатат како дел од нас.
Имам искуство со дете на моја пријателка кое има 17 год и е со Даунов синдром. Кога ке појдам кај неа на гости , иако ретко ,тој ме памети и секогаш ми поставува прашања на кои јас се замислувам како ке ги одговорам и никогаш не сум си ги поставила себе си.
На пример зошто секогаш кога одам кај нив на гости носам зелена боја? Дали зелената боја ја сакам или доагам од природа?
Ми беше страв од лифт , еднаш спомнав, но тој запамтил и следниот пат се понуди да ми прави друштво за да не се плашам...Многу интресно и мило дете.
На нив им треба многу внимание, трпение и љубов во секојдневната комуникација.