Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Nekoe

Нов член
25 септември 2014
12
14
3
35
Да, чудна е таа карма.
Кога умираш да го видиш, и кога “случајно“ поминуваш по неговата улица, во време кога би можеле онака сосем “случајно“ да се сретнете,никогаш неможеш да налеташ на тие очи.
Кога по долго време креваш раце, вееш бело знаменце и си се смируваш самата со себе дека и не ти треба да го сретнеш,нели ништо нема да смени тоа затоа што вие сте тотални странци еден за друг.
ОПА ете го пред очи!
Оди од спротивната страна на улицата и треба да се разминеме, неможам да наведнам глава затоа што никој не згреши, неможам да свртам поглед затоа што би значело лути сме(а не сме), неможам да го прегрнам опасно е за срцево.
Не траеше ни 1 секунда кимнувањето на глава, бледа насмевка и едно ништовно “здраво“. Очите ни кажаа многу нешта, тие се прегрнаа, кажаа дека си фалат и си посакаа среќни родендени, среќни бракови, крштевки...споделија се` во таа нецела секунда.
Толку многу ти посакувам а неможам да ти кажам.
Ми фалиш како пријател, како човек пред кого сум таква каква што ми е најлесно да бидам. Ми фали слободата да ти посакам убав ден, недела, месец.
Мислев дека го одбравме полесниот пат...
Сега се прашувам зар имало и потежок?
Неколку пати го прочитав пишаново... this was that good... (wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mystique

Nekoe

Нов член
25 септември 2014
12
14
3
35
Па можеби и сум осетил нешто слично... затоа го диживеав ко што го доживеав... ;)
 

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
34
58
1,018
Ми ги парализираш мислите! Ми ја парализираш секоја можна клетка за свесно расудување. Толку многу, што се ова веќе почнува да ме плаши.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Tantara

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Вино во κρвта нижи бесκρај од нас во κој сонуваме вечно, иаκо те нема и ме нема во една вистина толκу неважна, а толκу посаκувана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Нашата вистина чини еден бескрај од нас, во кој ме има и те има,и ништо не е поважно од тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Ќе се изгубам во реката на чувствата
да го пронајдам она неискажано збогум што си го должевме,
ќе се борам со чудовиштата што бесно душава ја гризат
и се обидуваат да го запрат часовникот што во мисливе зуи.
Ќе пливам под површината,
борејќи се со мојот немоќ и твојата рамнодушност
кои танцуваат под светлиот песок,
ќе те пронајдам тебе,
твојот призрак кој насмевка ми нуди
а ќе гушам во солзи...
И ќе ми текне дека ми нудиш насмевка со твојата совршеност
а се заљубувам кога ги откривам твоите маани,
те сакам додека Сонцето изгрева
и месечината заоѓа,
дека љубовта не е ниту проклетство, ниту дар,
само ти, болкава и среќава кои истовремено ве чувам во сништата...
 

shadow

Староседелец
12 декември 2013
21
36
1,013
Сакам да ти кажам...Се извинувам што ке го пореметам редоследот на овие љубовни молитви....но знам дека личноста што сакам да го прочита ова ке го прочита само овде. Исто така се извинувам за вулгарностите кои следат. До личноста: Курвицо мила, неќев да направам скандал, кога ја видов сестрати како ми ја греби колата, можеби требаше да повикам полиција, ама ајде реков Нека е...до кога планирате да ме малтретирате? Како можи некој човек да биди толку прост и селанец, па да земи со клучевите да чкрта на вратата. Селани едни, селото од вас никогаш нема да излези. Овој пат ке помини така. На наредната гребаница, ако ја има, вашата кола ке изгори цела. Ви благодарам на разбирањето и оставете ме да живеам и вратете од каде што дојдовте, на село.


Се иритирам кога ќе прочитам вакви недоделкани размислувања и се прашувам што те прави тебе попаметен и покултурен од тие што ти нанесуваат штета ? Навредувајќи луѓе што живеат во село? Навредувајќи ги нив по форуми? Баш сте на исто интелектуално ниво... Жал ми е што сеуште постојат млади луѓе со вакви плитки размислувања, жално.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Се чудиш на мојата изговорена вистина. Се чудам на мојата рамнодушност и јачина. Појака од камен, поладна од земја, а сеуште човек.
Ако постои апсурд , јас сигурно го живеам. И секогаш со бистра мисла и нем поглед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon