Луѓе од Њујорк (Humans of New York)

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Brandon Stanton е фотограф кој започнува еден амбициозен проект во летото 2010 кој денес прерасна во легендарна приказна пратена од страна на 10 милиони луѓе на фејсбук. Тој сакајќи да го фати и пренесе духот на градот Њујорк фотографира рендом луѓе, прави мало интервју со нив и со реченица-две покрај фотографијата раскажува приказна во врска со луѓето кои ги фотографира.

Отткако ја имам like-нато страната на фејсбук, прочитав и сочувствував со многу фотографии и луѓе. Со некои сочувствував со тага, со некои со радост, со некои со хумор. Од денес можеме да споделуваме фотографии и приказни од HONY, а јас ќе започнам со неколку од последниве 2-3 дена.

1.jpg

"Ова е мојата соседка. Таа говори само мандарински јазик, па затоа никогаш не сме направиле разговор. Но, таа ми носи бонбони секој ден веќе 20 години".

2.jpg

"Кое е твоето најхеројско дело?
Она кога ги мијам садовите без некој да ме замоли".

3.jpg

"Што е тоа што прави да се чувствувате највиновни во животот?
Посетата во Ирак и убивањето на луѓе".

4.jpg

"Зошто се тие цвеќиња?
Се разбудивме денес во 5 часот наутро. Сакаме да кажеме 'извини'".

5.jpg

"Која е најголемата супермоќ на вашиот син?
Неговото срце.
Која е најголемата супермоќ на вашиот татко?
Тој може да лета".

6.jpg

"Таа ја доби наградата за Најљубезен студент на месецот".

8.jpg

"Бев на насловната страница на едно списание. Дали сакате да видите?
Апсолутно!".

7.jpg

"Исполнет сум со каење и имам ниска самодоверба. Секој пат кога ќе започнам да работам нешто, се повлекувам и се откажувам. Не бев лидер кога бев млад, и се предадов на лошите работи во животот. Со тек на време започнав да користам дрога, и завршив во затвор.
Како заврши се?
Една вечер бев ограбен и дознав кој го ми го стори тоа, па затоа се решив да му вратам на типот. Не размислував во тие моменти. Бев пренадрогиран, ги слушавме Metallica, дувавме PCP и сите мои пријатели ми се дереа да превземам нешто. Па затоа, го најдовме типот и го пресеков со скалпер, а потоа го удрив со шипката од воланот. Отидов дома и и реков на мајка ми ако дојде полиција и ме бара, да им каже дека бев дома цела вечер. Потоа заминав на Ditmars Boulevard, и отткако повозев малку, полициски коли ме опколија од сите страни".

9.jpg

"Имам напишано толку многу приказни и новели што никој никогаш нема ни да ги погледне, претстави кои никогаш нема да бидат продуцирани, сценарија кои никогаш нема да бидат снимени. Се е толку етикирано овие денови во светот на уметноста, толку е тешко за аутсајдер да најде работа.
Дали тоа е причината зошто себе си се сметаш за аутсајдер?
Заинтересиран сум за неуспехот, па поради тоа тие се темите кои сакам да ги истражувам. Но ние живееме во општество кое го прославува триумфализмот. Општеството сака уметност која се потврдува себе си. Сакаме да читаме за ликови кои победуваат.
Кој е твојот најнизок момент како уметник?
Работев на сценарио 2 години и туку што беше одбиено од страна на 5ти театар месецот, и се сеќавам дека чекорејќи по 5th avanue на сред зима, започнав да ги фрлам страниците, една по една, заколнувајќи се дека никогаш нема повторно да го сторам истото. Всушност, тоа го сторив на неколку блокови од тука".

10.jpg

"Што е тоа за кое се чувствувате највиновни во животот?
За човекот кој го убив пред 2 години.
Што се случи?
Тој побара да ме фотографира."
 
Последна промена:

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
1.jpg

"Спиев во дневната соба и на сред вечер тие ја срушија влезната врата и влегоа внатре. Јас имав само 10 години, но бев голем за дете на таа возраст, па цајканот ме собори на подот, ми стави лисици и ме присили да останам доле ставајќи го неговото колено на мојот грб. Тие се дереа: 'Остани доле! Остани доле! Остани доле!'. Потоа тие го довлечкаа татко ми од неговата соба, и му ставија лисици, и го седнаа доле до мене до ѕидот. Јас го прашав што се случило, а тој само рече: 'Не знам'. Тоа беше последниот пат кога го видов."

2.jpg

"Еден ден возев на Park Avenue и еден тип ми мавташе, па затоа застанав и го прашав каде сака да иде. Тој ми рече на 74-та улица и јас му реков дека тоа е предалеку за мене, бидејќи мојата смена туку што заврши, па на тоа тој само одговори 'Фала ти сепак' и си замина. Но потоа продолжив да размислувам и ми падна жал за типот затоа што еј - имам совест. Па затоа му довикав да се врати во таксито. И така тој влезе во колата целиот возбуден и започна да збори за разни работи. Но тој носеше капче на главата и му беше поднаведнато над очите, така што не можев да му го видам лицето. Но многу набрзо започнав да му го препознавам гласот. И кога застанавме на црвено, се свртев кон него, го погледнав и се развикав: 'ВИИИЛСОООООН!!'. И тоа навистина го погоди. Тој започна да се смее на целиот глас. Забележа дека носам капче со знакот на Ферари, и исто така и маичка со знакот на Ферари, па затоа почна да ме вика 'Господин Ферари'. За време на целото возење ме викаше 'Господин Ферари'. Па кога пристигнавме на неговата дестинација, набрзинка се сликнавме и тој замина на својот пат. И помислив дека тоа беше тоа. Но тоа не беше тоа, туку потоа се случи наредното. Во наредните неколку недели, започнав сосема случајно да возам муштерии кои го познаваа. И секој пат им велев: 'Кажете му на г. Хенкс дека г. Ферари рече 'здраво''. Секој пат им го кажував тоа. Еден ден се возев наоколу и добив порака од еден човек кој го возев на која пишуваше: 'Господин Хенкс сака да ве покани да ја погледнете неговата Бродвеј претстава'. Ја однесов мојата девојка на претставата и бевме заедно и во бекстејџот на театарот, и после претставата го чекавме во соблекувалната каде што тој влезе и започна да вика: 'Господин Ферари!'. Можете ли да поверувате во оваа приказна? И сакате да знаете што е најлудата работа? Насловот на неговата претстава беше 'Среќен Тип'. Колку лудо е тоа? Затоа што тоа бев јас. Среќен тип!"

3.jpg

"Се сеќавам една вечер се вративме дома и сите наши работи беа на тротоарот и влезната врата беше заклучена. Мајка ми започна да плаче и не однесе нагоре по скалилата за пожар и сите се гушнавме заедно и преспавме на покривот."

4.jpg

"Постојано се покриваат една со друга. Ова утро ги најдов седнати во кујната и насекаде имаше расфрлено обвивки од Reynolds Wrap. Едната изгледаше екстремно виновна, а другата рече дека не видела ништо."

5.jpg

"Дали се сеќаваш на твојот најсреќен момент во животот?
Понеделници. 4 саат. Тогаш го емитуваа Супермен. Канал 4."
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
1.jpg

"Пријателите треба да бидат пријатели заедно, и да си играат заедно, и да не дозволат другиот пријател да биде осамен. Тие треба да си играат игра заедно, и да се забавуваат заедно, и да не дозволат да удираат и тепаат други луѓе. Тие исто така треба да гледаат филмови со самовили и да играат во паркот."

2.jpg

"Пред да им се придружам на Маринците, учествував во средношколските мјузикли и пеев doo wop во метрото - беше Boyz II Men ера, па тоа беше во мода. Кога се вратив дома од Ирак пред околу 10 години, бев навистина депримиран и речиси бездомник. Бев преплашен да излезам надвор и да се социјализирам со луѓе, па ја запознав мојата сопруга на match dot com. Почнав да ја посетувам Полициската Академија и станав полицаец, но секогаш се присетував колку сакам да глумам и се прашував што би било кога би започнал да целам кон тој живот. Затоа во моето слободно време, се трудев да станам глумец. Сум бил на стотици аудиции во последните 8 години. Глумев малку на Бродвеј. Малку off off Broadway. Добивав многу 'Under Five' улоги - така ги викаат улогите кои имаат помалку од 5 реченици. Но, неодамна бев на аудиција за улогата на Детектив Алварез за серијата Gotham. Бев во Пуерто Рико, го прославував мојот 39 роденден, кога добив повик од мојот менаџер. Таа рече: 'Подобро да седнеш'. Јас ја прашав: 'Што се случува?'. Таа ми рече: 'Дали си подготвен за ова, детектив Алварез?'. Јас реков: 'Што збориш?', а таа рече: 'ТИ СИ ДЕТЕКТИВ FUCKING АЛВАРЕЗ'. Почнав да плачам и да ги гушкам децата и да и се заблагодарувам на жена ми зошто никогаш не се откажа од мене. Со оваа улога, можеби нема да морам да бидам полицаец уште долго време."

3.jpg

"Тој сака да биде лидер, па затоа научив да водам потивко."

4.jpg

"Бев загрижен дека разводот ќе го уништи мојот однос со моите деца, но на крајот испадна дека тој всушност го подобри. Пред разводот бев татко кој работи. Работата секогаш беше приоритет. Знаев дека ако морав да прескокнам натпревар во фудбал за состанок на работа, мојата сопруга ќе може да ги однесе децата на натпреварот. После разводот, можев да ги гледам децата само секој втор втоник навечер, секој втор понеделник и секој втор викенд. Целосно ми го промени размислувањето - од татко работник се претворив во родител. Ако имав обврска поврзана со работата за време на моето време со децата, морав да ја променам. Не можев да ги поминувам утрата за време на викендот во салата за вежбање повеќе, затоа што тоа ќе ми одземеше дел од времето. Започнав да готвам вечера за да можеме да вечераме сите заедно. Временските ограничувања кои разводот ми ги постави ме натера комплетно да си ги преиспитам моите приотитети."

5.jpg 6.jpg 7.jpg 8.jpg 9.jpg

На Halloween.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
1.jpg

"Имам сопруга, 6 месечна ќерка, 5 акри фарма надвор од малечок град во Вермонт со најдобрите 3000 луѓе на светот. Мојот живот е апсолутно (fucking) перфектен."

2.jpg

"Имав 4 ресторани, убава фамилија и прекрасна жена. Бев здрав, богат, и успешен. Но бев несреќен. Мојот успех ми наликуваше на илузија, и бев толку уплашен дека ќе изчезне, поради што започнав да добивам напади на паника. Сакав да почнам да посетувам психијатар, но мојот пријател ме убеди да се испробам во Будизмот. Тоа беше пред 5 години. Сега пеам (chant? ајде будисти, кажете го правиот збор на македонски) саат и половина час секое утро. Многу од работите од кои се плашев се случија. Ме вмешаа во некои тужби, морав да ги продадам моите викендици, изгубив еден од моите ресторани. Но работата е дека - сега сум посреќен оттколку што бев кога бев поуспешен."

3.jpg

"Се пензионирав пред шест месеци. Се преселив од 5 акри во Тексас, во мал апартман во Харлем, и едноставно ми се допаѓа. Моќам да правам се што ќе посакам, по цели денови. Ова утро го истражував The Garment District. Сега ќе идам дома за да јадам пилешко и вафли со мојот сосед. Вечер најверојатно ќе дувам малку марихуана."
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker