Како донесувате одлуки?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Самиот наслов си кажува се.
Ако има слична тема нека спојуваат модераторите.

Секојдневно се наоѓаме во ситуација да донесуваме одлуки кои понатаму влијаат на нашиот живот.
Колку една одлука може да ве поколеба?
Некој потешко, некој полесно донесува одлуки.
Има луѓе кој секојдневно се приморани да донесуваат одлуки кои што ќе влијаат на други (на пример на работно место).
Дали лесно донесувате одлуки или пак ви е потребно време?

Мене лично на работа ми се случувало да морам да донесам одлука во моментот и сум немала време да размислам дали е исправна или не.
Одлука која што подоцна можела да се одрази на моето работење и на работењето на другите.
Сум се водела по инстинкт.
Фала богу досега не ми се одразила негативно, ама пак никогаш не се знае.
Затоа секогаш сум стоела позади тоа што ќе го направам или кажам.

Колку вие сте сигурни во вашите одлуки?
Дали ги зимате во обзир надворешните влијанија?

Не сум колеблив воопшто.Колку и да го изедам за тоа што сум донел погрешна одлука, повторно брзо донесувам одлуки.Едноставно, немам многу време за да размислувам за секоја моја одлука.Да траеше еден час 120 минути можеби би имал.Но со вакво брзо темпо на живот горе долу задоволен сум со тие одлуки што сум ги донел.

Најповеќе како и што самата спомна за работно место носам нај најбрзи одлуки.Лошата страна во тие мои брзи одлуки е што сум тврдоглав и што не ни се трудам да сослушам друго мислење, камоли друго решение на проблемот/ситуацијата.
Инстинктот многу пати ме излажал и скапо сум го плаќал.Имало и прилично многу одлуки кои се одразиле негативно и ме чинеле многу.
Исто и јас.Секогаш сум стоел позади тоа што ќе го направам/одлучам па макар и било погрешно :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Да имав magic 8 ball само така ќе донесував одлуки. За ако нешто не испадне како што треба да имам што да обвинам :zelen
Ама пошто немам, донесувам одлуки како што ми одговара во мометот и после се каам најчесто ама тоа нема да се смени во догледно време :D
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Моментално сум во ситуација каде морам да донесувам животни одлуки. А најмногу од се мразам да одлучувам. Некако не сакам да пораснам и превзимам огромни одговорности. Ќе збудалам мислејки деновиве. Многу ми е тешко во вакви периоди. Расположението ми е на нула. И незнам како да си помогнам. Згора на тоа премногу сум променлива. Само во областа љубов сум цврсто одлучна. Место на живеење и школување менувам планови од саат на саат. Уфффф(facepalm)(:|
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Првин анализирам. После повторно анализирам и после тоа пак анализирам. Се обидувам да ги најдам сите можни сценарија од сите мои можни одлуки и се обидувам да го најдам најнеболното сценарио за мене. Очекувањата ги сведувам на минимум затоа што одамна научив дека очекувањата се самозалажување.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Обично пред да донесам некоја одлука си викам "Еден живот имам ако сега не згрешам кога ќе згрешам" или па си викам "Јебига ќе помине ако не тоа е". И никогаш не размислувам за некоја одлука подолго од 5 минути т.е тек почнувам да размислувам за одлуката од кога ќе ја донесам па се премислувам, па ми текнува како поинаку би можело да биде, па 300 други работи али џабе.