- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,018
- 1,683
Brandon Stanton е фотограф кој започнува еден амбициозен проект во летото 2010 кој денес прерасна во легендарна приказна пратена од страна на 10 милиони луѓе на фејсбук. Тој сакајќи да го фати и пренесе духот на градот Њујорк фотографира рендом луѓе, прави мало интервју со нив и со реченица-две покрај фотографијата раскажува приказна во врска со луѓето кои ги фотографира.
Отткако ја имам like-нато страната на фејсбук, прочитав и сочувствував со многу фотографии и луѓе. Со некои сочувствував со тага, со некои со радост, со некои со хумор. Од денес можеме да споделуваме фотографии и приказни од HONY, а јас ќе започнам со неколку од последниве 2-3 дена.
"Ова е мојата соседка. Таа говори само мандарински јазик, па затоа никогаш не сме направиле разговор. Но, таа ми носи бонбони секој ден веќе 20 години".
"Кое е твоето најхеројско дело?
Она кога ги мијам садовите без некој да ме замоли".
"Што е тоа што прави да се чувствувате највиновни во животот?
Посетата во Ирак и убивањето на луѓе".
"Зошто се тие цвеќиња?
Се разбудивме денес во 5 часот наутро. Сакаме да кажеме 'извини'".
"Која е најголемата супермоќ на вашиот син?
Неговото срце.
Која е најголемата супермоќ на вашиот татко?
Тој може да лета".
"Таа ја доби наградата за Најљубезен студент на месецот".
"Бев на насловната страница на едно списание. Дали сакате да видите?
Апсолутно!".
"Исполнет сум со каење и имам ниска самодоверба. Секој пат кога ќе започнам да работам нешто, се повлекувам и се откажувам. Не бев лидер кога бев млад, и се предадов на лошите работи во животот. Со тек на време започнав да користам дрога, и завршив во затвор.
Како заврши се?
Една вечер бев ограбен и дознав кој го ми го стори тоа, па затоа се решив да му вратам на типот. Не размислував во тие моменти. Бев пренадрогиран, ги слушавме Metallica, дувавме PCP и сите мои пријатели ми се дереа да превземам нешто. Па затоа, го најдовме типот и го пресеков со скалпер, а потоа го удрив со шипката од воланот. Отидов дома и и реков на мајка ми ако дојде полиција и ме бара, да им каже дека бев дома цела вечер. Потоа заминав на Ditmars Boulevard, и отткако повозев малку, полициски коли ме опколија од сите страни".
"Имам напишано толку многу приказни и новели што никој никогаш нема ни да ги погледне, претстави кои никогаш нема да бидат продуцирани, сценарија кои никогаш нема да бидат снимени. Се е толку етикирано овие денови во светот на уметноста, толку е тешко за аутсајдер да најде работа.
Дали тоа е причината зошто себе си се сметаш за аутсајдер?
Заинтересиран сум за неуспехот, па поради тоа тие се темите кои сакам да ги истражувам. Но ние живееме во општество кое го прославува триумфализмот. Општеството сака уметност која се потврдува себе си. Сакаме да читаме за ликови кои победуваат.
Кој е твојот најнизок момент како уметник?
Работев на сценарио 2 години и туку што беше одбиено од страна на 5ти театар месецот, и се сеќавам дека чекорејќи по 5th avanue на сред зима, започнав да ги фрлам страниците, една по една, заколнувајќи се дека никогаш нема повторно да го сторам истото. Всушност, тоа го сторив на неколку блокови од тука".
"Што е тоа за кое се чувствувате највиновни во животот?
За човекот кој го убив пред 2 години.
Што се случи?
Тој побара да ме фотографира."

Последна промена: