Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
А што кога душава боли?
Будна ноќ, сенки и ветришта, а мене само спомени ми тежат на плеќи. Си размислувам, ми недостига едно минато време на среќа, време на украден бакнеж на автобуска, во сред сивило на товарени ташни и скршен чадор. Бевме деца.
Потаму не' гледам пак нас, личности оформени, немавме многу, ма да не се залажувам немавме ништо, но се боревме со сите сили, со сите мускули, со сите впрегнати неврони.
Созреавме, пораснавме. Те љубев со цела душа, те љубев... Јас сум сигурна дека и ти го чувствуваше тоа. Го обожавав, лажам, се уште го обожавам начинот на кој ми ја држиш раката, начинот на кој ме гледаш и ми зборуваш.
Некаде околу 5 почна да ме убива иднината, плановите за неа. Мислев дека сме стабилни, ние можеме. И тука ја изгубив способноста за размислување, не разбирајќи како за неполн час ТИ уништи се што градвме со години.
Половина час подоцна сум надвор, стуткана на студот, со голи стапала навлечени во големите влечки. Тоа сивило и студенило како да ме разбра мене, ме натера да разберам побрзо дека сум сама, ти ме остави да ми пропаѓа душата, тие очи што кажуваше дека ги сакаш, да бидат полузатворени.
Не ни замислував дека вака боли, не ни замислував дека оваа болка јас можам да ја издржам.
Но ти, слушај љубов, јас можам.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Понекогаш и тишината тивко ми шепоти со твојот глас а тогаш јас само замолчувам и слушам..
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Колку што пред да се појавиш се молев да љубам само уште еднаш во животот за да оживеам, сега се молам да умрам за последен пат. И Господ го збунувам со моите молитви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Leiii

Nekoe

Нов член
25 септември 2014
12
14
3
35
Штета што на никоја ништо не би и кажал во моментов. Освен можеби на некоја згодна, дека сакам да и го натегнам, онака културно кажано, без да ми замери... :svirka
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Те слушав во полутемната соба,замаглена со чад од цигари..
Молчев.
И слушав.

.....................

...Стоеше како ангел пред мене.
Облечена во црвена сукња и црни чизми во оние убави сончеви октомвриски денови..
Те гледав и не верував дека си моја.Дека ме сакаш.
Ме спаси од празнината.Ме исполни.
Да...убава.
Ти беше мојот ангел.Сакав да те испијам,да се исполнам со тебе.Со твојата наивност,со твојата искреност..со твојата убавина..
Со тебе.
Но не знаев да го покажам сето тоа.Бев сосем изгубен во својот страв,во студенилото на моето срце. Жал ми е убава..бев кретен.
Не знаев колку ми значиш додека не те изгубив..
Прости ми..

............................

Не ни приметив дека солзи ми течат по лицето,толку бев занесена во тие зборови кои ја исполнија тишината.
Таа глувата.Онаа за која сакам да напишам книга.
Зборовите..твоите зборови и дадоа боја,ја направија магична..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Outrider

Loyal

Нов член
6 октомври 2014
16
6
3
32
Те сакам будало, те немам видено долго време. ЗАТОА се нервирам и се дерам. Што се чудиш?
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Да, чудна е таа карма.
Кога умираш да го видиш, и кога “случајно“ поминуваш по неговата улица, во време кога би можеле онака сосем “случајно“ да се сретнете,никогаш неможеш да налеташ на тие очи.
Кога по долго време креваш раце, вееш бело знаменце и си се смируваш самата со себе дека и не ти треба да го сретнеш,нели ништо нема да смени тоа затоа што вие сте тотални странци еден за друг.
ОПА ете го пред очи!
Оди од спротивната страна на улицата и треба да се разминеме, неможам да наведнам глава затоа што никој не згреши, неможам да свртам поглед затоа што би значело лути сме(а не сме), неможам да го прегрнам опасно е за срцево.
Не траеше ни 1 секунда кимнувањето на глава, бледа насмевка и едно ништовно “здраво“. Очите ни кажаа многу нешта, тие се прегрнаа, кажаа дека си фалат и си посакаа среќни родендени, среќни бракови, крштевки...споделија се` во таа нецела секунда.
Толку многу ти посакувам а неможам да ти кажам.
Ми фалиш како пријател, како човек пред кого сум таква каква што ми е најлесно да бидам. Ми фали слободата да ти посакам убав ден, недела, месец.
Мислев дека го одбравме полесниот пат...
Сега се прашувам зар имало и потежок?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Lucia and Nekoe