Zippo (Зипо запалки)

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Верувам добар дел ги знаат или имаат слушнато за брендот Zippo,а остантиот дел и дека ги користи.

Zippo_logo.svg



1930
Zippo приказната почнува во почетокот на 1930-тите години во Bradford Country Club во Брадфорд, Пенсилванија. Г-дин Blaisdell го гледал својот пријател како чудно ја користел својата австриска запалка. Запалката работеше добро дури и на ветрот, што се должи на дизајн на оџакот. Но неговиот изглед беше утилитарен. За неговата употреба биле потребни две раце, а неговата тенка метална површина лесно се вдлабнувала/ оштетувала.

Кон крајот на 1932 година, тој одлучил да го преуреди австриската запалка. Г-дин Blaisdell произвел правоаголна футрола и ја додал запалката на врвот со шарка. Тој го задржал дизајнот што наликувал на оџак, кој го штити пламенот од неповолни услови. Резултатот што произлегол е запалка што убаво изгледа и лесно се користи. Првата Zippo запалка, во моментов се прикажува на Zippo / Case музејот во Брадфорд, бил произведен во почетокот на 1933 година и се продавал за 1,95 $ по парче. И, уште од самиот почеток, тие беа поддржани од страна Г-дин Blaisdell со безусловната доживотната гаранција – „Работи, или ние ја поправаме бесплатно.“ ™ Името "Zippo" беше создадено од страна на г-дин Blaisdell. Нему му се допаднал ѕвукот на зборот "Zipp", па тој формулирал различни варијации на зборот и се решиле за " Zippo," сметајќи дека тоа има „модерен“ звук.

Апликацијата за оригиналниот Zippo патент е поднесена на 17 мај 1934 година, и е патент број 2.032.695, доделена е на 3 март, 1936 година. А вториот патент, број 2517191 бил издаден на 1 август 1950 година. Дизајнот на Zippo запалките останува во основа иста до денешен ден, со мали подобрувања. Во средината на 30-тите, Kendall Refining Company од Брадфорд направила порачка за 500 Zippo запалки. Ова се верува дека е првата компанија која решила да се рекламира преку Zippo запалките и имаат голема колекционерска вредност. Денес, компаниите продолжуваат да ги користат Zippo запалките како медиум за реклама и Zippo запалките со "реклама" продолжува да биде меѓу Омилените на колекционерите.

На почетокот на 1939 година, Втората светска војна имаше големо влијание врз Zippo брендот. По влегувањето на Америка во војната, Zippo престана производството на запалки за потрошувачките пазари и го посвети сето свое производство кон потребите на американската армија. Иницијативата доведе до производство на Zippo запалки со црна шкрипачка завршница. Фактот дека милиони американски војници ја носеле во битка беше значаен катализатор во воспоставувањето Zippo запалката како икона на Америка низ светот. Снабдување на војската резултираше со исполнување на целиот производствен капацитет на фабриката. Ова е овозможено Zippo да стане финансиски силна и одржлива компанија.

Целосна,тука.

Јас доста време користам зипо запалки и ми се едни од омилените. Кај нас на балканот важат за статус- скапа запалка,но ако се тргни фактот дека ТУКА знаат да се продаваат по вртоглави цени,може да се најде и за доста солидна цена добра зипо запалка.Колекционер сум,но не активен, кога ќе начекам некоја добра што ми остава впечаток,ја купувам и седи во колекцијата со другите. Моментално користам Slim black ice и Zippo Flame street chrome запалки. Ако случајно користите,ви треба помош слободно обратете се.

Совети:

-Како се полни?
Полнењето,кое е сликовито објаснато на упатството кое доаѓа со секоја купена зипо запалка, е доста едноставно.Се извлекува запалката од металната кутија, и на долниот дел има памук кој се подига и на памукот во внатрешноста се тура бензин. Просек,најдобро би било да се тура околу 3-4 секунди а потоа се почекува да спадни неколку секунди,и пак истото , два до три пати максимум. Доколку го преполните,знае да вивнува голем пламен,премногу мириса и други несакани последици.Со едно полнење треба да поминете отприлика една недела,со регуларно користење.

06265.JPG


06264.JPG



-Менување камчиња

Доста едноставен процес. Се извлекува запалката од металната кутија, се одвртува штрафот оддолу и внимателно се вади. Остатокот од камчето го фрлате или ако сте го потрошиле целосно нормално ништо нема да има внатре. Внесувате ново камче,ја враќате пружината и завршена работа.Неколку пати ќе треба да се помачите додека тргни за палење затоа што не е разработено камчето.
Просек едно камче трошите околу месец дена од оригиналните зипо камчиња, додека останатите,кинески што ги купувам јас 60 камчиња за 2 долари се трошат побрзо. Секогаш носете резервно камче под памукот за да не останите без запалка.

-Менување фитиљ
Ова просек се случува еднаш годишно, но сигурно ќе ви треба.Процесот е едноставен само следете ги сите чекори.

 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Имав порано и баш супер беше. Онака фраерски го вадиш и палиш, ама сум го изгубил и сега користам од 10 денари оние што се со сликички.
Скапи се кај нас ама би земал пак, интересна запалка е. :)
Тоа бензинот за полнење каде може да се најде?
Порано јас наоѓав на пазар, сега претпоставувам уште може таму да се најде или не?
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Ептен ми се фенси запалкиве, и се баш онака убав и оригинален подарок за пушач. Јас потајно си се надевам дека некој ќе ми подари, еве веќе 6 години како сум пушач ама ништо. :zelen
Ми се допаѓаат оние изгравираните, вака нешто :
Top-Beautiful-Expensive-Zippo-Lighters-For-Men-1.png

18k-gold-Zippo-lighter.jpg

Ама се додека не соберам пари, ќе си палам со крикет. (smoke)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ептен ми се фенси запалкиве, и се баш онака убав и оригинален подарок за пушач. Јас потајно си се надевам дека некој ќе ми подари, еве веќе 6 години како сум пушач ама ништо. :zelen
Ми се допаѓаат оние изгравираните, вака нешто :
Top-Beautiful-Expensive-Zippo-Lighters-For-Men-1.png

18k-gold-Zippo-lighter.jpg

Ама се додека не соберам пари, ќе си палам со крикет. (smoke)
Ау вториот е јак. :)
Таков да најдам и ќе бидам најголем фраер (демек сега не сум :cool: ) :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Најскапи верзии на зипо се јубилејните верзии, на пример 80 години постоење од ЗИПО брендот и просек оди околу 100 евра таа запалка.
2c0af1baf6d7e0584914628fcfd6f7cb.jpg


Најефтина во македонијава, а нова што може да се најди е овај тип на зипо:

spd_20120907180246_b.jpg


Доаѓа во ваков комплет:

2.10.348-1.jpg


Инаку,ако сакате некој поразличен дизајн,слободно најдете на ebay.com Последно овој ми стигна за 28 долари со се поштарина.
Купувам од овие
http://www.ebay.ph/usr/piergate
http://stores.ebay.com/SmartGiftIdea

Сигурни се,ефтини цени и брзо стигнува пратката просек од 2 недели.
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Аx... (brokenheart)
 

Прикачувања

  • 1653865_426697717462714_245920672_n.jpg
    1653865_426697717462714_245920672_n.jpg
    28.2 KB · Прегледи: 10

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Armor верзиите дефинитивно се најдобро направените запалки.

img55368290.jpg


Последно се подновив со ваква:

20140105083830_20286.jpg