Патот до слободата

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Среќата е состојба на мозокот,на душата, и кога ќе ја доживееме брзо ни се "лизнува од раце" за да се вратиме во претходната состојба во која трагаме по неа.За мене тоа што претставува среќа може за некој да претставува банална работа или глупост,ако јас сум среќна што моето дете завршило средно училиште тоа за некој родител не е доволно за среќа,него упорно сака детето да му стане доктор на науки и неможе да се помири што детето несака повеќе да учи.....Ме мрзи да пишувам,но сакам да ти кажам дека среќата е различна кај секој човек исто како и задоволствата,некој ужива во сладолед,некој сака чоколадо,а има луѓе што несакаат ни едно ни друго....се задоволуваат со други работи.Потполно среќен човек не постои затоа што не може да се задоволат сите потреби за задоволство.
Тоа што среќата е релативна работа нема врска со муабетот, погрешно си разбрала.
А она што го болдирав... човек за да биде среќен треба да ги одбегнува задоволствата. Предходно ти дадов прост пример.
Лена убаво напиша, дека за да доживееш слободата, мораш прво да ги препознаеш границите. Едноставно кажано, ако целиот свој живот си ги задоволуваш телесните потреби, можеш да се збогуваш и од слобода и од среќа.
Зарем не разбираш дека задоволувајки се само покажуваш колку многу им робуваш на сетилата?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Значи да резимираме: До среќата се стигнува преку откажување од задоволствата, ама среќата дава задоволства.

Фала, пријатно.


srecen den.....................
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Тоа што среќата е релативна работа нема врска со муабетот, погрешно си разбрала.
А она што го болдирав... човек за да биде среќен треба да ги одбегнува задоволствата. Предходно ти дадов прост пример.
Лена убаво напиша, дека за да доживееш слободата, мораш прво да ги препознаеш границите. Едноставно кажано, ако целиот свој живот си ги задоволуваш телесните потреби, можеш да се збогуваш и од слобода и од среќа.
Зарем не разбираш дека задоволувајки се само покажуваш колку многу им робуваш на сетилата?
Тој што робува на сетила е болен човек или зависник и нема врска со слобода,макар да он задоволувајки ги своите мегаломански потреби во некоја случај си е среќен по неговите поими за среќа.Јас ги задоволувам потребите на моето тело и душа за да можам да опстанам во живот, и се додека тоа задоволство ке биде во граници на нормала незнам како би се збогувала од слободата и среќата!?
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не постои патот до слободата се додека човештвото живее во ропство толку одамна, што чиниш дека е дури и пред самиот човек, како да е роден за тоа.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не постои патот до слободата се додека човештвото живее во ропство толку одамна, што чиниш дека е дури и пред самиот човек, како да е роден за тоа.
Сами бираме дали ќе бидеме слободни или ќе робуваме..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Себично е да бидеш слободен на тој начин, затоа што си несебичен избор на природата.
Што е себичност?
Колку себичноста е поврзана со личната слобода?
Не мораме да бидеме себични да би биле слободни.
Реков..изборот е наш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти биди слободна на својот начин, јас сакам универзална слобода како што е и самиот универзум.