Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Па кој е победник,ај нека избере тема па да пишуваме овој месец.

Пс.Има тема Маја избрала веќе:
"Дојди да те гушнам"
Да ама гледаш насловот не е сменет и никој не знае дека е сменета темата
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Дојди да те гушнам
Се штрекна. Мислеше дека доцни, но се разбуди дури час и половина порано. Погледна кон прозорецот и го забележа сивото небо што демнееше над градот. Се протегна и помисли: Ах, денес ќе облечам чизми.
Беше недела. Се обидуваше да измисли некоја причина да не оди, но веќе ги имаше искористено сите можни, а и веќе предолго време ја одолговлекуваше таа средба. Последниот пат имаше лоша настинка, толку лоша што ја лечеше релаксирајќи се со Едгар Алан По и мартини. А претходниот, беше на замислен одмор со родителите каде си помина прекрасно. Тој ден неможеше да се сети на ништо, и реши да оди. Додека ги правеше утринските ритуали, нејзиниот мопс тромаво се качуваше на креветот каде беа расфрлани купишта алишта. Таа стоеше покрај нив и не приметувајќи го размислуваше што да облече. Облече фармерки и џемпер, но се пресоблече. Сакаше да изгледа малку по женствено па облече црн фустан на долги ракави, маслинести хулахопки и црни чизми до колена. Додека ја бараше марамата што и ја подари сестра и минатиот божиќ нејзиното милениче се врткаше околу неа и ја гледаше со такви очи, небаре сакаше да и рече: дојди гушни ме. Набрзина излезе од дома и замислено ја одминуваше нејзината куќа, а Едгар стоеше на прозорецот и ја гледаше неговата стопанка како полека ја одминува улицата...
Стоеше пред ресторанот како фигура од мраз, гледајќи во една точка и размислуваше. Вреди ли да се даде втора шанса на некому кој ужасно те повредил. Дали прошката те прави човек, и дали е време да се соочам со него... Влезе внатре и однапред го знаеше неговиот израз на лицето. Поглед од горе до долу, малку ќе подзастане како да размислува нешто, а потоа ќе следи прегратка и комплимент: Прекрасно изгледаш! Како си?
Таа седна спроти него, намерно ја прескокна прегратката и кога требаше да следи комплиментот порача чај од дива цреша па премина на главното. Реши еднаш за секогаш да ја прекине комуникацијата со него.
На одење, со солзи во очите тој сакаше да се збогува.
- Дојди да те гушнам... Последните зборови што ги слушна од него. Го погледна со остар поглед, се сврте и тргна накај дома. А толку многу го сакаше... Посакуваше да се врати и да му каже дека тој е нејзиниот човек, само него му припаѓа а и тој неа. Но за првпат во животот нејзиното его го победи срцето. Си помисли: Вака е најдобро.
Кога стигна дома вратата беше отворена.
Среќа што не бев долго отсутна - помисли. Како можев да бидам толку расеана и да не ја затворам на излегување. Влезе дома и викна по нејзиното кученце. Едгар не беше тука. Ја фати паника и истрча надвор, го пребара целиот двор, и тргна да го бара по улицата, но потрагата беше неуспешна. Дојде дома и седна во фотељата каде најчесто се галеше со Едгар. Пушти телевизија и ги слушна најавните вести. Сообраќајна несреќа пред еден час. На улицата кај тој ресторан. Машка особа...и веќе крвта и замрзна. Нејзиното тело едвај се помрдна а нејзините движења веќе наликуваа на успорена снимка.
Таа ноќ, лежеше во нејзиниот кревет облечена во црн фустан на долги ракави и маслинести хулахопки, сосема сама, размислуваше за сите работи кои намерно и ненамерно ги пропушти, се чувствуваше ужасно сама. Таа ноќ ја имаше само мократа перница од нејзините солзи. Силно ја гушкаше и ја зариваше главата во неа. Толку силно што мислеше дека во секој момент нејзината соба ќе биде поплавена од пердуви. Нејзините пропуштени моменти неможеше да ги врати, но тие што следеа... Тие сакаше да ги искористи како никогаш досега.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Твојата убавина,
и нејзината,
заспана светлина,
ме ранија,
соборија,
врз пламенот,
од твоето студено огниште,
во кое,
љубовта не домуваше,
во кое,
секоја воздишка,
создаваше надеж,
од каменот погубена,
во кое си жртвувана,
далеку од мојот поглед,
да си барем тука,
да дојдеш,
те довикувам,
без збор,
на усниве што треперат,
јас сум ти познат,
знаеш,
јас и ти,
прифати ме во ноќта,
во која буден сонувам,
која те дели од мојот сон,
во кој,
твоите мисли,
се и мои,
па нека и болиш,
а очиве,
со солзи од твоите дланки,
измиј ги,
љубов си,
загубена,
не престанувај,
љуби,
па нека и друг,
ти која си сама,
погледни се,
сечија си,
моја не си,
грда си,
проклет сум,
што те гледам таква,
замолкни со мене,
дојди да те гушнам,
слушни го џагорот,
кој вирее од мене,
препознај се во него,
разбуди се,
разбудена,
гушни ме.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Дојди да те гушнам...
Можеби е тоа тоа што треба да ти го кажам.
Додека стоиш пред мене вадејќи ефтино кафе од автоматот.
Можеби би требала да ти се приближам од позади и тивко да ти прошепотам:
Дојди..да те гушнам..
Како да е тоа некој романтичен филм каде се е можно.
Каде јас сум режисер па ги креирам ситуациите онака како ми налага фантазијата.
Ќе се завртиш,
ќе ме погледаш прашално подигнувајќи ја веѓата,
најверојатно прашувајќи се дали халуцинираш
додека во позадина кафе автоматот свири да го извадиш кафето,а позади нас собрана редица луѓе кои чекаат на ред и љубопитно гледаат што ќе се случи.
Ќе ме прегрнеш нежно,
како одамна да си чекал на тоа.
Полека ќе клекнеш на колена,
со прашањето:
Ќе се омажиш ли за мене?
А јас ќе ти одговорам со солзи радосници:
Даааа..љубов..
Сите ќе ракоплескаат,
а ти збунет ќе ме бакнеш,
и ќе го земеш кафето да престане пиштењето на автоматот,додека во позадина некој фрла црвени конфети со форма на срциња..


Cut...не така.

Дојди да те гушнам..
Ми шепотиш додека ги сортирам документите на бирото.
Те гледам со зачуден поглед и те гушкам,полека несигурно,
топејќи се во твојата прегратка.
Долго сонував за оваа прегратка,размислувам во себе.
Се вртиш и одиш,без да кажеш било каков збор..
Останувам да те гледам без коментар,додека во себе мислам:
Што му е на овој?


Cut...вака сигурно не..
Трета среќа..


Студена ноемвриска ноќ.Завршувам со работата го облекувам зимскиот капут,
ја земам ташната и го напуштам бирото.
Излегувам надвор,палам цигара и уживам во мирисот на дождот,помешан со димот од цигарата..
Се надевам како и секогаш дека ќе излезеш надвор и ќе свртиме било каков бош моабет.
Но ти не излегуваш.
Кукавица.Помислувам во себе и се упатувам кон кола,барајќи го клучот по ташната.
Влегувам во кола и гледам дека ми е празна батеријата.Сум го оставила светлото вклучено.
Супер.
Во светлината на ноќта ја гледам твојата силуета.Срцето ми потскокнува радосно.
Излегувам на дождот,навирајќи ја капуљачата на глава и со глас кој трепери те прашувам,тивко и несигурно..
Имаш....и го повишувам гласот посигурно..
Имаш можеби кабли да ја наполнам батеријата на колата?
Сум го заборавила светлото,па ми се испразнила батеријата..
Ох да,секако.Секогаш имам со себе..За секој случај.
Почекај секунда.
Доаѓаш со колата,ги спојуваме батериите и ја полниме мојата.Не зборуваме многу...
Батеријата е полна за да можам да ја возам колата..
Ти благодарам и несвесно се доближувам да те гушнам..
Дојди..сакам да те гушнам..
Се губам во тебе и го чувствувам твојот здив на мојот врат,треперењето на моето тело..
А во мене желбата никогаш да не те пуштам од себе.
Да те сакам секогаш.Да го доживеам сето она за што сонувам со тебе..Да те претворам во реалност.Да го послушам шепотот на срцето што го довикува твоето име.
Како и сега што те довикува.


Дојди да те гушнам...никогаш не би го изговорила тоа.
 
Последна промена:

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Дојди да те гушнам затоа што ми фалиш ко ѕвездите на месечината!
Дојди да те гушнам затоа што секој миг без тебе е ко неколку светлосни години!
Дојди ми те чекам со раширени раце токму тебе да те гушнам!