Многу научници денеска сметаат дека е здраво жената редовно да користи контрацептивни пилули. Освен за нивната редовна намена, научниците им препишуваат и низа позитивни ефекти кои контрацептивните пилули ги имаат врз телото. Сепак голем број од жените не ги користат бидејќи имаат мислење дека тие делуваат лошо врз организамот т.е. на некој начин му штетат на организамот. Еве неколку митови во врска со контрацептивните пилули кои сметаме дека ќе ви разрешат дел од дилемите.
Контрацептивната пилула дебелее
Мит кој е многу проширен, но сепак ќе нагласиме дека порано контрацептивните пилули имале улога во дебелеењето, меѓутоа со развојот на медицината и фармакологијата, денеска оваа нус појава е сведена на минимум. Можеби кај некои жени ќе се зголеми телесната тежина, но ништо повеќе од 1 или 2 килограми, нешто што не се забележува и што нетреба да ви биде пречка за да ги користите.
Контрацептивната пилула го намалува либидото
Овој мит е исто така раширен со причина. Некои студии направени во САД изнеле резултати дека контрацептивните пилули го намалуваат либидото на жените. Сепак ваквото нешто денеска се негира со правење на други студии, каде што намалувањето на либидото е забележано кај многу мал процент од испитанички, па неможеме да кажеме дека контрацептивната пилула го намалува либидото кај жените. Покрај ова, либидото односно сексуалната желба не зависи само од биолошките фактори туку и од психолошките и социјалните – коментираат многу научници.
Контрацептивната пилула предизвикува тумор
Ова е доста распространет мит. Сепак е неточен. Иако порано научниците се сомневале во вакво нешто, сега се докажува сосема спротивното. Контрацептивните таблети, освен што не предизвикуваат рак, туку ги штитат жените од рак на јајници или ендометриум, а исто така ги штитат и од појава на воспалителни процеси на овие органи, тврдат научниците.
Затоа научниците сметаат дека контрацептивните пилули се сосема безбедни и добри за употреба и ниту едно од горенаведените причини за нивно избегнување не е оправдано бидејќи е неточно.
Дали вие користите контрацептивни пилули?