Последен гледан филм со рецензија

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Another Stakeout
Крис и Бил повторно се во заседа или наблјудување овој пат барајќи заштитен сведок во нивната авантура се вклучува и Џина за која ова е прво вакво искуство. Класика кога зборам за комедија мислам на вакви филмови 8/10.

Bandits
Солиден филм не ни забележав дека трае два часа. Џо и Тери се ограбувачи на банка кои откако ќе побегнад од затвор смислуваат нова стратегија за ограбување на банки. Тие едноставно ќе го киднапират менаџерот на банката ноќ пред грабежот за следниот ден заедно со него да ја ограбат банката. Заради ваквата стратегија ќе добијат прекар бандити на спиење. При една акција ќе ја запознаат Кејт која има здодевен живот и сака да биде со нив барем еден ден... Совршено едноставно генијално 9/10.
 
Последна промена од модератор:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Inglorious Basterds

Искрено не очекував ваков филм, го симнав онака од досада и не ни видов дека е од Тарантино. Очекував нешто сериозен филм, добив глупост и wannabe cool фрази, глупостарија и амерички патриотизам. Не го препорачувам воопшто. Сторијата: наци-тајм, Бред Пит збира багра евреи и оди во Франција.

Оцена (-5)/10.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Philadelphia (1993)

http://m.imdb.com/title/tt0107818/

Прекрасен филм кој многу ми се допадна. Во главните улоги се Том Хенкс и Дензел Вашингтон, Хенкс иначе доби оскар за оваа улога и стварно си го заслужи. :)

Приказната е за успешниот адвокат Бекет кој работи во најголемата фирма во Филаделфија. Бекет има тајна за која никој не знае, а тоа е дека е хомосексуалец. Но неговата тајна ќе се открие кога дознава дека е болен од сида. Кратко време откако ќе дознае дека е болен ќе биде отпуштен, со изговор дека е заради професионални причини, но Бекет е убеден дека е отпуштен заради неговата болест. Бекет одлучува да ги тужи неговите поранешни партнери и го ангажира адвокатот Џо Милер кој е хомофоб. За време на целиот случај Милер гледа дека Бекет не е ништо поразличен од другите и дека е ист како и сите луѓе, и одлучува да му помогне. :)

Предобра глума од страна на Том Хенкс, кој морал да изгуби 13 килограми за крајот на филмот. Исто така тука е и Дензел Вашингтон во улога на Џо Милер, адвокатот кој го гледа Бекет со страв заради неговата болест но истовремено и му се гади од фактот дека Бекет е хомосексуалец.

Вреди да се погледне филмов ако го немате гледано. Супер приказна и добра порака за сите што се како адвокатот Милер. :)

Една 10ка од мене. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Godfather (1972)

http://m.imdb.com/title/tt0068646/

Мојот омилен филм кој си го гледам кога имам повеќе време. Еден од најдобрите филмови барем според мене. :)

Приказната започнува со свадбата на ќерката на Вито Корлеоне, шефот на Њујоршката мафијашка фамилија Корлеоне. Неговиот син Мајкл само што се вратил од војната, но не сака да биде дел од бизнисот на татко му. Вито Корленоне ја води фамилијата на старовремски начин, но како што се менуваат времињата се повеќе луѓе не сакаат да го следат таквиот начин.
Се појавува нов ривал на фамилијата Корлеоне кој сака да продава дрога но му е потребна помошта од Дон Вито, кој нема да сака да соработува бидејќи не го сака тој нов начин на правење пари. Како што се разгорува борбата меѓу шефовите на фамилиите, Мајкл треба да плати голема цена за да го зачува мирот во неговата фамилија. :)

Уште од првите 10-20 минути се гледа колку е добро направен овој филм, секакви ликови и секој со посебна приказна и сите бараат начин да успеат во новиот свет. Локациите на кои е снимен филмов се преубави, дури и оние во центарот на Њујорк се супер.

Марлон Брандо, еден од најдобрите актери го глуми Вито Корлеоне. Ликот на Вито е полн со шарм и искуство, и истовремено е немилосрден мафијашки шеф.
Џејмс Кан го глуми синот на Вито, Сони Корлеоне. Супер глума од Џејмс, сакав малку повекеќе да го има ама тоа е.
Мојот омилен лик, Том Хаген го глуми Роберт Дувал. Советникот на фамилијата Корлеоне кој ги организира сите работи и се грижи се да биде добро во фамилијата.
За крај Ал Пачино во улога на Мајкл Корлеоне, улога која го прослави Ал. Ликот на Мајкл во филмот се менува од добро на лошо. Прво започнува како добар човек кој се враќа од војна, а откако ќе се врати дома неговиот живот се менува на лошо. :)

Многу добар филм кој ни го покажува животот на мафијашките фамилии и тоа како можат и невини луѓе да станат нешто што не се. :)

Оцена 10+
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Godfather: Part II (1974)

http://m.imdb.com/title/tt0071562/?ref_=m_chttp_tt_3

После првиот дел си го пуштив и овој, дека досадно иначе немаше. :) Вториов дел е продолжение од приказната за фамилијата Корлеоне. :)

Приказната започнува со животот на младиот Вито во Сицилија и неговото доаѓање во Њујорк, паралелно со тоа го следиме и Мајкл Корлеоне кој сака да го прошири бизнисот на фамилијата во Лас Вегас и Куба.
Различно од првиот дел е тоа што во овој има не една туку две приказни. Првата е за младиот Вито Корлеоне и низ се што поминува за да биде тоа што е, а втората е за Мајкл и неговиот напредок во бизнисот. И двете приказни се супер, но кога би морал да бирам би ја одбрал првата. Прикажани се многу повеќе работи од животот на Вито и затоа ми е подобра, не дека вторава е лоша ама според мене првата е подобра. :)

Глумата во првиот дел беше супер а во овој можеби малку послаба. Ѕвездата на филмот е повторно Ал Пачино, исто како во првиот дел таков беше и во овој. Што се однесува на ликот на Мајкл, он е целосно променет од првиот дел, парите и моќта го направиле нешто што не е. Го изгубил поголлемиот дел од семејството и почитта на сојузниците заради пари и моќ.

Депресивен филм со исто таков крај, но сепак вреди да се погледне. Не можам да кажам дали е подобар првиот или вториот дел, затоа што и двата се ремек дела. :)

10+
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Tchaikovsky: "The creation of Genius"
Иако удира акцент само на неговите неколку главни дела, доста отсликува од неговата психа посебно фактот дека тој бил хомосексуалец (што до вчера многу малку се спомнувало, посебно во СССР). Интересно е што додека ја компонирал неговата 4та симфонија, се случувале најголемите подеми и падови, додека 6тата иако се вика патетична, во тој момент, Чајковски не верувал дека ќе умре. Тек 6 дена по премиерата, тој закачува колера и умира.
Секој кој ги преслушал барем неговите попознати дела (балетите и симфониите како и концертите за клавир и виолина) секако ова е задолжителна литература.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Natasha
Ана работи како стриптизета во еден руски бар со неа во станот се наоѓа нејзината братучетка Наташа која треба да замине во Англија како студент на размена. Една вечер Ана ќе биде сведок на убиство од руски мафијаш. Мафијашите погрешка ќе ја убијат Наташа, па ана ќе замине воАнглија со нејзиниот идентитет. Добар за еротски трилер :) 7/10.

Unlawful Entry
По провалувањето во домот на Мајкал и Карен полицаецот Пит ќе стане опседнат со Карен и ќе стори се за да биде со неа. Мислам не би кажал нешто повеќе за филмов освен дека е одличен која глума и приказна секоја чест имам мали забелешки ама ситни се 10/10.
 
Последна промена од модератор:

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
MV5BMTk3MjUzNzk4OV5BMl5BanBnXkFtZTgwMDM2ODAzMjE@._V1_SX214_AL_.jpg


Стварно не знам зошто ама филмовиве од 2014 ми се тотално разочарување...
Филмов е за една детективка од мало градче која се соочува со случај на сериски убиец...
Не е лош трилеров, ама некако како аматерски ми делува...
Сузан Сарандон во главната улога, Доналд Сатерленд се појавува на кратко, ама во глобала не е којзнае што.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Godfather: Part III (1990)

http://m.imdb.com/title/tt0099674/

Последниот дел од трилогијата за фамилијата Корлеоне, но толку добар како претходните два. За некои потценет, за некои лош, за мене ни добар ни лош. :)

Веќе стариот Мајкл Корлеоне се обидува да престане со мафијашкиот начин на живот и да нема никаква врска со насилното подземје, но амбициите на помладите го враќаат назад.

Има неколку добри и неколку лоши работи во филмов. Лошата е дека овој филм не е мафијашки, за разлика од претходните два. Нема многу поврзаност со мафијашки работи и фамилии, освен во некои сцени. Во претходните два дела гледавме повеќе такви работи, овде за жал не. Приказната е повеќе религиска и политичка отколку мафијашка.
Добрата работа е кој друг ако не Ал Пачино. Целата приказна е за Мајкл Корлеоне, го нема ни Вито, ни фамилијата Корлеоне, туку само Мајкл. Роден во свет низ кој ќе ги помине своите најголеми стравови и ќе се сретне со многу непријатели, лошиот Мајкл од вториот дел сега го нема, овде повторно го гледаме оној Мајкл од првиот дел.

Убаво е да се погледне филмов за да се знае како завршува приказната, ама ако претходните два дела не ви се гледани тогаш не го препорачувам филмов. :)

Оцена: 7
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
The Fault In Our Stars (2014)

Очекував повеќе од филмот но не беше лош. Обично не гледам вакви филмови, но после многуте препораки се решив да го пуштам.
Приказната започнува кога шестнаесет годишната Хејзел девојка болна од рак, присуствува во група за подршка на ракот. Таму го запознава харизматичниот Августус кој што е духовит, симпатичен,позитивен и победник во битката меѓу него и неговата болест. Хејзел се спријателува со Гас, а подоцна и се вљубува во него.
Повеќето кои го имаат гледано знам дека нема да се сложат со мене, но филмов ми беше просечен. Не почувствував момент кога треба да заплачам (нели сите плачат на филмов), немаше кулминација која ќе те возбуди, туку само една обична тажна приказна. Не дека сум бесчувствителна, напротив сум многу емоционална но сепак сметам дека не беше ништо посебно. Незнам дали е до мене ама ќе ве оставам да го погледнете па да одлучите сами за која оценка вреди.
Ми се допадна музиката. Од Birdy до Tom Odell и Ed Sheeran. Глумата и актерите исто беа одлични.
 
Последна промена: