Камп за обука на седумгодишни деца за војување

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Незнам која е оваа религија,која црква,но мали деца да организираш да идат во летни кампови каде ке ги облечеш во маскирна облека,ке ги учиш да пеат патриотски песни,да се молат,да учествуваат во литургии насред шума,и најгрозното нешто,да ги учиш да војуваат!????Наводно овој камп го организирала Српска вистинска православна црква,некои си православни фундаменталисти,кои се поврзани со други вакви групи во Русија и Грчка.Нивен знак е црно знаме на кое пишува Православие или смрт.Деца мали да учат да пукаат со калашникови,војна обука,па боже мој, мисли ли некој на нивното ментално здравје,да им ја развиваш ратоборноста,склоноста кон оружје?Калашниковите не се вистински туку направени верни копии со иста тежина а наместо куршуми пукаат со пластични топчиња,безбедни за да не се повредат.Какви ли се тие родители што ги пуштаат децата на вакви гнасни обуки,наместо да спортуваат или да учат други вештини?До каде се искачи идиотизмот на човекот?Каде се државните органи да проверат и испитаат вакви организации?Зарем не е ова манипулација со малолетни лица?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073

Не сум чул за во србија дека имало такво нешто,но во многу други земји постојат такви кампови за обука на малолетници,и тие се заправо деца без родители,кои ќе им служат на матичната армија,ги учат на борбени вештини и убивања.Ги школуваата до нивата 18год. и после ги праќаата на извршување на должности.
 
Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Еве ја веста:

Скандал: Српска секта обучува деца да користат оружје: Со Калашников во име на Бог!
tocka-133613.jpg

Тоа што до сега сме го гледале на фотографии и сме мислеле дека постои во милитаристички друштва како Русија, Северна Кореја или Кина, сега се појавило и во Србија. Станува збор за "Светолазеревиот Православен младински камп" во близина на Бољевац, каде што децата, меѓу другото, учат и воени вештини. Антифашистичката акција на Нови Сад или АФАНС, побарала од надлежните да реагираат по повод случувањата на кампот.
Како што е наведено на веб страната на кампот, собирањето нема никаква врска со Српската православна црква, туку кампот делува "под благослов на светиот епископ Акакиј" од малку познатата "Српска вистинска православна црква".

Извор:
http://tocka.com.mk/1/133613/skanda...a-koristat-oruzje-so-kalasnikov-vo-ime-na-bog
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Наводно овој камп го организирала Српска вистинска православна црква,некои си православни фундаменталисти,кои се поврзани со други вакви групи во Русија и Грчка.Нивен знак е црно знаме на кое пишува Православие или смрт
Има фејсбук група или профил...незнам точно, на македонски со истиот назив - Православие или Смрт. Еве што може да се најде на нивната страна:
10402920_409687562502573_5898991462639462200_n.jpg

Линк до сликата: Klik
10384192_414753851995944_4260416710626939345_n.jpg

Линк до сликата: Klik
П.С. Сликава со стадионов беше поставена додека траеше светското фудбалско првенство, како "доказ" дека фудбалот бил сатанистички ритуал.
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Во денешницава има секакви монструми
Со оружје човек не е верник!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
баш тоа него религијата секогаш била и е уточиште за човекот
кога ќе се најде во Тешки ситуации, воинствени Религии нема
сите учат на мир толеранција и соживот ние самит луѓе ги изобличуваме со тоа што како сакаме ги толкуваме
Христијанствотот , будизмот , таоизмот , исламот и др ..
се Религии кои учат на позитивни нешта во животот,
Прав верник е онај кој се дружи до учењата на својата религија и не прави никому зло
а вакви ислучни екстремни верски организации има ширум свет, во делот за исламот како религија пласирав инфо за тоа како се обучуваат деца за терористички напади
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мислам дека се работи за четничка педофилска секта која пред некоја година најавуваше дека имале 5.000 спремни и обучени доброволци кои ќе го врателе Косово во прегратка на мајка Србија. Изгледа си додале некоја нула во пресметката, но тоа не е страшно, језиво е што почнале да малтретираат деца.
Патриотски песни и литургии. Why am i not surprised...

large

Од друга страна ако постојат родители кои ги пуштаат своите деца кај вакви ликови, тоа би била уште една од многуте разочарувачки епизоди во историјата на хомо-сапиенсот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Abraxas