Личен дневник

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
дневниче...одамна немам пишано нели
па еве да кажам 2-3 збора
животов е таков нели одиш доле-горе цело време
но не гледаш некои работи секоја ден...како на пример солза која ќе те убие како нож во градите...
солза која се сечило насекаде во телото.....солза која е убиец на се во тебе....
солза пуштена од некој кој мисли на тебе...кој те пораснал и направил човек....некој кој ти е најдобар другар и засекгоаш до тебе....

и како што една ( личност ) ми прати слика....со поговорката
( уништи го она што те уништува тебе ) тогаш треба да ја уништам таа личност....затоа што таа едноставно ме уништи...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јасно ми стана дека најбитното нешто на целиов овој пат кој го одам е спремноста да се соочам со сопствените емоции.
Да си дозволам да ги чувствувам.
Сите оние кои извираат од длабочината и оние на површината.
Да ги почуствувам со сиот нивен интензитет.Без са ги контролирам,потиснувам,убивам,сокривам и што знам јас што.
Колку повеќе ги пропуштам низ себе толку послободна сум во сите мои делувања.
Долго време се трудев да ги уништам,да ги сокријам..
Да ја избегнам вистината.Онаа моја лична вистина.
И сфатив дека самата себе си бев најголем непријател.Самата бев свој тиран.
Препуштајќи се на нештата кои ги сакам,дозволувајќи си да чувствувам,убаво како и неубаво,
ослободив дел од себе.
Оној дел кој ме прави целосна.
Ја ослободив љубовта кон себе,
а потоа и кон целиот свет.
И среќна сум.Сеуште.
Некако се се одвива во некоја позитивна насока.Се повеќе и повеќе се фокусирам на нештата кои функционираат.На позитивните работи кои ми се случуваат.Негативните ги регистрирам во себе,но не се задржувам многу на нив.
Кога сум на тема позитивни нешта..
Го дадов првиот час по јога,yeeeeah.
Пред група од 10 луѓе и мајсторите.
Со милион грешки и лапсузи,но успеав саат време да давам инструкции,воедно и да се соочам со мојата социјална фобија.
И го положив првиот испит.Како и да е.Поважно ми беше да се соочам со сопствениот страв,отколку да го положам испитот.И да паднев не ќе ми беше важно.Важно беше соочувањето.
Мој личен триумф.Горда сум на тоа.
И чекорам со се посигурни чекори понатаму,пружајќи раце кон она што доаѓа.Грабам лакомо моменти од животот.
Темните денови остануваат некаде позади мене,со насмевка се подсеќам на нив.
Намасте _/|\_
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Збунета сум дневнику,збунета а и изгубена.Некако имам некое безвезе чувство дека не припаѓам никаде.
Како на сред крстосница да стојам и не знам која насока да ја одберам,нема никаков патоказ,нема знак,нема ништо.
И јас си тапкам во едно место заглавена,размислувајќи каде,кој пат да го фатам,што да одберам,кој е вистинскиот?
Колку повеќе мислам,размислувам и барам некоја смисла и логика во мојов живот,се понејасно ми е и се помалку знам.
Не знам веќе ни која беше реалноста ни која моја имагинација,ни дали е правилна мојата перцепција на нештата или е од погрешен агол согледана.
Ништо не знам,освен тоа дека секогаш се водев по моите емоции,тие ми биле отсекогаш главен двигател и управувач во животецов.
И никогаш не ме изневериле,секогаш се покажало дека правилна ми била одлуката што сум оставила на нив да ме однесат каде треба.
И овојпат беа,никогаш не сум знаела и умеела да ги сокријам,напротив секогаш несебично сум ги давала на тој за кого се.
Ама сега треба истите тие да ги потиснам,да ги ставам длабоко во некој дел од мене,да ги заробам...е како?
Како човек да оди против себе и своите чувства...и зошто воопшто тоа да го прави кога тоа го прави несреќен и го уништува?
Мене не ми оди од рака тоа,и за првпат не знам како да се справам со ситуацијата во која сум сега,не ми успева и не.
Не знам,можеби и јас сум голем сонувач,и секогаш го ставам срцето пред разумот да ме води,но тоа на краиштата не прави среќни зар не..
 
Последна промена:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Си отиде... се прашувам што ке правам без него.
Два и пол. месеци пријателче... како ке издржам толку време? Сум заборавила како е да се живее без него.
Два дена воопшто не спијам, не јадам, не се смеам... умирам... и така ке биде се до денот кога ке ми се врати и нема да има посреќна жена од мене тој ден. Тоа единствено ми дава сила... тој момент кога ке го гушнам, кога ке го почувствувам блиску до мене...
Што ке правам до тогаш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Lena

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Драго дневниче...
Чудно колку човек може да се приврзи за некоја глупост.... мобилни, филџани за кафе, фотеља..... или ваква Шкода Фелиција 1.3 и сл...
Еве 2 месеци од ко е кај мене, а веќе сум си ја засакал многу. И не бев ни свесен се до вчера кога се појави првиот купец после месец дена. Некако како кнедла да ми застана в грло кога требаше да му кажам цена. Потајно си се понадевав дека нема да ја купи.
Денес друг. Па дури и цената му ја накачив.... Ја бендиса, сака уште со мајстор да ја види, ама јас се повеќе си барам причини да не ја продавам. Ко мало дете се понашам ко ќе се приврзи за некоја играчка :giggle. Ми се чини дека ќе му ја изнакудам ако запне да ја купува...

Убаво ми е со неа, ме прави радосен иако не оди повеќе од 140... Чуден човек сум и јас... (hug)
5u4i9u.jpg
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Седам и зјапам во ѕвезденото небо.Веќе со денови чекам да падне ѕвезда да си замислам желба.И додека чекам така зјапајќи во ѕвездите го користам времето за да си ги сортирам мисливе.
За ова,за она и за се нешто.
Некои нови идеи,планови,цели,сфаќања,заклучоци и што знам уште што не.
И повторно се концентрирам само на ѕвездите.Трепкаат како светулки во ноќта.
И никако да падне една.
Една видов пред неколку дена.Ама сакам уште една.Им се радувам како мало дете што се радува на кугла сладолед од лимон.
Толку беше од опуштениот одмор.
Конечно се враќам на работа.
Ме чека..многу работа.Хехе реченицава ме натера да се насмеам.
А ѕвездата никако да падне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Pica pica

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хеј дневник.
Навика ми е да свратам овде,како гледам најчест гостин сум ти.Па онака нема ништо ново.
Ах да,најново е што се офарбав црна.Многу битен детаљ нели?
Ептен си се свиЏам.Ај малку егото да си надоградам нема да се лутиш,знам.
Ова со црната коса,чинам ќе ми биде стилот за наредните 20-30 години.Да знаев дека така добро ми стои одамна ќе бев црна.
Тукуууу..
Се ок,досадно по малку,се движам полека но сигурно,
во рамките на
просто-проширената нормала и тоа.
Ме фатила некоја мрза,па ми треба дупла мотивација да продолжам со темпо на полжав да се мрдам понатаму,ама се движам(го наоѓаме позитивното во негативното нели?)
И ај врска си нема ова што го пишувам,одам да спијам.

Чао дневник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хеј дневник,
сплет на случајности од кои произлегува дека
кога ќе му погледнеме на стравот длабоко во очите,го пронаоѓаме спаковано во фин подарок она што го сакаме.
So simple.
Не дека го немав тоа прочитано некаде,но го немав осетено на себе.Сега знам.Знам и како.


Ова со јогата,навистина е моја ствар.Од средина на август имам мала група на луѓе на кои ќе им давам часови.Онака имам можност да се праксирам себе и да ги тренирам нив како почетници.Кога ми го понудија тоа,се окезив од уво до уво.Кој не би?

Нешто што ми се сврте низ глава,онака идеја која не ме напушта е,кога ќе ја земам дипломата да давам часови бесплатно.Ќе се финансирам од спонзори и слично.
Онака да работам со анонимни групи како алкохоличари,наркомани,жени кои живеат од социјално,самохрани мајки и сите оние кои немаат пари да си дозволат јога часови.
Некако не ми е цел да заработам пари со тоа,иако самата плаќам огромна сума да би ја зела дипломата.Цел ми е да...
Другпат за целта,прво самата мора да ја постигнам.

Time to go.

Чао дневник
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Сакав да ја изненадам и да ја поканам на вечера....немав пари...далеку е платата.Иначе фејсбук е лош...отвараш нејзин профил евоцираш спомени па го блокираш повторно...карлсберг е океј пиво,покрај Вaрдар у 20 кога дувка ветре е потаман.