Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Потајно во себе се плашам дека ќе те снема.
Ќе те барам ли?
Не.
Велат времето ќе го донесе своето.Ќе оставам да биде како треба да биде,нека се развива само од себе.Нека универзумот ги расплетува конците на животов онака како е замислено.
Ако треба да биде ќе биде.Ако не,ништо страшно.
Имам вишок на љубов која радо би ја поклонила.
Не брзам никаде.Учам да сакам без да поседувам.
Без да очекувам.Учам да те пуштам од себе.
Па не е ни баш лесно.Но,функционира.
Утре ќе те видам.И знам ништо нема да биде поинаку..
Но ќе те видам.И ти спремам насмевка.Широка блескава насмевка.Тоа ќе биде поинаку.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Биди ми близок,јас не сум ти странец и никогаш нема да ти бидам.
И после многу изминати пролетти да погледнеш во моиве очи,ќе го видиш тоа што го виде и првиот пат кога ги погледна,и после првиот бакнеж,првиот допир.
Тоа што е во нив и мене како да е илјадагодишно,безвременско,ни старо ни младо,истовремено свето и проклето,одбележано од едни одвеани времиња.
Тоа што го чувствувам за тебе веќе не знам дали е среќа или клетва,премногу убавина и болка заедно носи,премногу од се за една човечка душа,за мојата душа.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Под плаштот на ноќва посакувам мир, мир од сите немири вткаен во мене. Не посакувам љубов затоа што ниту си ме љубел, ниту ќе ме љубиш.
Прави како што чувствуваш, како што ти најдобро знаеш. Јас можам и жива и мртва во исто време да бидам. Јас можам од буниште дом да создадам, од непријател пријател да сторам. Добрината да ја разбудам и солза да измамам од секого. Но и насмевка да подарам , пријателу.
Јас можам небото да го допрам и смртта да ја сопрам за миг. Можам и просјак и цар да сретнам. Јас можам се, освен со тебе да се сплотам во едно.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Во градите дуваат празни ветрови, го развлекуваат телото..
Дланките треперат од студ, од самотија..
Во стомакот бурата веќе ги уби пеперутките, а пролетта веќе се преточи во крволочна зима..
Телото е само леш..душата празнина..
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Те сакам поради начинот на кој ме гледаш,
Те сакам бидејќи си во мислите мои,
Те сакам поради начинот на кој ме насмевнуваш,
Те сакам поради чувството дека си со мене и кога сме разделни... :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Mameha and Y1K991

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Κолκу помалκу те чувствувам толκу повеќе те свρшувам низ збоρови, а тие κρијат бесκρај од тебе од она во мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Додека ти ја доделуваа признаницата,те гледав како гордо стоиш пред великаните на фирмата,горд на својата постигната работа,среќен што си тоа ти,сфатив дека во тебе гледам некаков идол.
Сфатв дека сакам да учам од тебе.
Од најдобриот.
Ми ги покажа моите слаби точки.Несвесно ми покажа на кој левел сум и каде ми е патот.
Знаеш стварно не сакам никаква романса со тебе.Не сонувам да се омажам со тебе,да имам деца со тебе,да живееме среќно до крајот на животот,да те бакнувам и гушкам,да заспивам и да се будам со тебе...некако не ми се совпаѓа сето тоа во шемата.
Сакам да го украдам твоето знаење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се случи ноќва, те посаκував пρемногу, а ти беше толκу далеκу, да самеам и не знаам, да чеκоρам цела вечност до тебе, до моите очи κои бдеат за тебе, κои κρвта ја бојат со убавината на твоето лице, невистинито и заκопано во цρна вода со κоја боледувам неумоρно до вечноста, κоја κапее вρз мојата судбина.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Тие шиρочини κои земјата ги нуди, во нив те будам со утρото κое утρи и небото го буди, во κое ме нема и те нема, во κое сме залудни повеќе од часовниκот κој го пρеκинува сонот.