Сакам да кажам/Сакам да прашам

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Светско првенство каминг сун : )
Ќе ечи од сите страни коментатор на некоја локална телевизија, разбуден ќе биде навивачкиот дух кај луѓето, а кладилниците ќе работат со полна пареа.
Кога кажувам полна пареа во главата ми доаѓа слика на вовче кое од оџакот испушта мноогу голема количина чад кој јас го поврзувам со горе наведенава пареа :D
САКав уште нешто да прокоментирам ама одам прво испраната завеса да ја закачам кај што и е место, да ми замириса собава на некоја планинска свежина :D
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Вакво невреме немам доживеано никогаш до сега.
Кровови фалат,дрва по улица паднати,уништени коли,скршени прозори.
Сирени свират.
Слично на хорор филм.
Кај мене на улица :(
image.jpg image.jpg
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
сдк... драги мои, како сте ми? Ми фалите...
И ја би да седам овде и да ги сквернавам новите теми на форумов (гледам има многу што) ама немам време. Дома се преуредувам, на факс доцнам, на работа .... е таму редовно... од 4 секој ден. И ај сега седи на форум:(:pusi
Ај, ај... не кемкај Сашко. Ќе начекаш време.
Сепак... ај по едно кафенце...

Имам и што да се фалам... ам аза тоа во друга прилика, во друга тема....:*

turkish-coffee.jpg


п.с. лелее ама сум се одвикнал да куцам на тастатура....
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ме револтираат глупите радио емисии, новинарски статии и фејсбук статуси за тоа како од денес почнува светско првенство во фудбал и како за жените следува едномесечен ''пост''. За глупавоста да ескалира на што повисоко ниво, со некоја посебна дикција на гласот се најавуваат караниците и несогласувањата што паровите ќе ги имаат месецов, за тоа како мажите нема да станат од пред телевизор и како жените ќе бидат запоставени и осамени - кутрите.
Ох, дебилизам.
Број еден, во денешно време некои жени гледаат фудбал повеќе и од мажите. Во најмала рака, барем им е океј да поминат некое време пред ТВ гледајќи фудбал.
Број два, постојат мажи кои не гледаат фудбал или гледаат без посебна пасија и без моралност да се изгледаат сите утакмици од прва до последна.
Број три, и до сега постоеше дел од денот во кој мажите се занимаваа на свој начин а жените на свој ( тв, филм, книга, кафе, шопинг). Замислете од денес во саатот кога жената ќе е на кафе со другарките - мажот ќе гледа фудбал. И? КАде е проблемот? Несогласувањето???
Оф пуста желба да се напише било што.
Повраќаница.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
^ Зошто повраќаница?
Actually I find them quite amusing. Во смисла на нивната речитост и тоа дека знаат дека не се во право, но ајде удри мавај, нека се таложат стереотипите за машко-женскиот свет. Сами си се фаќаат во љагата за да после пример истата таа шмизлкички-нагласена спикерка отиде на пиво и кикирики во Плаза, вриштејќи со сиот глас „Напред Барса ле-а-ле!“.
Oh the irony of the media nowadays :)))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Outrider