Со кого си - таков си?

oптимистка

Истакнат Член
1 април 2014
9
8
103
Со кого си - таков си?
Што всушност значи тоа? Имаш братучед што слуша рап музика. Се дружиш со него близок ти е, и тоа значи дека и ти слушаш тоа?
Имаш другар што има фетиш кон..(не знам што, не е битно), сепак другар ти е се дружите, нонстоп сте заедно и ти си ист како него?
Имаш другарка што оди со дечко помал од неа три години, вие во друштво сите сте такви?
Па каков е овој наш менталитет, ова наше поднебје, или сепак секаде е исто?
По мое ова, да секаде е така но сепаk би рекла ние сме водичи во ова поглавје.
Ако си дошол од излегување во 3-4 часот наутро, ти си недолична девојка, соседите ќе те озборуваат.
Ако вечерва те донесе другар ти со кола до порта, утре братучед ти а трет ден те донесе другарка ти до дома, ти си страшна развратничка.
Мене тие озборувања не ми пречат, мене ми е ОК, не трошам време за соседите што се шампиони во ова хоби.
Тоа што мене ми пречи е всушност тоа што многу од нас навистина големо значење му даваат на луѓето со хоби –озборување(озборувачите). Познавам многу млади и стари луѓе што не прават работи кои сакаат да ги прават само заради тоа што сакат да одбегнат да бидат споредувани со други луѓе, или да не бидат озборувани од соседите. Не ги оправдувам оние што ти го загорчуваат животот со озборувања но и не ги оправдувам тие што не го живеат тоа што го сакаат само заради тоа да не бидат озборувани.

Живејте го својот живот и не мислете на соседите, оставете тие да мислат на вас :D
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Па во глобала така е со кој си таков и ќе бидиш..Колку и да си свој на своето ко ќе си во поголемо нешто едноставно го прифаќаш тоа и си дел од колективот
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
С ким си такаф си. Ако се земе дека ние форумџииве неколку часа на ден поминуваме на пц/лап топ...... дали тоа значи дека сме лап-топи?

th_template-philosoraptor.jpg
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Кога самите себе не си остануваме верни и ставаме маски,покажувајќи го нашиот талент за глумење водиме заговор против себе и воедно ја убиваме вистинската вредност на она што се крие некаде во нас.
Сите останати(било другарките,другарите,комшиите,дечковци,девојки,деца,партнери)ќе те остават,порано или подоцна.
Единствено што останува сме ние самите.
Сами доаѓаме на овој свет и сами си одиме.
Дали сме ги прашале комшиите смееме ли да дојдеме на светов?
И што мислат тие дали смееме да си одиме?
Дали другарките ќе ни ја обезбедат нашата лична среќа?
И ако се менуваме да би припаѓале на некое друштво обликувајќи се во нешто што всушност не сме,само го губиме односот со самите себе.Се губиме себе.
Зависноста од туѓи мислења го створа најголемиот затвор за еден човек.
Со кој си таков си би била за мене ситуација во која самите ги бираме луѓето слични на себе,со слични размислувања,да би можеле да се дружиме со нив и да доживуваме убави моменти.
 
Последна промена:

oптимистка

Истакнат Член
1 април 2014
9
8
103
Кога самите себе не си остануваме верни и ставаме маски,покажувајќи го нашиот талент за глумење водиме заговор против себе и воедно ја убиваме вистинската вредност на она што се крие некаде во нас.
Сите останати(било другарките,другарите,комшиите,дечковци,девојки,деца,партнери)ќе те остават,порано или подоцна.
Единствено што останува сме ние самите.
Сами доаѓаме на овој свет и сами си одиме.
Дали сме ги прашале комшиите смееме ли да дојдеме на светов?
И што мислат тие дали смееме да си одиме?
Дали другарките ќе ни ја обезбедат нашата лична среќа?
И ако се менуваме да би припаѓале на некое друштво обликувајќи се во нешто што всушност не сме,само го губиме односот со самите себе.Се губиме себе.
Зависноста од туѓи мислења го створа најголемиот затвор за еден човек.
Со кој си таков си би била за мене ситуација во која самите ги бираме луѓето слични на себе,со слични размислувања,да би можеле да се дружиме со нив и да доживуваме убави моменти.
Добро кажано мила но сепак секогаш и не можеме да ги бираме тие околу нас и во тој случај единствената слика за нас се крие во самите нас а не во луѓето доѓнас :)
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Луѓето кои поминуваат време заедно полека заличуваат. Сакал или неќел ќе прифатиш некој елемент од туѓото однесување. Па и негативен...
Двајца механичари, еден од друг учеле ко биле мали... и сега иако двајцата имаат по 45 години и поретко се гледаат сеуште имаат многу слични движења, многу слични размислувања, сличен став на настапување кон луѓето, сличен начин на хумор...
А за последново што го спомнав сум озбилен... Сите имаме приметено, секое друштво има свој начин на зезање. Нема теорија да ги сватите на кој начин функционираат, тие сами си кажуваат шеги на кои само тие си се смеат, некои друштва се смеат зајадливо само на нечија мака, некои прво насамаруваат некого па нему се смеат, некои се смеат исклучиво на слатки случки од минатото и тн...
На сличен начин се смеат, исто се кезат со муцките, исто гласно се смеат... сте приметиле? Таа е таа фрекфенција на однесување „с ким си такав си“!
 

Samurai

Нов член
24 април 2014
17
13
3
Зошто ова кога ке се спомни веднаш се зборува за негативности?? Со кого си-таков си, најдобар другар ми е математичар и сеа и ја ке бидам математичар?? Ја појма неам а тој решава задачи што се наменети за студенти а ја уште незнам питагорова теорема од 6то... Се разбира дека ке нема да имаш 1 математика кога другар ти е математичар али сепак кога ке станеш како него добар во математиката, пиши на фиксен ;) Во некои случаи навистина така е али и немора да биде да прифатиш нешто што мнозинството(твоето друштво) го прават.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
У глобала ским си такав си .........
Али еве од лично искуство па и не мора да значи. Бев у лошо друштво сите беа да речам "ТАКВИ".
И ден денес слушам најразлични муабети за нив, а за мене нема ништо.. Сакам да кажам доколку дадете повод и причина за да бидете "ТАКВИ" , тоа би било многу лесно. Во мојот случај се дружев ... па да не претерам 4 саати дневно со нив и не бев ТАКВА.
Мислам дека тука уште побитно е ... Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш. :)