Ваша поезија

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Биди слободен како капка вода,која во пареа слободно се искачува во непознати висини,и во мраз повторно паѓа во непознати длабочини.Нејзиниот дом е цела вселена.Зошто ти си го кратиш твојот дом и се згрбавуваш меѓу два плота,едниот раѓање а другиот смрт?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar, Prashina and Lena

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Стар стих загубен во прашината,
никогаш не повторен,
никогаш не заборавен,
од љубовта инспириран,
од страста зачнат,
од тебе напишан,
со прегратка прочитан,
од бакнежи не дочитан,
да го слушнам повторно,
рани да зацелат,
да го слушнам
гласот на твојата душа,
и да излезам
како победник од оваа прашина,
да ни се допрат усните,
да ни се спојат дланките,
заедно како некогаш
да ги допреме облаците,
да го вратиме виножитото,
заедно како некогаш
зошто ти си сонце ,а јас дожд.
 

Enigma

Истакнат Член
18 април 2014
3
7
303
Бакнежи по моите усни

Пушти ме да ја почуствувам твојата љубов како дожд од бакнежи по моите усни.
Би можела да те сакам
ох,да јас те сакам.
Сакам,
пренесува премалку
светлина
од оганот кој вирее во мене.
Само жарче е во пепелта
што светли.
Не се надевав,
се појави ти.
Да ја напојуваш душава
со љубов.
Да создаваш насмевки на лицето мое,
да бришеш солзи,
бакнувајќи трагови нивни.
И еве се предавам..
Пушти ме да ја почуствувам
твојата љубов како дожд
од бакнежи по моите усни.
Бакнувај ме во ноќите,
не престанувај,не застанувај.
Те љубам,
те љубев,
ќе те љубам.
Бакни ме и стопи ме.
 

Enigma

Истакнат Член
18 април 2014
3
7
303
Девојчето во неа

Тоа девојчето во неа,
сонува.
Големи недостижни соништа
така големи како тогаш
рацете на татко и.
Тоа девојчето во неа,
се радува на мали така небитни нешта,
на универзумот скриен
во очите на децата.
Тоа девојчето во неа,
прашува и не престанува.
Илјада зошто,
илјада затоа.
Тоа девојчето во неа,
бара упорно
скалила да се искачи на
виножитото,
не ги наоѓа,
па
прави јажиња од свенати лисја
се качува горе и
ги гледа зраците на сонцето како во капките на дождот рефлектираат љубов
над градот,
подарувајќи малку волшебност
во тоа сивило.
Тоа детето во неа,
е среќно.
Се храни со радости,
а пие среќа,
и зборува многу,
бескрајно многу.
А кога е тивко..
Ја гледа месечината која
штотуку се појавува
од покривите на куќите
и застанува на неа,
лебдејќи низ просторот.
Можеби ќе го види некаде
принцот на белиот коњ.
Го гледа,
ете го,
и подава рака и ја води
со себе.
За миг се претвора во
моќна заводлива жена,
жена која знае да љуби,
да чека и да простува.
Знае каква е болката
после љубовта,
знае колку е беден падот
во бездната,
и учи,
учи
да ги припитоми демоните
кои дивеат во празнината на
длабочината,
претварајќи ги во поносни
верни војници.
Тој оди
а девојчето во неа
почнува да сонува.
Си беше еднаш...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Iris* and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Дојде како мисла

Дојде како мисла,
ќе заминеш како мисла.
Ја обликував,
и давав форма.
Беше странец непознат,
беше ништо,
па пријател која подава рака.
Дојде како мисла,
заминуваш како мисла.
Мисла која се распрсна во
милион чувства,
како ѕвезда која раѓа
нови соѕвездија,
оставајќи ја зад себе
широчината на небото.
Така и ти,
зад себе оставаш
длабочина со ѕидови,
кои
ќе мора да ги искачам,
да би ја видела
новата земја,
онаа на чудата.
Дојде како мисла,
ќе заминеш како мисла,
а таму некаде измеѓу,
останува животот,
исполет со љубов.
Насмевка.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога недостигаш,
само дождот,
душава ја смирува,
и нема ништо тајно,
во солзата што лее,
ја вдахнувам твојата мисла,
и те слушам длабоко во ноќта,
како ја воздивнуваш мојата,
и не случајно се запознавме,
нишанејќи кон небото,
а ќе се разделиме без зборови,
во љубовта неискажани,
и не заплачи ти,
никогаш не ти недостигав,
нити те презирав,
но сепак создадов свет,
доволно голем за двајцата,
врска нераскинлива,
очекувана,
ги затворам очите,
те гледам,
сосема си вистинита,
дланка на дланка
и целата вселена во нас се пресликала,
на прстиве ѕвезди,
и со нив косата ти ја опсипувам,
кога недостигаш,
стоиме еден спроти друг,
претворени во вечна убавина,
бесмртна,
фрлени во мирисот на пролетта,
долго низ ветрот,
нежности ти шепнувам и едноставно те сонувам,
а во сонот јаве,
нема граници,
нема идно,
нема минато,
самата си присутност,
сегашност,
и во неа помалку недостигаш,
остани таква,
недостижна,
што од срцето,
си исплела блискости,
само нам познати.
 
Последна промена:

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Кога ти недостигам,
крадеш ли туѓи мисли,
да би ги заборавил своите,
го лажеш ли времето,
провлекувајќи го низ световите,
ти се потат ли дланките,
барајќи ме низ соновите?

Кога ми недостигаш,
само ги затворам очите,
стоиш сам сред сребрена магла,
ѕвездените порти ги отвораш,
ме повикуваш во својот свет,
велиш свет на среќата,
свет на вечноста,
создаден за нас,
а јас помислувам:
зошто не се сретнавме порано?

Кога ти недостигам
помислуваш ли и ти како мене?
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Се будам во ноќите
во црна свила завиени,
прашувајќи се
реалност ли сум,
која сум,
каде сум,
дали сум само една
од безбројните,
и оние изгубените,
во вртлогот на животот,
игра на судбината,
со причина,
или случајно,
немам одговор,
само прашања,
едно,второ,трето,
се нижат
до бесконечноста,
а јас
се губам во нив,
студено лице,
камени усни,
очи без очи,
и по некоја солза
залутана,
мала а тешка,
ноќта ќе ја измами,
душата да се испразни,
и нема да е прва,
ниту последна,
но единствена од тебе,
за тебе и по тебе,
а не сакам,
не сакам веќе,
ниедна повеќе,
сакам ноќ
со ѕвезди,
и ѕвезди во
месечина,
кога се будам
сонце во мене,
изгрејсонце без
зајдисонце,
сакам ноќ
со усни разиграни,
со твоите споени,
и лице од среќа извајано,
во твоето претопено,
очи и очи,
мои и твои,
за љубов создадени,
со љубов исполнети,
без зборови,
не се потребни,
ништо друго
не е потребно,
само јас,ти, и
нашето постоење,
во една поинаква за мене
ноќ.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Те нема,
ме нема,
всушност јас и ти бевме ништо,
ти ми беше незнајност,
јас тебе случајна знајност,
ние немаме годишнина,
немаме среќа,
тага можеби,
како во книга или некоја драма,
еден филм,
космички,
ѕвезди,
по некоја планета,
универзум помалку,
само неколку месеци и по некој ден,
миг секогаш,
утро и квечерина без ден,
ноќ без почеток и крај,
да и месечина,
и нејзина светлина,
таа една доволна,
ме утешува,
кога заспивам,
со насмевот ме потопува,
вие две бескрајност,
и нема очајност,
ти знаеш,
таа повеќе,
ќе го изодиме патот,
каков и да е,
на крајот,
ќе кажете,
nothing at all,
кому е важно,
ако не нам,
иако не ве повикав,
едно сте,
ќе недостигате,
во липањето ќе се препознаете,
во шепотот ќе ме изговорите,
но јас ќе бидам само спомен без мермерен сјај,
на усните пеплосан траг.
 
Последна промена: