Дали ви се има случено некоја натприродна работа?

Borce Atanasov

Нов член
28 октомври 2013
1
4
3
29
Ми се има случено еден чуден настан, неопишливо, до основно оделение незнаев да нацртам еден прост цртеж, од прва година средно почнав да цртам икони, најпрво започнав да халуцинирам, едноставно така ми изгледаше идеалот на сликата, иако не знаев дали воопшто и така изгледаат светците, еднаш ми се случи да ја погледнам хартијата и да ги видам цртите ( линиите), што ми го обележуваа цртежот, а до душа жити се и незнаев што ке цртам, ете започнав да одам по линиите, и на крај испадна Исус со винова лоза над него (wasntme) изгледаше прекрасно, за прв пат почувствував трема, не само тоа дури и се прашував како успеав оваа да го нацртам, се појави од некаде мајка ми и ме праша што правам, објаснив и кога го виде цртежот почна да се смее, ми вели па Борче ти до основно не знаеше пеперутка да нацрташ, еј па сега што е оваа?:giggle замолчев како пес, незнаев што се случува со мене, го нацрттав и завиткав цртежот си реков сега не можам да го довршам, ке го сторам тоа по неколку дена ...Поминаа денови, си реков да го погледнам да се зачудам повторно и да го завршам да биде целосен и онака не беше, кога го отворив цртежот, тој веке беше исенчен со молив, жива слика.. :eek: си реков помалата сестра ова го сторила си играла со мојот цртеж а јас толку се трудев, но сепак убаво направено, ја прашав таа вели кога ти почна да црташ икони :D, се смееше, го зедов цртежот и го покажав на моите дома, баба ми рече однеси го во црква клај го во рамка, тој не е веке твој.. ;) Одтогаш знам само едно, го знам тоа што не го знам :nah
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
да пред некое време бевме излезени со другарите и на небето имаше една ептен сјајна ѕвезда..и почнавме муабет шо е работат шо се гледа толку јасно и по 5-10 минути ја снема... ептен страшна работа и неуба в крај
Ми се има случено. Еднаш кога бевме на годишен одмор во Грција со родителите. Почнав да гледам во неа. Ја гледав подолго време, но потоа мајка ми нешто ме праша и јас го трган погледот и и одговорив. Потоа ја барав ѕвездата, но не можев да ја најдам, а прво само таа беше а небото. Помислив дека сонувам и (бидејќи бев мала и видов еден таков цртан) си шлапнав една шлаканица. Толку се сеќавам.
Можеби воопшто не било нешто натприродно, но многу се исплашив тогаш.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
не те сватив за што конкретно ми збориш ?
Поради тоа што ме мрзи да пишувам ти копирав текстче од википедија за да сватиш подобро
Инаку и мене многу често ми се случува да се парализирам во сон, во тие моменти гледам разни суштества, слушам гласови, некоја сила ме тегне де нагоре, де надолу, ме обзема ненормален страв и тн.

Парализа при спиење


Симптоми и карактеристики

Психолошки, парализата при спиење е тесно поврзана со РЕМ атонијата, парализа која што се појавува како природен дел од РЕМ спиењето/фазата. Парализара при спиење се појавува и при спиење и при будна состојба. Кога се случува по заспивањето, лицето останува свесно а телото е исклучено за РЕМ фазата и се нарекува хипнагошка или преддормитална парализа. Кога се случува по будењето, лицето се освестува пред РЕМ циклусот да заврши и тоа се нарекува пост-дормитална. Парализата може да трае од неколку секунди до неколку минути.во текот на кои лицето може да доживее панични симптоми. Како што покажува споредбата со РЕМ фазата, сеуште е можно да се случи мрдањето на очите за време на вакви епизоди. Кога има отсуство од нарколепсија, парализата при спиење се нарекува изолирана парализа при спиење. (ISP). Парализата може да биде придружена и од страшни халуцинации и привремено чувство на опасност. Парализата е особено застрашувачка поради реалистичноста на таквите халуцинации. Елементот на халуцинација кај парализата при спиење уште повеќе наведува лицето да го интерпретира искуството како сон затоа што замислените или објектите од сонот можат да се појават во собата во нормалниот видик на лицето. Одредени научници сметаат дека оваа состојба е објаснување за вонземските опседнувања и средби со духови. Студијата на Сузан Блекмур (Susan Blackmore) и Маркус Кокс (Marcus Cox) на универзитет во Западна Англија ја поддржува претпоставката дека изјавите за вонземски опседнувања се поврзани со парализа при спиење, а не со привремена мозочна лабилност.
Можни причинители

Неколку студии заклучија дека скоро сите луѓе доживуваат парализа при спиење најмалку еднаш или двапати во животот. Студијата спроведена од страна на Sedaghat F. et al. Ја истражуваше распространетоста на парализата при спиење кај иранските студенти по медицина. 24.1% од студентите доживеале парализа при спиење барем еднаш во нивниот живот. Истиот резултат се покажа и кај студентите во Јапонија, Нигерија, Кувајт, Судан и Америка. Многу луѓе кои вообичаено доживуваат парализа при спиење, исто така страдаат и од нарколепсија. Панични нарушувања заедно со парализа при спиење почесто се појавуваат ка Афро-американците отколку кај кавкаските американци. Некои извештаи велат дека одредени фактори ја зголемуваат склоноста кон парализа и халуцинации, како што се:
  • Спиење со лицето нагоре или легнати на плеќи
  • Зголемен стрес
  • Нагли промени на околината или начинот на живот
  • Луциден сон што непосредно се случил пред епизодата.
  • Претерано користење на алкохол и недостаток од соодветно спиење.
Поврзани појави

Многуте сфаќања во врска со парализата при спиење (чуство на зуење, гласни звуци, вознемирена ментална состојба, духови и самата парализа) исто така ја сочинуваат вообичаената фаза во ран напредок на епизоди за кои се смета дека се вон-телесни искуства. Менталното фокусирање варира меѓу две состојби: лицата кои страдаат од парализа при спиење се трудат да се фокусираат на повторно воспоставување на функциите на телото, додека субјектите кои имаат вон-телесни искуства се повеќе преокупирани од осознавање на несоодветноста со телото. Фолклор
Оригиналната дефиниција за парализата при спиење беше кодифицирана од страна на Д-р Семјуел Џонсон во неговиот „Речник на англискиот јазик“ како "nightmare," (ноќна мора), термин кој се вклучи во нашата модерна дефиниција. Во светот се сметало дека ваквите парализирања при спиење се демонско дело или поточно инкубус (incubi), за кои се сметало дека седат на градите на оној кој спие. Во стариот англиски јазик името за овие суштества е mare или mære (од прагерманскиот *marōn, или старонордискиот поим mara), и така mare станува дел од nightmare. Зборот етимолошки може да се препознае и во Елинискиот Marōn (во Одисеја) и Māra во Санскрит.
Народното верување во Њуфаундленд, Јужна Калифорнија и Грузија опишуваат негативна фигура на Hag која ноќе го напуштала нејзиното физичко тело и седнувала на градите на нејзините жртви. Вообичаено, жртвата се буди со чувство на терор, течко диши поради чувството на тежок невидлив товар на неговите или нејзините гради и не е во можност да мрда, на пр. Доживува парализа при спиење. Ова ноќно доживување е опишано како "хаг да ве јава" во гула фоклорот. "Старата Хаг" е страшен ноќен дух во Британскиот и исто така во англофонскиот северно-американски фолклор. Во Фиџи, ова искуство се интерпретира како "kana tevoro" – да се биде 'изеден' или опседнат од демон. Во многу случаи демонот може да биде дух на неодамна починат роднина кој се вртил да доврши некоја недовршена работа, или пак дошол да им пренесе важни информации на живите. Често луѓето кои што спијат до опседнатото лице велат "kania, kania" (јади! јади!) со цел да ја продолжат опседнатоста за да имаат можност да разговараат со мртвиот роднина или духот и да бараат одговори за тоа зошто тој или таа се вратиле. Кога лицето кое се буди од такво искуство, често се бара од него веднаш да да го проколне или да го избрка духот на мртвиот роднина и тоа некогаш вклучува буквално обраќање кон духот велејќи му/и да си оди. Во Нигерија, "Изолираната парализа при спиење е повообичаена и се повторува кај луѓето од афричко потекло отколку кај белите или Нигериски Африканци " и афричките заедници често ја опишуваат оваа состојба како "Ѓаволот на вашиот грб".
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не постои нешто како натприродно. Како може нешто да е над природата? :)
Се е во вашата глава, само што не знаете колку ви е голема главата, рекол еден познат телемит од Америка.
 

Samara

Истакнат Член
25 март 2014
11
2
103
30
Два пати досега ме има газено сенка. Првиот пат ме гушеше па ме стегаше за половина. Никако не можев да писнам само знам дека си кажував молитви во себе. Имав траги од линии на половината како некој да ме жгрпал бев и црвена. И ден денес ми е останати некоии линии (да ме потсетува на таа ноќ) :eek


ова што го кажуваш е слично на сениште. имам еден другар со биоенергија. се разбудил во 2,3 сатот сабајле бидејќи осетил тежина и не можел да диши. на него немало ништо но осеќал како да седи некој на него. почнал да кажува молитва и одеднаш го снемало сеништето. познавам многу личности што му се случило ова.
 
Последна промена:

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Уфф седевме со друштвото летото 2013 праефме мајтапи едно друго и едно дете почна да прај муабети за надприродни работи и сите се зазборавме и истата ноќ се случија повеќе надприродни случки
1. Небото беше чисто ама набрзина надојдоја облаци и океј летно време ноќе ќе гррми ќе свети и го глеафме небото тепафме муабети за сеништа едно др. и после едната секавица падна ѕвезда на место каде шо немаше облаци и се осветли огромен простор и малце се подуплашивме ама продолживме да седиме на истото место и да кажваме исти случки.
2. Престанаја секавиците од небото муабето продолжи и за некои 2,3 минути падна нешто и сите одма станавме срцето тогаш ако не ми пукнеше незнам кога хахха..и од местото то кај шо падна се слушаја некои звуци на плач од бебе, прво мислевме дека можеби е птица некоја оти и се слушаше и така, бебе не е можно хахаха ама стварно така се слушаше и јас се осмелив да се доближам до местото на др. страв му беше реално ама ете таков сум одлучен бев (цела ноќ имав лошо предчувство, важам за интуитивна личност) појдов немаше ништо заминав се вратив пак почна после дојдовме сите престана.
3.И главното..Беше 3 саат по полноќ и после сите стресој решивме да бегаме сите дома АМА само шо се испоздравивме снема струја прст пред око не се гледаше местото беше полу пусто ама другарми живееше близу тоа место и решивме дур да се раздени да останиме таму оти ни беше страв. Тоа и се случи останавме и истото утро дојде мајка му на другарми и ни рече дека местото кај шо седевме е Црквено место и дека пред 2 недели во близина на местото кај една куќа му излегол Бел Ангел во куќата и чоеко се уплашил многу всушност тоа била Св.Ана каде живеела на тоа место и на истото тоа место имало црква.
И ОД ОВОЈ ДЕН МОЖАМ ДА ВЕРВАМ ВО СЕ И СЕШТО, ПРЕД ОВОЈ ДЕН НЕ ВЕРВАВ ВО НИШТО ОД ТИПОТ НА ДУХОВИ, СЕНИШТА, ВОНЗЕМЈАНЦИ И СЛ. АЛИ ТОЕ ЖИВОТОТ ЌЕ ТЕ НАТЕРА И ДА ВЕРВАШ ВО ВАКВИ РАБОТИ.
 
Последна промена:

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
ова што го кажуваш е слично на сениште. имам еден другар со биоенергија. се разбудил во 2,3 сатот сабајле бидејќи осетил тежина и не можел да диши. на него немало ништо но осеќал како да седи некој на него. почнал да кажува молитва и одеднаш го снемало сеништето. познавам многу личности што му се случило ова.

Дај кажи ги тие молитвите и ние да се браниме во случај да не нападнат,сенки маскари креони и други бабини деветини кои живеат во вашата фантазија?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Aleksis

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Да бе... кога и да се напиев...
ми се има исправено патосот... и туп право по муцки(facepalm)
Имам слушано гласови, имам зборено со некој што не е в соба....

Море, чувал Господ... страшно е тоа да ти се случи на живо...(shake)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Реално ми се нема случено мене лично, ама сум под постојан страв дека ќе ми се случи, како параноја ме фаќа навечер некогаш и паника. Така да од пусти страв више се осеќам како 5милиони пати да сум била во некоја натприродна ситуација.
Инаку кај нас дома пред 3-4 години , после 1 год откако почина дедо ми, на Татко ми му се случи да се разбуди од сон, да не може да се помрдне , а над него црна сенка со главата како остар агол. Не се чувствувал како да го стега , туку само неможел да се помести, а мајка ми до него си спиела мирно. Така неколку секунди, кажува дека во себе ја повторувал „Оче Наш“ и одеднаш сенката се собрала и низ прозорецот надвор.По неколку секунди почнало и телото да му се пушта. Сум читала за феноменот парализа за време на спиење и многу веројатно е да е и случајов резултат на тоа што будењето на мозокот од сон не било синхронизирано со будењето на телото, но кога Татко ми се консултираше со Поп, тој му кажа дека најверојатно бил нечестивиот, и дека тој се појавувал со така црна остра глава како на риба, тоа бил као знакот. И као , имаш среќа некој што те чува те разбудил и те спасил. Језиво. Јас една вечер после случајот знам седев кај нив во спална и некако ми пројдоа морници по грбот, се свртев станав и со висок тон се обратив „Ако има тука некој, ти наредувам да го оставиш моето семејство, и да си заминеш од оваа куќа“ И се прекрстив 3 пати пред икона.
За се сум разумна, ама во овие работи не се мешам ни со факти ни со докази ни со наука ни со ништо. Ни да , ни не. Ама молам да се подалеку од мене.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Да се надоврзам... не е натприродна, али сепак ... :igra(facepalm)

Тоалетот ни е така поставен што терасата е над него, а алиштата кога се простираат на тераса може да стигнат и до прозорците од тоалетот ако се подолги.
Енивеј, лето... цела веќер читав некои језиви работи на нет и кај 12 и слегов во тоалет на долниот спрат да мијам заби... онака баш намовнат и претпазлив, едвај се кандисав...
Напната атмосвера, се слуша ѕидниот часовник со неговото језиво чукање, надвор дува ветар..
Јас едвај кренав поглед да се опулам на огледало... И ИМА ШТО ДА ВИДАМ...
Наеднаш накај прозорецот со ненормална брзина се доближуваше нешто бело што го прекриваше цел прозорец...
Се стаписав... не можев воздух да земам... Ќе си умрев на место
Среќа, го видов работ и сватив дека е
глупав, е**н, скапан, смрден
чаршав за кревет....:giggle:mstickle:nerd:eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and diva orhideja