Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Многу пати ме фајќаат кризи за тебе.
Често пати несвесно ја бакнувам перницата, како да си ти... смеејќи се кога свајќам што правам.
Многу работи ме потсетуваат на тебе, многу песни, кои се наши, често пати слушам една иста песна по цел ден, бидејќи ме потсетува на тебе.
Некогаш сум на седмо небо, а понекогаш се чуствувам како да сум во пеколот за момент.
Убаво ми е кога сум со тебе, сум онаа јас, не мора да се преправам дека сум некоја друга, да внимавам кој збор да го употребам, или секогаш да бидам со шминка и погодена од глава до пети.
Ми недостигаш :) :svirka
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ти си само илузија, но твоите зборови се искрени и ја отсликуваат реалноста. Јас сум илузија, маја на животот која замајува и во замаеност се изгубува. Каде е крајот? Овде или некаде далеку. Каде сум јас? Во која илузија изгубена? Кој си ти? Не те препознавам, во ехото те довикувам секој миг. Те нема, се повеќе те нема....Сакам да ги затворам очите и да сонувам , во рефлексна кома да се одморам...
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Знам дека некогаш пак повторно ке се сретнеме и знам дека пак ке ме погледнеш со истиот поглед со кој ме гледаше некогаш и секогаш... Знам дека ти недостигам! Погледот ги открива твоите тајни.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Се прашувам колку ќе ја боли кога би знаела? И дали навистина ќе ме остави како никогаш да не сме си пополнувале време и простор,кога ќе дознае од чија постела секој ден пијан се враќам? Дали имам право да и ги извалкам чаршафите,да и гнасам образ,да и кинам чест со оваа машка гнасотија што како малер се влече зад мене секој ден чим очите на таа по која телото жеднее секвентно ме погледнат? Јас не осеќам страв. Можеби зашто знам дека златна резерва со раширени раце (и нозе) ме чека откако оваа другата ќе ме шутне со стапалата и згази без срам и перде. Ќе има право читателу. Можеби зашто од најдоброто сум барал подобро,а после суперлативот не постои компарација. Ете таков сум не се задоволувам со малку,а несвесен сум колку многу имам. Имам две: една да ми ги исполнува желбите преку ден,а друга фантазиите преку ноќ. Иако навидум се исти тие тотално се разликуваат-првата ме љуби мене,по втората копнеам јас. Само дали копнежот и љубовта се подударни поими? И дали после љубовта која сум ја добил без да ја прифатам,подарената страст ќе биде иста?Ме мачат прашањата. Та и нив кој да ги одговори,освен самиот јас. Прости што вака те прашувам,што ти реметам раат и тупам со реторички неодговори. Ама си имам мака. А таа мака е-дали да се подвргнам на љубов за векови или страст што како молња ќе го сецне небото и ќе згасне? Знаеш ли? Ако би знаел дали и ти би го сторил истото? А не се сомневам дека и ти како и мене,напатена душа со прегорени хормони,си отфрлил некоја зашто послатка била таа што не била ни твоја. Туѓото е забранета овошка. Грев што притаено чека да те згмечи во ќор сокак и д ати го исцеди сокот на животните радости. Назад нема. Знам дека вака туѓ неа повеќе и годам. Но кога сум туѓ не сум свој. Јас припаѓам на оние концентрациони логори каде маста ми ја вади ѓаволската глад за непознататото. На крајот на оваа голгота ќе останам сам. Сакам да се жежнам,да си опечам дланки,да преусисам срце. Сигурниот избор е секогаш помал ризик. Зашто сум мегаломан ќе си терам по слаткото. А знаеш како велат,слаткото има краток век. Ама ако,тврдоглав сум. И кога ќе биде кратко,барем ќе знам дека сум се насладил со горчината.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Знаете,можете да го сопрете времето,да бидите лути некому,да му вртите глава,но се додека рцето не се откаже од него,бидете сигурни дека не е крај.Телесото ве уверува дека раскинало,но духовното потсвесно го посакува .
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Таму некаде поделивме душа, мојата, твојата се споија за миг. И еден миг кој во вечност ќе го паметам. Молчи , танцуваат сенките . Слушај, мртвите говорат. Јас и ти, спој на неспоивото. Побистро од солза ,пократко од сон...
Не ме буди, остави ме да сонувам...
 
Последна промена: