Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Ми недостига твојата сликичка на профилот,името во чет листата,бројот во телефонските повици...Ми недостигаше начинот на кој чекориш широката насмевка на твоето лице која беше последица на некоја моја глупава мисла....ми недостигаат плавите очи и сјајот во очилата претопен од уличната светилка...ми недостигаат долгите ноќни разговори,заедничките кафиња,последната цигара во долгата луда ноќ која си ја предававмеод уста во уста...ми недостигаш да се збуниш,да се налутиш(а лутач беше),да треснеш некоја зелена,да ме вдомиш во топлината на твоето тело...ми недостигаш кога излегувам на нашето место каде го пиевме нашето кафенце сокриени од толпата на луѓе која постојано беше љубопитна зошто толку големо неочкувано ,,другарство,,.......Само на сон ќе ми се јавеше колку да не ја заборавам бојата на гласот и ликот кој и без тоа не сакаше да ме напушти.......ми недостигаш се ме потсеќа на тебе....Ми недостигаш да ме поздравиш,да ме гушнеш,да ме стоплиш со зборови ........Ме прашуваа пред некој ден како ти е ти недостига ли,добро си вака,среќна ли си ??? Одговорив да среќна сум но тој е човекот кој дури додека сум жива нема да го заборавам, само не толку лесно ....Навистина поминува се заборава,но љубовта меѓу нас која никогаш не ми ја призна никогаш нема да помине .....барем за мене .
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Ми треба некој да ми кажи те сакам,моја си,најмило мое,ти си ми се... да ми треба
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Y1K991

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Имавме свои идеали,а заеднички маани. Двајцата негиравме дека сме си потребни еден на друг. И никогаш не си кажавме,само го премолчивме тоа што сите околу нас го знаеја. Болно беше да бидеш последниот кој ќе стане свесен за своите чувства. И се потчинивме на гордоста,нејзнаејќи дека таа го пишуваше нашиот роман со горчлив крај.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Точно е,ќе завртиш грб на личност која си ја сакал невозвратено,ќе бегаш од минатото,а тоа како змија ќе се влече зад тебе,но никој нема да успее да ти ги оперира спомените од глава. Разумот памети,срцето слуша. Новото не го истиснува старото.Тоа е само една фантазма дека сами себе сме си доктори-сме го залечиле болното место,органот под градите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and Y1K991

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Без нималку премислување ја тргнав кон себе и ја бакнав.Таа во почетокот жолчно се опираше,но потоа се предаде на мојот здив. Така скротена ја милував по косата,а таа како да заборави на неранимајкото кого го чека. Тој ден таа убавица стана дел од мене.Како и црвениот кармин кој цела вечер годро го носев на усните и веќе не сакав да го избришам.......
.......Јас не сум разочарана.Не сум ни огорчена.Моето разочарување на непријателите им носи задоволство.И ти си еден од нив...Moже затоа кога ќе застанам пред огледало ни ликот не си го препознавам. Се смеам,секогаш,секаде и пред секого. Mи велеше:
“Смеј се. Таква си поубава.”
И ете,те послушав. Само се смеам. Се смеев кога открив дека јас и таа имаме еден пресек,а тоа беше ти . И повеќе девојки те делевме. Се смеев и кога бесрамно ми го правеше пред мене тоа што веќе го знаев. Барем, само тоа сум ти го сторила зад грб.Гледаш и колку се разликуваме.
Никој не знае што зад згрчените усни мускули ми се крие. Тоа ни јас не го знам,не го знае ни ликот што ме поздравува од одразот во огледалото. Но насмевката ми помогна да останам на нозе.
Се смеев кога ти плачеше. Се смеев кога падна на колена. Се смеев на болката која некогаш ме болеше мене. Се смеев како што ти се смееше кога ги држеше нив за рака. Се смеев на сметка на мојата измината болка,а сега веќе твоја. Сметката ќе ја платиш ти. Јас не работам со ситно.
Ти благодарам за насмевката, само тоа единствено нешто од тебе ми остана.
 
Последна промена:

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Отворен нов таб, отворена темава. Се мислам што да напишам. Единствено што ми паѓа на памет, се кафени очи, сериозна фаца, готова да пукне од смеење. Девојко, те гледам секој проклет ден на работа. Припаѓаме на различни светови. Замислени светови. Во мојот свет постоиш ти, и моите стравови (накратко моето немање храброст да ти пријдам).
Секогаш кога започнувам неврзан разговор со тебе, мојата уста не го кажува тоа што мојата глава го мисли. Тресам глупости, и неповрзани зборови. Истите ја изнудуваат твојата насмевка.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
ја отворив странава да напишам се што ми лежи на душава со цел дена можеби ќе ми олесни оваа тежина што ја имам ставено во срцево . Не можам да си поверувам колку работите се менуваат колку луѓето се менуваат колку ти се смени наеднаш . Мразам што сум толку добра и мразам што секогаш сум имала разбирање за се што ти се случувало , сум била до тебе и во добро и во лошо. Тешко е , ах колку е тешко да продолжиш без некој што имаш потреба од него , имаш потреба и од една мала насмевка искрена насмевка што ќе ти го разубави денот. Може ли некој да каже сега како се исправаат работите одпосле, да каже како да му дадеш време на времето, кога времето сакаш да го поминеш со таа особа. Ко експлозија од мисли и чувства во себе осекам , ни крај ни почеток гледам. Велат се ќе помине , а зошто знам во себе дека баш ова нема ...
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Малце глупо ми е на овој начин да се обраќам на некоја личност ама па има бар една добра работа, никогаш нема да го прочита ова што значи можам да си пишам се што ми лежи на срцето :)
Прво вака ми делуваш мноогу таинствено, попрво би наместила коцка отколку да дознаам што ти се врти низ главата, што сакаш, што те интересира, што мразиш...
Многу си и срамежлив, а со тоа ме тераш и ја да бидам уште повеќе, ме буниш. И чуден си ми никако не можам да те разберам, барем малку да се отвореше, само малку, мноогу малку и доволно ќе ми биде да знам што како да правам понатаму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Слики,ова,она,срциња.... а само да погледнам знам што мислиш,ама ич не мораш да ми дав аш надеж кога сте "срцки" на сликите
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991