Што е за жените вистински маж?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Вистинскиот маж никогаш не удира жена :zelen

На ова искрено не знам како да одговорам. Секогаш кажувам дека вистинскиот маж е оној кој и обрнува внимание на жената, оној на кого таа му е на прво место, ја сака безусловно и не може ни миг без нејзе, а од друга страна кога ќе го најдам овој тип на вистински маж не можам да функционирам со него. Ми смета премногу внимание, посебно во друштво или на маса, ми смета константно согласување со мене и тогаш кога претерувам и
не сум во право. Тогаш сакам некој порезервиран, а кога ќе
го најдам таквиот копнеам да ми обрне повеќе внимание...
Кој да ме сфати...

Сепак би рекла некој кој не ги преминува границите. Оној кој во кревет ќе ти биде љубовник, надвор пријател, на работа колега...

Или можеби некој со кого ќе ти биде сеедно каде си, каков е, како се понаша и каков треба да биде се док год е со тебе.

Не си единствена, тоа е честа појава...:)
Ама тоа е повеќе за онаа темата со мистерии.

Прав муж бре, да ти удри шамар, па да ти ја земе платата, ама да ти остави 10% за да му купиш пиво. (muscle)

Само кога е неисполнет, човек крои тези за некои совршени појави, во пракса правиме компромис со мааните, а се придржуваме до доблестите.
Со актуелизација на филмовине од типот на Скарфејс и Ране, замав зеде некоја генерација мужјаци што се поистоветуваат со главните ликови, и чинам тие се и највиновни за полемиките што настануваат околу тоа што е вистински маж. Сите се вистински, опипливи суштества со свои карактеристики.
Постојат толку групи и подргупи, што до утре може да пишувам какви жени со какви мажи се привлекуваат и обратно.

This isn't even my final form. (shake)

Од поодамна трае таа полемика, една стара жена еднаш слушнав како изјави дека маж без влакна во ушите - не бил маж...:eek
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Од поодамна трае таа полемика, една стара жена еднаш слушнав како изјави дека маж без влакна во ушите - не бил маж...:eek

Сигурно таа нема слушнато за мокро сухи бријач :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Интересна работа колку смешни ствари сакаат жените. Една моја другарка си се изјасни дека не поднесува машки што немаат влакна под папукот... Маж што се бричи под мишки, маж што не му расти брада...
Ете, тоа неа и го отсликува вистинскиот маж...

Финтите со лигавење на фејсбук палат кај 15-16 годишни чупиња кои после една или две промашени краткотрајни врски „бараат утеха во љубовта“ со некое лигле семесинаповско! Но тоа е краткотрајно, пошто е премногу лигаво...
НО..
Да си кажиме реално, компромисот постои за да не останат многу стари моми...
Тој што вистина има цел, секогаш постигнува успех...

Едноставно сметам дека ништо не си направил во врска со партнерот, ако затебе сеуште постои некоја особа која е поубава, некоја особа која е подобра, некоја особа која е помила , која е по секси... па затоа постои можност да избираме! Глупо е да бидеш со некој „г-дин Компромис“...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Вистински маж?
Човек кој безусловно сака една жена и и е верен до смрт, има почит кон секого, храбар е, не се плаши да си го каже мислењето, секогаш е подготвен за компромис и најважно не се срами да покаже како се чувствува.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
доминира=мажиште/попушта=папучар?


Секој човек некаде доминира, а некаде попушта. Не само мажите и жените исто. Едноставно, некому едни му се приоритетите, мене ми се сосема други. Вистинскиот маж е вистински само за некого, за друга жена може да е обично ѓубре.

Јас сакам да верувам дека вистински маж е оној кој има огромен број на позитивни нешта, но има и многу маани. Кога некој човек изгледа совршено, секогаш се смее, никогаш ништо не го вади од такт, секогаш е расположен, ми личи на една огромна илузија или на една огромна маска. Не сакам човек кој е интелектуалец, јава коњи во слободно време, пишува поезија, прави хуманитарна работа... тоа се само илузии кои женскиот мозок ги креира. Не. Сакам човек од крв и од месо, со кој ќе ми е убаво. Човек кој знае да ми рече дека не сум во право, кој не се плаши да каже нешто, макар бил и погрешно сфатен, човек кој ќе ти рече дека не сака нешто што сите го сакаат без никаков страв.

Дали јаде стакло и поправа низ дома, дали не знае да држи штрафцигер, но затоа знае работи од интелектуална страна кои воодешуваваат навистина не ми менува. Дали сака да го слуша Моцарт или Џастин Тимберлејк исто.

Вистински маж е оној што ќе направи да се почувствувам како вистинска жена. Оној со кој сакам да ги врвам деновите. Оној кој овозможил сите разлики во карактер и сфаќања да паднат да не ја спречуваат врската. А физичко-карактерната компонента е сосем релативна работа.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче


Дали јаде стакло и поправа низ дома, дали не знае да држи штрафцигер, но затоа знае работи од интелектуална страна кои воодешуваваат навистина не ми менува. Дали сака да го слуша Моцарт или Џастин Тимберлејк исто.

Вистински маж е оној што ќе направи да се почувствувам како вистинска жена. Оној со кој сакам да ги врвам деновите. Оној кој овозможил сите разлики во карактер и сфаќања да паднат да не ја спречуваат врската. А физичко-карактерната компонента е сосем релативна работа.

Со мислењево твое се сложувам до некаде. Првиот дел - ДА ... во целост...

Но...
Сето тоа болдираното ми е малку сомнително... Сигурна си 100% за ова црвеното?
Тоа се ствари кои ти определуваат за колку скоро ќе настанат расправии по дома. Тоа почнува да нервира веднаш по спласнувањето на еуфоријата во врската. Замисли, патуваш на одмор и 4 сати од Скопје до Охрид слушаш Бетовен...awesome! :place
или па јаде стакло и ти шета со крвава уста низ дома :rofl
Морате да имате ист стадиум на хигиена, ист стадиум за ефтино и скапо, исто мерило за уживање... тоа се работи што ја крепат врската...
А по многу скоро почнува да пречи и тоа што типот не знае да смени славина што течи цела вечер, што не знае да смени гума на автопат, што не ги фрла чорапите за перење после работа, што типката не знае леб да пресечи
ова го видов кај 17 годишна девојка....потресен бев.... шокиран....

Провери си се на почеток, не знаеш што се ќе сретнеш кај партнерот (партнерката) и колку ќе те извади од такт... А ЗАБАВАТА ПОЧНУВА... ТОКМУ КОГА НАЈМАЛКУ ТИ ТРЕБА!

Што мислите вие?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24