Личен дневник

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Има моменти кога било каде на светов се чувствувам добро, само не дома.
Има моменти кога се смеам, а плачам во себе.
И тоа знае да трае со денови и денови.
Се’ се врти, ништо не се менува.
И не знам зошто го пишувам ова, кога знам дека нема да ми олесни.
Само сакам да спијам, ама и сонот не доаѓа.
Како цел свет да сковал заговор против мене.
А песнава, песнава ми е химна


Ч.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Предновогодишна атмосфера. Таа ја накити куќата како што секогаш го правеше тоа, но секоја година се покасно и покасно.Овој пат два дена пред нова година.
Се прашуваше дали навистина воопшто требаше да ги стави сите тие мали украси и дребулии кои внимателно беа одбирани низ годините.
Тој ја праша културно каде сака да оди за новогодишната вечер. Таа само ја поднамести косата и внимателно одговори- Сакам да сум дома.
Тој-Што ќе правиме дома? Како утки ли ќе седиме сами?
Таа-Во ред.Како сакаш така ќе правиме, но малку сум уморна.
Тој зајадливо и луто праша-Ќе се гледаме ли?
Таа прошепоти-Не знам.
И мислите почнаа да извираат како ерупција во нејзината глава до момент кога и се замати видот. Го памети предновогодишниот разговор многу години нананзад. Секоја буква ја знае, може наизуст да го изрецитира, без грешка, некогаш и солза ќе пуштеше. Но, денес и сега неможеше да солзи. Едноставно се беше многу далеку и назад. Ехото од неговите зборови само извираше од неа.
...Ќе имаме деца, знаеш ли?
...Деца? Мислиш дете?
...Деца душичке, две срца бијат во мојата утроба...
...Чекај, чекај, од каде сега ова? Се договоривме само уште едно, нели?
...Ама, ама, Господ веројатно не почестил.Сме му биле мили. Тој не дарува секому толку среќа...
И тишина. Веќе никој ништо не спомна. Нејзиниот стомак растеше. Таа секој ден се гледаше во огледало и беше најсреќна на светот.
И се молеше за нив. Му благодаереше на Бога и го молеше да му прости нему, дека тој е збунет, и не е лош човек. Само е збунет. А таа безгранично го сака. И му шепотеше во молитвите дека има љубов за нив, дека има многу љубов...
Поминаа месеци. Тој беше нервозен и се почесто викаше по неа, како не го погодила ручекот, како чаршавите не биле правилно испеглани, како се сиромашни, како се неспремни....
Таа го слушаше и слушаше , но ништо не допираше до неа. За прв пат ништо не допираше до неа. Беше во својот свет најсреќна со нив.
Редовно сама одеше на лекар и наоѓаше илјада причини кога лекарот ја прашуваше што прави среќниот татко. Но , тој беше нејзин, а тие беа негови. Немаше причина за грижа. Ќе помине си велеше..Не се штедеше во работата, работеше напорно само да не му ускрати нешто. И ручекот беше топол, и кошулите испеглани,и домот чист. Се беше во најголем ред. елката беше накитена, а стомакот заоблен. Добро го прикриваше со џемперите. Беше преморена, бледа и тешка.Седна на фотељата , нешто и се замати во главата.Почувствува оштра болка и топлина во препоните.Болеше, болеше до срцето болеше.
Носиме во болница, готово е-таа викна.
Тој знаеше и брзаше.
Ќе биде се во ред , не брзај-низ заби процедуваше.
Одтогаш тишината стана непремостива меѓу нив.Таа никогаш не му прости , но и тој никогаш не побара прошка. Никогаш не зборуваа за нив. Тој се плашеше да остане на само со неа.
Ќе се гледаме ли?-прашуваше и денес. Чаршавите не се доволно испеглани-мрмореше.
-Веројатно незнам убаво да ги пеглам. Ме боли раката и неможам силно да притиснам. Задоволен ли беше кога ги однесов последниот пат на сервис?
Не доби одговор. но одговорот не и беше битен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Два дена пред нова година одлучувам каков ќе биде мојот понатамошен живот.
Моите планови за 2014.Уствари некоја ориентација во кој правец да се движам.
Доста ми беа бедови,депри-фази,црни денови.
Ќе си фурам по свое.
На кој му одговара,му одговара на кој не,се знае каде е вратата.
Се одлучувам да бидам среќна,па макар мојата среќа ги уништила туѓите замисли за тоа како треба да изгледа мојот живот.Ќе го обојам животов во милион нијанси на сите бои.
Знам дека сите имаат некакви очекувања на мене,но хеј ова е мој живот и само мој.
Еден е.И ќе го живеам.
Така да првото што ќе го направам во 2014 ќе си резервирам карта за Индија некаде на есен.Потребна ми е таа Индија.Сонувам веќе 10 години за тоа патување.Собрав пари и одам.
Тоа ми е и единствената поголема цел за сега.
Секогаш се трудев да бидам таква каква што другите очекуваа да бидам,да не разочарам некого,да им угодам,да им дадам се од себе,не приметувајќи дека се дадов себе си коплетно.
Од сега важат само моите очекувања на себе.
Можеби звучи егоистично,но не се замарам.
Јас сум...па која и да сум,не се дефинирам која сум.Таа.Со сите убави и неубави страни.
Чинам се додека не се акцептираме такви какви што сме нема да излеземе од темниот свет.
Се додека дозволуваме да бидеме обликувани од нечии замисли и идеи или некој друг да не креира ќе тонеме во мракот.Се додека зависиме од туѓа љубов,од туѓо мислење,од туѓо..што знам уште што.
Го искусив тоа на себе.
Сеуште останува она:
Еден чекор до своето срце е чекор до љубениот.
Така е и никако поинаку.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Секоја ноќ кај и да се свртам - тебе те наоѓам!
Имаме ние двајца премногу светови за откривање... кој ли ќе додржи до крајот...
Крвта што остана тече се поспоро кон своето исчезнување...
А сенката...

Сенката на Земјата е големата препрека за човештвото!
Злото проклето засладено со надеж и вера спие во пазувите на лековерните и мрзливците... Утрото, никогаш нема да биде подобро од вечерта, големата лага на будалите...

Тој што ќе ги види со голо око ѕвездите преку ден ќе знае што значи ова.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Никогаш не го сакав ова а и не знам како го заслужив, по кое правило. Никогаш не сакав да ми се трупаат толку работи врз грб. Ништо не е како што некогаш било. Е тоа се случува. Ништо е е во ред се е преполовено, поделено, разграбано и подзаборавено. Значи толку многу се трудам, навистина давам се од себе, до последен атом и таман кога мислам дека се е во ред проблемите се делат на два дела. Ќе тргнам по двата со цел оптимизам , и кога конечно ќе ги избалансирам и решам се делат на уште два. Советите исушија. Тасовите се изабија. Нема веќе балнас во мене. Здосадено ми е. Здосадено ми е да бидам ќерка поделена на два дела и да балансирам. Здосадено ми е да бидам сестра каде што двајцата си влечат на своја страна а јас мора да сум секогаш тука. Здосадено ми е да бидам бидам перница за исповедување и делење совети. Здосадено ми е од секојдневните рутини само останатите да се задоволни. Демек се трудам да пристапувам кон нив со ентузијазам и желба за иновативност. Да да сигурно. Зошто и да сакам и да не сакам - морам. Здосадено ми е да ги влечкам љубовните проблеми од минатото и сета таа драма. Здосадено ми е од смртта која секогаш ги руши оние столбови на кои можев да се потпрам. Здосадено ми е од колони луѓе, редици од автомобили, гужви, трач муабети, кафиња, погледи, потценувања, преценувања, разговори, средби, авторитети, лични аспирации, конкуренции, забивања ножеви во грб, правила, прописи, кодекси на однесување, модни трендови и се така со ред.
За на крај да ги врзам во крпче сите караници, сите поделби, сите патокази, цела лутина, цела тага, цела таа фрустрација и ги истурам со сета сила врз мене. Повеќе пати одново и одново. Се додека не се уништам до темел и ги исцедам од мене. За на крај како сунѓер да ги впијам одново назад. И се така во круг. Само тука можам да ги изнапишам, каде што никој не ме познава. Но не, Марија тоа не е се.. Ова не е ништо мораш да продолжиш зошто животот еден ден навидум ќе ти биде поубав и се што е твое ќе си дојде. Зошто животот по дифолт е убав. Ахам ,сигурно.. Станувај, нема да те чека тебе светот, не си му ти конкурентна. Имаш чинии за миење.
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
31
Pax Terra
Конечно дневнику дојдов да сумирам и да го запечатам последниот пост во оваа тема з 2013 година. Многу позитивна година онака духовно бев цело време позитивен и насмеан, имаше и многу многу лоши периоди но се знае се поминува и така и тоа колку толку го совладавме. Ништо нема да смени оваа 2014 едноставно една бројка, не може да ги смени спомените, да се вратат лугето кои заминаа од овој суров и неправеден свет, лугето нема да се сменат ке си останат проѕирни и лицемерни и најголеми животни кои и тежат на планетава, бидејки светот е направен за борба и ке те согазат како мравка. Не велам да се борите крвнички, борете се со љубезност и онака секого ке потклекне под тоа;)

Бидете ми среќни здрави и весели оваа 2014 година форумџии :)
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Диар,

Среќна ти факинг нова година, ни еуфорија ни ништо осеќам :/
Ама не сум сама :) Има некој шо мисли на мене. Знам :*
Ај,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie and cakar_ulav

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
нова година....и што ??
дојде и ќе пројде како старата....но со многу нови предизвици.....
застанав на скалите што водат до мојата куќа....го осеќам ветерот...
влегов во годината каде што самиот живот ќе ми биде предизвик....каде што треба секоја болка да ја тргнам
секоја солза да ја скријам...
денеска ми стигна порака од една личност која ми значи многу.....и благодарам...една реченица...доволна за подржка на секоја моја и нејзина борба....
да знаеме дека сме еден до друг секогаш и секаде....
ајде ти непознат противнику....кој и да си те чекам....спремен сум на секој удар....спремен сум за сето она што следува
поздрав.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Епа ..

Убава вечер помината со тоа другарте, и другарките де ај да не ги изоставиме и ни.
Тоа жеанта уш поише ми а разубави вечерта. Доро де женската ај .. мање битно, исто џубре е тоа.
Ти ибам тоа човецте да ти ибам, си а направиме интересна, се изнасмеаме џоа магариња, се изнајадиме џоа стоки, и после шо .. си заминаме да го еам.
Сеа каа че си легнам .. малеееее има да спиам џоа несалам у тоа главата.

Ај се глеаме сабајле, и со ум у тоа лејката.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
....И така си дојде оваа нова година, непоканета,но пристигна. И среќна да ни е новата, и некако животов се сведува на дедо мраз , па купаќи гаќи, па дедо мраз па купаќи гаќи, па Бутел. И измеѓу купаќите гаќи и Дедо Мраз потрудете се да живеете вистински.
Обично утрата во новата година се шетам покрај Вардар и сама со своите мисли си зборувам со реката. Ја слушам , таа си жубори, јас си зборам , со непознатите минувачи си разменувам насмевки и честитки.Сега е магловито но не значи дека ќе ја прескокнам прошетката. Вардар ме чека да му раскажам, да ми го избистри умот. Многу мисли хаотично се преплетуваат, и никако да најдам одговори, решенија, на тие прашања зошто зошто зошто...
Грлото ме боли, ме стега, не сакам да се разболувам , зашто како и се во животов и разболувањето го правам темелно, вистински од срце.
Денес пред многу години бев најсреќна во животот и нема да го заборавам тоа утро со многу сонце кое ми го огреа животот во секоја смисла...Вчера и римел му купив на моето сонце за првпат. Жива и здрава нека е!
Се радувам на утрово, неповторливо е . Онака само создадено за самопронаоѓање во денот кој полека заминува...