Филмови со мал број актери

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Burried некој ми го спомна, ама гледам никој не ги кажал:
Exam (во топ 5 дефинитивно)
The fermat's room (исто супер филм)
Cube (очекував повеќе, сепак вреди да се гледа)
House of 9

Ако ви треба краток опис за било кој од нив, IMDb тука е.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ако не ви е тешко пишувајте и кратка рецензија бар од две две три реченици, и жанр, чисто да знаеме за што се работи во филмот, да не лутаме низ нет да бараме кога веќе сме тука...
 

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
Еве најтазе пример: Gravity само со Сандра Булок и Џорџ Клуни.
На кратко: Сандра Булок е медицински инженер, Џорџ Клуни е астронаут од НАСА. Заедно се во вселената и по несреќа остануваат единствени преживеани. Како ќе се вратат до земјата останува да видите сами :) Ако може да го гледате во 3D - супер. Кај нас го нема во ваква варијанта
 

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Before Sunrise, Before Sunset, Before Midnight сите три филмови се романтични драми, со два главни лика, сите останати се само случајни кои ги сретнуваат, инаку за разлика од другите клише драми овие се малку поинакви, затоа што целата содржина ја раскажуваа ликовите преку нивното случајно запознавање кое прераснува во голема и интересна спонтана љубов на двајца странци во воз. Првиот дел, вообичаено, е најдобар, според мене. Но, добро е да се погледнат сите три за да се забележи развојот, а после првиот нема ни да можете да ги скокнете вториот и третиот ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Misery (1990)

http://m.imdb.com/title/tt0100157/

Приказнава во филмов е за познатиот писател Пол кој вракајќи се накај градот прави сообраќајка и е тешко повреден. Го спасува поранешната медицинска сестра Ени, која е и најголем фан на Пол. Кога Ени дознава дека Пол во книгата го убил нејзиниот омилен лик, почнува да го тера да напише нова книга. :)

Интересен трилер и одлична глума. Вреди да се погледне. :)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Sleuth

Еден интересен лик-писател на крими приказни и љубител на мистериозни и заплеткани игри, ќе се обиде да го предизвика и намами љубовникот на неговата жена во една добро осмислена игра со цел да го надмудри и понижи, но играта ќе добие неочекуван(и) расплет(и) и кобни последици.
Во филмот има само двајца актери, иако се појавуваат повеќе ликови :) Мислам дека има и римејк, ама јас само овој сум го гледала и интересен е за оние што ги сакаат филмовите како Clue, Murder by Death... Малце детективски работи, малце забава, интересни ликови и квалитетно поминато време пред тв :)