Родители хомосексуалци

Дали сметате дека хомосексуалците треба да имаат право да посвојуваат деца?

  • Да, го имаат тоа право.

    Гласови: 6 33.3%
  • Не, во никој случај. Тоа е против природата на човекот.

    Гласови: 9 50.0%
  • Немам определен став на оваа тема. Нивен живот-нивна работа.

    Гласови: 3 16.7%

  • Вкупно гласале
    18

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Затоа што „таквите“ се душевно болни.
Можеби имам стари сфаќања и дискриминирам но, ме иритира овој вид на луѓе и ги сметам за душевно болни.
Само мое мислење...:)
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Ок нека е твое мислење, а и зошто е, мораш и да имаш причини, факти, дела, примери со кои можеш да наведиш и да објасниш поубаво што е она што овие луѓе ги карактеризира како душевно болни и ги сместува во ист кош со социопатите и психопатите?
 
TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Ок нека е твое мислење, а и зошто е, мораш и да имаш причини, факти, дела, примери со кои можеш да наведиш и да објасниш поубаво што е она што овие луѓе ги карактеризира како душевно болни и ги сместува во ист кош со социопатите и психопатите?
Затоа што тоа не природно. Природно е да се привлекуваат маж и жена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Затоа што тоа не природно. Природно е да се привлекуваат маж и жена.
Човек кој не направил ништо лошо, не повредил никого, не нападнал, не убил, ни па има тенденции да направи нешто такво, не е фер да го нарекуваш душевно болен, да му судиш и да го осудуваш. И да трошиш време да го навредуваш, покрај толкав избор на "душевно болни".
И на крај не треба да те тангира воопшто кој го привлекувал и со кој спиел и кои пози ги правеле.
Не ти е тоа душевно болни на место. Немаш причина.

А и ние "обичните" луѓе знаеме да направиме работи кои не се природни... И тоа мошне често.
 
Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
Мојот став по оваа тема уште не ми е разјаснет.
Некогаш си викам па зошто да не можеби ќе бидат уште подобри родители од маж и жена, а после тоа
одма си велам ало а детете што ќе мисли дека е правилно?
Измешани се вредностиве денес...кујзнае што ќе биде со нашите деца...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Затоа што тоа не природно. Природно е да се привлекуваат маж и жена.

Дали ова се случува во природата? Да*. Заклучок?

*претпоставуваме дека луѓето се дел од природата
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Saladin

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Многу плитки размислувања затекнав на темава. Не сите, ама повеќето...(едит на првобитната реченица :) )
Завртете се околу вас.
Колку осудувања има за хомосексуалците? Колку (puke) вакви реакции има?
Како може да биде едно дете среќно кога секој втор ќе го покажува по улица?
Немојте да ми речите дека ако се тие среќни дома и се сакаат и се почитуваат ќе го надминат тоа.
Не можеш ти да му објасниш на едно дете од 5 години дека е љубовта во семејството е поважна од имање пријатели.
А ако живее на балканот, или во некои од позаникаде државите јас ви гарантирам дека тоа дете нема да има ниту едно другарче, затоа што родителите на другите деца нема да дозволуваат нивното дете да се дружи со „чудакот“.

Ова значи дека иако го застапувам тврдењето дека не сфаќам како маж покрај толку убави девојки да погледне во друг маж и обратно, сепак не ги осудувам бидејќи си е нивен личен избор, ама од тука па да посвојат дете и да уништат туѓ живот - не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa and Kitty

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Многу плитки размислувања затекнав на темава. Не сите, ама повеќето...(едит на првобитната реченица :) )
Завртете се околу вас.
Колку осудувања има за хомосексуалците? Колку (puke) вакви реакции има?
Како може да биде едно дете среќно кога секој втор ќе го покажува по улица?
Немојте да ми речите дека ако се тие среќни дома и се сакаат и се почитуваат ќе го надминат тоа.
Не можеш ти да му објасниш на едно дете од 5 години дека е љубовта во семејството е поважна од имање пријатели.
А ако живее на балканот, или во некои од позаникаде државите јас ви гарантирам дека тоа дете нема да има ниту едно другарче, затоа што родителите на другите деца нема да дозволуваат нивното дете да се дружи со „чудакот“.

Ова значи дека иако го застапувам тврдењето дека не сфаќам како маж покрај толку убави девојки да погледне во друг маж и обратно, сепак не ги осудувам бидејќи си е нивен личен избор, ама од тука па да посвојат дете и да уништат туѓ живот - не.

Тоа е проблем во нивната глава и стар проблем во општеството, каде секогаш аргументот е: зошто кај некој друг е вака а кај мене си цветаат рози. Зошто викам дека е стар проблем? Затоа што веќе во западните држави се пробува и на одредени места е успешно совладан. Тоа што кај нас затуцаноста и конзервативноста не ни дозволува да не погледнеме подалеку од дворот на комшијата е исклучиво наш проблем. Да бидам конкретен. Ако утре се деси брак помеѓу двајца стрејт (маж и жена) со различна расна определба, веднаш ќе се дојде до осуда. За се` некогаш се доаѓа до осуда. Било да е за геј брак, различна боја на кожа.. Дури и брак со жител од соседните држави доаѓа до осуда.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Многу плитки размислувања затекнав на темава. Не сите, ама повеќето...(едит на првобитната реченица :) )
Завртете се околу вас.
Колку осудувања има за хомосексуалците? Колку (puke) вакви реакции има?
Како може да биде едно дете среќно кога секој втор ќе го покажува по улица?
Немојте да ми речите дека ако се тие среќни дома и се сакаат и се почитуваат ќе го надминат тоа.
Не можеш ти да му објасниш на едно дете од 5 години дека е љубовта во семејството е поважна од имање пријатели.
А ако живее на балканот, или во некои од позаникаде државите јас ви гарантирам дека тоа дете нема да има ниту едно другарче, затоа што родителите на другите деца нема да дозволуваат нивното дете да се дружи со „чудакот“.

Ова значи дека иако го застапувам тврдењето дека не сфаќам како маж покрај толку убави девојки да погледне во друг маж и обратно, сепак не ги осудувам бидејќи си е нивен личен избор, ама од тука па да посвојат дете и да уништат туѓ живот - не.
Кое дете знае што е хомосексуалност и кое дете место да си игра со врсниците се замара со домашните проблеми на другите?
И каква личност да е човекот, и колку и да осудува не верувам дека ќе го труе своето дете со такви работи како не играј со тоа дете татковците му се педери и слично?

Како ја опиша ситуацијава ти како детево да е од Марс, па нема да биде прифатено, па ќе биде осудувано или не знам што. Децата не се такви, ти треба да знаеш најдобро :)
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Друга вера, боја, раса, преку се може да се помине..ама истополов брак НЕ. Не е дека некој е конзервативен или патријахално воспитан, напротив. Сите сме свесни за новите брзи промени во нашиот социјален живот, и сите се носиме со истите, брзи бракови, разводи, врски, мувања, менување партнери, и пак ништо не е полошо од хомосексуалност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati