Х-Фактор Адриа

Повеќе би сакале X Factor да е..

  • Македонски (само во Македонија)

    Гласови: 19 46.3%
  • Балкански (во пакет со земјите од екс ју)

    Гласови: 22 53.7%

  • Вкупно гласале
    41

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Баш ме интересира по што заклучи дека не е скромна?Колку што мене ме држи памтењето,девојчето искрено си кажа дека нема многу пријатели и дека некои и љубоморат поради гласот,а таа баш би сакала да има многу пријатели.Па што и да им викала на родителите дека не се свесни што имат дома?Ако она не ги натерала да ја пријават во шоуто,можеби ќе немаше втора шанса за светот да слушне за неа.А можеби и се зафркавала.Како и да е,тоа според мене не е огромна самоувереност и самовоздигнување како ти што опиша.Девојчето ниту во еден момент не рече Јас сум најдобра ви си немате врска,јас сум најпопуларна,сите сакат да се дружат со мене..абе остај,никој не може со мене- а според мене тоа е самовоздигнување.Али како и да е,секој со своето мислење :) Извини што те цитирав,ама стварно мислам дека имаш грешка мислење за девојчето.Барем до сега не се покажала како таква.
Искрено си кажала.
Од кај знаеш ти пак дека навистина искрено некој и љумоморел па за да можеме да тврдиме дека е искрена?
Кога тебе некој ама баш ти љубомори ти кажува?
Или тие што најчесто ни кажуваат дека за нешто ни љубоморат уствари се нашите најблиски и така се изразуваат кога сакат да ни покажат дека за нешто ни се восхитуваат?
Пријателите не се стекнуваат со однапред предрасуди дека околината ни љубомори.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Тука воведот барем не е копиран текст :zelen

Околу девојчето од Босна се согласувам со Хоуп.
Многу нескромност изразена во толку мало интервју.
Без разлика на годините,и на таа возраст веке од прилика знаеме што е скромност а што препотентност,мада кога се работи за пубертет.
Од апект на талент за пеење нема ништо спорно.
Песната ја испеа дури подобро и од самиот оригинал.Барем мене ми се допадна повеке.

Ромите не ги гледав во емисијата,но откако ги погледнав покасно искрено ништо посебно не ми се допаднаа.
Жирито си е такво какво што си е,жирииииии :D
Сите се сметаме за добри и достојни критичари а кога некој е поставен на таков стол одма замерки имаме.
До сега барем од она што го оценува Жељко немам ниту една забелешка.
Дури и јас да сум би и кажала Не на нашата Фифи.
Таа можебиима глас,но не знае како да го испласира,многу извештачено.
И то.

те праша некој :D
 

MademoiselleD

Полноправен Член
21 октомври 2013
46
48
18
Скопје
Ајде, вечерва сум на добро расположение, двајцата ќе се удриме (facepalm)

И едно прашање. Тој Никола, плавушата зошто мислам дека беше во едно друго шоу...кај што беше и Александар Белов?


Да, да.. Тој Никола беше во Операција триумф со Белов. :)
Сега за сега Тамара ми е фаворит. Само.... се мислам која супстанца ја имаше во себе затоа што движењата...колку и да беше понесена од мелодијата сепак не ѝ беа координирани.
Можеби грешам. Можеби е само привид; плод на мојата фантазија. Не знам, ама таков впечаток ми остави.
Исто така девојчето Илма, Ирма како ли беше од првата епизода ме занеме. Имаше толку моќен глас... Ама потоа ја слушнав во некоја емисија како пее народни песни - и не ме воодушеви многу многу. Што значи можеби само таа песна што ја пееше на првата аудиција ѝ беше легната така добро па пренесе силна емоција.

Имам една критика за жири-то. Ужасни се! Посебно Жељко...


Се согласувам дека Жељко е катастрофа, глуми нешто што очигледно не е и страшно многу се труди да биде нешто у фазонот на Simon Cowell, ама што е со Кики Лесендрич ? Мислам дека само он вреди од сите четворица. Него го обожавам. Со друго жири шоуто би било каде каде поинтересно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Јас не го следам баш многу. Неколку пати така имам гледано на кратко онака колку да видам што се случува и прв впечаток ми паднаа забелешките и критиките од Жељко. Многу го почитував како пеач ама многу ме изнервира неговоно однесување, во некој филм е влезен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MademoiselleD

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas

Девојчето за жал нема да продолжи, кога отишла вториот пат да пее и кажале дека нема 18 и неможе да продолжи. Ужас, жити шоуто, нели можеле тоа пред да пее да го каже или пред да се пријават да ги кажат правилата.(n)