Омилени цитати (со наведен автор)

anchi

Нов член
8 октомври 2013
17
17
3
Ohrid
„Затоа што живот е убав. Затоа што сакам да се заљубам во Париз. Затоа што сакам да се смеам и да носам што сакам. Затоа што сакам да ги соблечам штиклите и да трчам боса низ чаршија. Затоа што сакам да пијам црвено вино и да јадам чоколадо. Затоа што сакам да излезам со другарките на латино журка и да пиеме текили играјќи „Јас никогаш“. Затоа што сакам да свирам на пијано и да глумам Симон Трпчевски. Затоа што сакам по сто пати да препрочитам една иста книга и да се чувствувам ко јас да сум главниот лик. Затоа што и во сред лето знам да си направам чај. Затоа што не сакам да сум совршена, сакам само да сум подобра од вчера. Затоа што и кога грешам знам дека ќе научам. Затоа што сакам да се бакнувам на дожд. Затоа што сакам да те држам за рака на полна месечина.
Затоа што го сакам светот.
И светот ме сака мене.
Сега.
Овде.
Засекогаш"
girly-34.jpg
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Случајно разлистував стари тетратки и ја најдов напишана и подвлечена и признавам дека ми е криво што ја имав подзаборавено оваа реченица. Совршена е.

,,Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност. - ,,Тетовирани души" од Горан Стефановски
 

DeepBlue

Полноправен Член
10 октомври 2013
50
59
18
nekade vo vremeto...
Знаеш пријателе, јас навистина ја сакав. Мислам, ја сакав. Вистински, лудо и без размислувања. Ми беше единствена. Моја тајна,најголема. Во животов бев со многу, но секогаш само нејзе ја носев во срцето. Најмногу ми требаше, а ете... Токму нејзе ѝ нанесував најмногу болка.... Не можев да го прифатам фактот дека сакам некого, па ја бркав од себе. Постојано ѝ се враќав, а всушност бегав од нејзе. Во еден момент ќе ѝ покажев дека ја сакам, а во следниот ќе ѝ докажев какво ѓубре сум. И најлошо од се, кога ќе се вратев, таа секогаш беше тука. А, сега...
- А, сега што? Ја преболи?
-Не! Има мигови кога ќе ја заборавам за момент, тогаш кога со алкохолот го губам последниот дел од мене.
-Па, зошто сега не појдеш кај нејзе и да ѝ кажеш се?
- Ех, гледаш... Успеав во тоа што го барав. Си замина од мене. Сега кога ќе се вратам, веќе ја нема. Велат дека љуби друг, знам дека тоа не е вистина. Но,...
- Тогаш појди кај нејзе
- Не можам
- Зошто?
Го вклучи разумот. Сфати дека, сепак сум големо ѓубре и дека никогаш нема да можам да ја сакам. да ја сакам, онака, класично. не можам да бидам тука за нејзе, а секогаш ќе очекувам таа да биде тука за мене. Не можам, кога ќе ѝ биде најтешко, да дојдам и да ја прегрнам, иако знам дека таа би го сторила тоа за мене.
- Тебе е невозможно да те разбере човек!
- Ех пријателе, знам... Тоа често го слушам. Само една личност ми кажа дека ме разбира.
- Која?
- Па, таа, пријателе...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Искажаните зборови се како ветерот.
Него не можеш да го заробиш.
Можеш да го пуштиш да дува,да корне,да игра и да дивее.
И откако ќе мине се прашуваш дали постоел,освен,се разбира,ако остави зад себе пустош.
Но,пишаниот збор е како морето.
Преполн е со изненадувања и нови длабочини.
Само што мислиш дека си го допрел дното,ново дно се отвора пред тебе.
 

Mistery :)

Истакнат Член
23 февруари 2013
145
188
143
,,Не затоа што е убав, туку затоа што е повеќе јас одошто сум самата. Од што и да се составени нашите души, неговата и мојата се исти.
Кога се друго би исчезнало, а тој би останал, јас сеуште би постоела, а кога се друго би останало, а тој би бил уништен, светот би ми станал сосема туѓ. Не би ми се чинело дека сум дел од него. Мојата љубов спрема него прилега на вечните карпи под површината, извор за малку видлива радост, но неопходна.
Јас сум тој, тој ми е секогаш, секогаш во умот, не како задоволство, токму како што и јас не сум секогаш задоволство самата на себеси...''
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
jebes-drzavu.png