ТВ Шоу-Промоција на различности!

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
K6_TY47YS3x.png

И оваа година повторно сите заедно со иста цел, да помогнеме на оние на кои нашата помош им е најпотребна. Затоа оваа година повторно се одбележува ПХВ (Промоција на хуманите вредности) неделата, но овојпат под тема "Промоција на различности" се подготвува ПХВ Шоу!

Волонтерите од Црвен крст на град Скопје подготвуваат спектакуларно ШОУ, неверојатни 60-тина минути исполнети со песна, глума, танц. Заедно со нас, волонтерите, Маријана Станојковска и нејзиниот партнер од Танц со ѕвездите Илија Карадакоски подготвуваат необично и несекојдневно изненадување за сите присутни. За да се зачини музичкиот дел на сцената ќе се појави и верната пријателка на Клубот на млади Викторија Лоба со музичка изведба.Но, тоа не е се!

За да не дозволите потоа другите да Ви раскажуваат, бидете дел од ПХВ ШОУ-то на Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје и помогнете со својот мал придонес.

Собраните средства од 35 Општински Организации на Црвен крст на Република Македонија ќе бидат наменети за една целна група !

Националната ЦКА-ПХВ програма е финансирана од страна на ЦИР-а ( центар за иснитуционален развој) во рамките на Програмата CIVICA Mobilitas , финансирана од Швајцарска агенција за развој и соработка , застапувана од Канцеларијата за соработка во Скопје.

Ве очекуваме на 7ми Октомври во Кинотека на Македонија од 19 часот, да се вклучите во магичниот час на хуманоста. Влезот е симболични 30 денари, а влезниците можете да ги набавите од просториите на Црвен крст на град Скопје во ДХО Даре Џамбаз или преку нашите волонтери.

Ако некој сака да присуствува може да ме контактира во ЛП :D