Свесност

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
да, знам, токму на тоа и мислев. Незнам само до кој степен се стигнати тие сознанија, а се надевам дека не се стигнати до крај и се надевам дека никогаш нема ни да стигнат.

Ќе забегам од темава, ама само малку, после ве оставам да си дискутирате.
Моментално има еден голем научен проект кој се вика „мапирање на мозокот“. Научници од цел свет се собрани, вложени се милијарди долари за да се направи комплетно мапирање на мозокот. Меѓу ова спаѓа и откривање на пределите одговорни за најразлични емоции.

Се извинувам за офтопик. Слободно продолжете исто ко да не сум коментирал.

Како функционираат, составот напаѓа на жлездите кој лачат хормони, хормоните ја играат главната улога овде... пример мелатонинот како хормон, ако го земеме во форма на таблета ја напаѓа хипофизата која се надразнува и создава повеќе мелатонин, така човекот побргу спие... или пак цигарите, никотинот напаѓа до жлездата за допамин и се чувствуваме релаксирани и настонирани. Свеста не е материја... за да би контролирала жлезди и хормони...

Не скокај одма, ќе имаш шанси да се „покажеш“. Јас не реков дека свеста се контролира. Читај убаво пред да се истресеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav and lady_blue

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Пишував пред некоја година нешто околу Свесноста и Несвесноста. Ке го споделам и овде.

Што гледаш кога ќе погледнеш во огледало?

НЕСВЕСНОСТ: Гледам преубава коса и очи; гледам усни по кои сите лудуваат; ммм гледам поглед со кој секоја би ја оборил; гледам будала; гледам глупача; гледам лузер; гледам идиот...
СВЕСНОСТ: Гледам свест која се искушува; гледам ентитет способен за се, затоа што тој е СЕ.

Што би направиле доколку на Лото би добиле голема сума на пари?

НЕСВЕСНОСТ: Опааа, па прво што би купил...; ма ќе се пијанчам до коска; па незнам...повеќето би ги дал во добротворни цели; пола ќе ги раздадам, пола ќе ги оставам за себе; ууу, би купил добра кола; не не, мотор; ма немам појма, ќе изнакупам се...
СВЕСНОСТ: Ќе продолжам да живеам...би му дал некому ако му се потребни.

Што е за вас Животот?

НЕСВЕСНОСТ: Па види сега...; не сум сигурен; незнам колку е точно; мислам дека некој велеше...
СВЕСНОСТ: СЕ!

Што планирате во животот?

НЕСВЕСНОСТ: Па да запишам добар факс; да завршам факс; да најдам добра работа; да постанам важна личност; да бидам правник; да бидам доктор...
СВЕСНОСТ: Да живеам.

Колку сте свесни за самите себе?

НЕСВЕСНОСТ: Пааа...не го разбирам прашањето; мислам дека сум многу свесен; кога сум пијан сум најсвесен; јас сум секогаш свесен; сакаш да кажеш дека сум глуп?!
СВЕСНОСТ: Недоволно

Што е за вас љубов?

НЕСВЕСНОСТ: Па тоа е кога имам некој кој ме сака и јас него; ма љубовта не постои друшкане, тоа е само илузија; да, имав љубов но ми се здосади; љубов?; љубовта е нешто супер чувство нешто преубаво...
СВЕСНОСТ: СЕ!

Што мислите за некој кој се фрлил од зграда?

НЕСВЕСНОСТ:Ма будала; лудак; тежок е животот пријателе; ма кој го е*е, битно не е некој кој го знам; тажно е тоа; кој му е крив ка е глуп; ах несреќник морал да има проблеми; жално за родителите; мора да било поради љубов...
СВЕСНОСТ: Не би мислел, туку би пробал да го разберам.

Имате шибица и влегувате во мрачна соба. Што ќе запалите прво: печка, свеќа или петролејка?

НЕСВЕСНОСТ: Па печката,да ме грее ако е ладно; свеќата, ме опушта; петролејката,после можам другото ако затреба.
СВЕСНОСТ: Шибицата

Дали се молите, на кого и зошто?

НЕСВЕСНОСТ: Да, на Бог, бидејќи е Семоќен и ги слуша моите молитви; да, на Аллах, бидејќи тој е патот на Исламот; не се молам бидејќи Бог не постои.
СВЕСНОСТ: Не, бидејќи Творецот е во мене, а јас во Него. Он е во секоја жива и нежива материја во Космосот, ние сме Едно.Притоа ако се молам Нему, би се молел на себе, а тоа нема смисла, затоа што Бог е Јас, а Јас Бог, Бог е СЕ.

Од кои националности ви се пријателите?

НЕСВЕСНОСТ: Па ги имам од повеќе; само македонци, албанците не ги поднесувам глупи се; само албанци, со овие маќедонас јо; па имам и македонци и албанци и други...
СВЕСНОСТ: Јас имам само пријатели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Пишував пред некоја година нешто околу Свесноста и Несвесноста. Ке го споделам и овде.
Ова беше причината за темава,го најдов на нет и го споделив овде во мудрости.
Фино напишано,комплимент.
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
ти ли си го напишал тоа?
пааа, имаш многу за објаснување :D

Да, пред три години. Го имам сеуште на Фејсбук у нотес.

Нема што да се објаснува, муабетот е дека треба да ѕирнеме подлабоко во нас, а не да се водиме по некои површни и краткотрајни емоции/еуфории, навики и инстинкти. Нити пак безусловно да го голтаме она што околината ни го сервира. Да станеме свесни за моментот во кој живееме, свесни за мислите и емоциите кои поминуваат низ нас, така подобро ќе ги менаџираме. Има нешто влијание и од Будизмот у самиот текст.

Ова беше причината за темава,го најдов на нет и го споделив овде во мудрости.
Фино напишано,комплимент.

Ако ти е од Кајгана, јас го имам ставено таму. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Да, пред три години. Го имам сеуште на Фејсбук у нотес.

Нема што да се објаснува, муабетот е дека треба да ѕирнеме подлабоко во нас, а не да се водиме по некои површни и краткотрајни емоции/еуфории, навики и инстинкти. Нити пак безусловно да го голтаме она што околината ни го сервира. Да станеме свесни за моментот во кој живееме, свесни за мислите и емоциите кои поминуваат низ нас, така подобро ќе ги менаџираме. Има нешто влијание и од Будизмот у самиот текст.
има по нешто од сешто, тоае проблемот. Ми се чини си сакал да кажеш нешто, ама си избрал начин кој не ти е сосема јасен.
да не се повторувам од сношти
вака почна муабетот
http://forum.crnobelo.com/threads/Чет-муабети-ти-реков-ми-рече.4304/page-357#post-254253
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
има по нешто од сешто, тоае проблемот. Ми се чини си сакал да кажеш нешто, ама си избрал начин кој не ти е сосема јасен.
да не се повторувам од сношти
вака почна муабетот
http://forum.crnobelo.com/threads/Чет-муабети-ти-реков-ми-рече.4304/page-357#post-254253

Шознам, напишав онака како што имав осознаено за работите наоколу. Некој мој начин. Тоа беше Јуни 2010 и се сеќавам тогаш доста дебатиравме на оваа тема со еден пријател од Хрватска кој беше така убаво навлезен во овие работи, да не речам просветелен. Паралелно го ’’студирав’’ и Будизмот така да сето тоа влијаеше да работиве ги гледам од овој агол.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Шознам, напишав онака како што имав осознаено за работите наоколу. Некој мој начин. Тоа беше Јуни 2010 и се сеќавам тогаш доста дебатиравме на оваа тема со еден пријател од Хрватска кој беше така убаво навлезен во овие работи, да не речам просветелен. Паралелно го ’’студирав’’ и Будизмот така да сето тоа влијаеше да работиве ги гледам од овој агол.
а од кој агол ги гледаш работите сега?

Она што мене не ми штима во поимот свесност е тоа што кога ја посочувате ја поврзувате со „контрола“, „контролирање“, „менаџирање“... Не ми е јасно, зошто и од каде таа потреба за контрола?
Зборувате за свесност и просветлување и себеспознавање, себеприфаќање, а во сето секаде се вмешува таа потреба за контрола.
Не велам дека контролата не е потребна во одредени моменти, затоа е тука разумот. Но не е потребна постојано - затоа се тука чувствата.
Зборувате за хармонија и достигнување до суштината, ама постојано имам впечаток дека целта на сето тоа не е прифаќање на спознанието, туку искористување на истото - за да се влијае на сѐ онака како што ќе посакаме. Тоа не ми е хармонија, тоа ми е доминација - да се стави разумот пред сѐ и над сѐ.
 
Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110

Не знам, јас тоа го сфаќам на овој начин..Кога се наоѓаме во таа „свесна“ состојба, разумот владее и на некој начин умееме да ги исконтролираме и потиснеме чувствата, додека пак несвесноста секогаш ја поврзуваме само со чувства, нешто што најчесто го сакаш, го посакуваш, свесен не си доволно храбар, па на крај од кога ќе го направиш се вадиш „Несвесно го направив“.
Се` е производ на „свесниот“ разум, сам размислуваш кои одлуки ќе ги донесеш а кои не.Несвесноста може да биде само изговор.