Сакам да кажам/Сакам да прашам

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Девојчиња џабе се сунчате, кд мушки наише ви ги сакаф неисунчани делови од тело
соу тру
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
:rolleyes: затоа топлес ќе си се сончаме..па да видиме сега кои делови ќе ги сакате.пак истите...значи, сончано несончано, исто ти е :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
parvati Незнам за тебе мајсторе,али ја сакам ич неисончано,и бледо. Нема поубаво од мртвачки бледа мома со темна коса :)
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
tumblr_m1b2ktrkZC1r3ovdbo1_500.gif
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Живеам најгоре во зграда, а мачката на комшиите се научи да излегува надвор, ама низ прозорец и си шета по ивицата и скока по прозорците. Првиот пат кога ми скокна од ум ме извади, така крупно сиво створење ми се појави на прозорецот, ама сега се навикнав и ја викам да влези да си поиграм, ама не иди само ми ја душка раката, се гали и си бега дома повторно. Ете ја сега повторно дојде да ме посети и се гледаме преку прозорец како мачори, како што се гледаа оние од спотот на „Ламбада“ :giggle
Денес пак ми се оди во Италија. Не е фер веќе еден месец секој ден ми се оди, ама никако да се најдам таму. :svirka
Запрепастена сум од тоа колку глупави жени постојат, се нервирав, тешко ми беше што не можев да си земам за слобода во нивно присуство да си удрам еден (facepalm), ама сега научив само да се смеам на нивната „надпросечна интелигенција“.

Си дојдов, си изнакажав несврзани работи и сега ќе си одам да преспијам еднаш, па утре ќе се вратам да си се посмеам. Инаку поздрав до сите, некои од вас ми фалат, некои ич, ама пак ве поздравувам СИТЕ. :) ајде...кисеви...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Ти веќе не си тука..
Стари јадови и копнежи го болуваат твојот лик на младата месечина..
Тивко во ноќта една солза лизга по моето лице и капнува на подот, растреперена, како мене..
Но колку солзи и да исплачам, море од солзи на брегот да создадам, ти..нема да ми се вратиш.
Тебе Бог подобро место ти чуваше, далеку од сите страдања на овој бел свет, далеку од сите злобни лица, далеку од мојот живот..
Знам дека таму ангелите плетат мрежа од љубов, исткаена низ соништата, просветлена на небото..а ти се измиваш во таа љубов,
тивко ми доаѓаш во сонот, ме галиш по косата како ветрето што ги гали калите на брегот, ми кажуваш дека ти е добро..
Но мојата љубов не преболува, секој божји ден гори во моето срце желбата да го видам твојот лик, макар уште само еден пат..
Но, ти..
Ако некогаш се вратиш, тоа ќе биде во спомените, во тие стари излитени мисли на прекрасните денови на тоа лето..
Ќе се вратиш и онака ноншалатно ќе го растрепериш цело мое тело, твојата дланка ќе ја почувствувам на образот, ќе ме погалиш..
Ќе ме погалиш баш онака како што умееше само ти..
Во моите спомени ти си беспрекорна светлина, идеал и совршенство во моите очи..ти си просветление на мојот веќе мрачен живот..
Ако некогаш се вратиш...тогаш Бог ќе ги услиши сите мои молитви, сета моја жед ќе згасне, очите ќе пресушат, здивот ќе запре..

...затоа што тогаш веќе ќе дојдам при тебе и заедно ќе се измиваме во исткаената мрежа на љубов која ангелите ја прават за нас..


Сара.13 сакам да ти кажам дека го чувствувам како свое, како јас да сум го напишала,а го имам преживеано истото. Прекрасно е и ми го разубави денот. Браво. (bravo)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Сара.13

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Сара.13 сакам да ти кажам дека го чувствувам како свое, како јас да сум го напишала,а го имам преживеано истото. Прекрасно е и ми го разубави денот. Браво. (bravo)


Мило ми е што ти го разубавив денот со мојот пост :)
А од друга страна сочувствувам со тебе поради тоа што го имаш преживеано.Тоа ми дава заклучок дека си многу храбра личност, а тоа секако заслужува почит. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
СДП зошто е темава во канта? :^)

Така му одговарало на некој модератор најверојатно. :D

За да опстане тема на форумов треба да содржи реферат, хипотеза, помошни хипотези, истражување спроведено во изминатите три години (минимум!), лабораториски експеримент, заклучок, одбрана на докторска дисертација, крв од девица и брис од плунката на Ајнштајн.
На пример тема: чешмирана вода, или како и да е.