Претерана романтика

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Јасно е дека романтиката во втората половина на 20 век и денес, зема замав во интимноста на луѓето, односно заљубените ја користат за да на некаков начин љубовно го воодушеват партнерот.
Кој пеел песни под прозор, кој плачел на телефон, фрлал камчиња на прозор за да љубената се разбуди, купува ружи у кафич, нарачува омилена песна, подарува нешто искрено од срце...
Дали сметате дека постојаното форсирање на овие работи ја монотонизира врската?
Дали пред 50,60,70...100 години вашите дедовци и баби кои на пр. живееле на село, врзувајќи ден за ден, имале време или воопшто помислувале на вакви работи и покрај тоа живеат заедно 70,80,90 години со еден куп изродени деца и создадено семејство. Порано сите заедно помагале во нива, чувале деца, работеле како робови за да преживеат и да обезбедат иднина а децата, школувајќи ги во градовите и сл.
Иако постојат горенаброените романтични работи, се почести се разводите, раскинувањата, неверствата итн.
Дали и покрај влијанието на ТВ-та, интернетот, медиумите, партнерите добиваат поубав живот ако некого импресионираат со подарок, песна и сл, или сето тоа е исфорсирана работа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner and Outrider

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Поубав живот... шо знам, тоа колку што е некој поттик за напред, толку е и замка.
Порано можеби им било поубаво,но само фактот дека останувале заедно до старост не значи дека биле позадоволни.
Ако и биле позадоволни, веројатно тоа било благодарение на начинот накој тогаш нивниот свет функционирал.
Не премногу информации, не премногу размислувања околу тоа што се крие позади десеттата ливада и третата планина, а го имале тоа што им било „тука“ и „сега“.
Чекорите биле тие - да се создаде свое семејство и на тоа семејство да му се обезбедат услови за да живее. Кој колку можел, кој како можел. Најчесто со физичка работа, од утро до мрак.
Ама времето си минува, кога тогаш понекоја информација ќе те стигне, па ќе разбереш дека има и друго, поинакво, ќе се прашаш дали е поубаво,колку е поубаво и ќе се завртиш натака. Па ќе ги пратиш децата да се школуваат и да се обидат да стигнат таму кај што е поубавото...
Денес, информаации стигнуваат до нас дури и кога не ги сакаме. „Поубавото“ од еден правец, станува илјада и еден правец, па лесно е да се загуби човек откривајќи кое е баш тоа поубаво кое го бара и посакува.
Полесно се јавува сомнежот, дали она другото таму е поубаво од ова кон кое избрав да одам.
Полесно се впуштаме во анализирања, преиспитувања, споредувања, премерувања, без да се осврнеме на фактот дека сите тие се базираат помалку на реални а повеќе на фиктивни ситуации. Па полесно победува „она што е потаму“ наспроти „она што е овде“.
А во сите тие размислувања, најлесно се заплеткуваат чувствата, оти тие не подлежат на никава разумна логика.
Романтика - добро е кога таа се случува спонтано, без усилени планирања, уште поважно без додатни очекувања што ќе добиеме ако ја искористиме. Кога не е исфорсирана.
Сепак за монотонија во врската има еден куп причини, не е само форсрирањето на вештачка романтика. Тоа веројатно најмногу зависи од личноста и тешко е да се каже зошто, кога и како се случила.
Разводите, раскинувањата, неверствата - реков погоре, повеќе информации ---> повеќе патишта ---> повеќе сомнежи ---> помалку трпение ---> помалку волја, желба и подготвеност за компромиси и отстапки ---> повеќе разделби.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сѐ што е претерано знае да допре граници на невкус.
Што знам, некогаш и мака ме фаќа од секојдневното преплавување со желби за безусловна љубов ко во шпански серии и Дизни цртани, па добивам впечаток дека најголемиот дел се апла запечени по романтики, ама не знам дали тоа е резултат на недобивање на вниманието кое мислат дека го заслужуваат, или затоа што сме премногу неромантични и тоа го сметаме за папучарење и лигавење, па романтиката ни е непознат поим.
Златна средина, не се рекло за џабе, иако мене поимиве за романтика составени од постели од рози и трње кои ќе ми се закачат во коса или кај што не треба, топени чоколади и симнување ѕвезди со лити фори и комплименти од времето на Цезар, ми се крајно клиширани и префорсирани.
Лично, поромантично ќе ми е едно спонтано возење велосипед навечер и рандом купена шеќерна волна, отколку Шекспир под прозор што со недели спремал рецитал или денешен фејсбук фраер што ќе ми посвети 2-3 стиха од некоја срцепарајуча песна што ја пратил на уште којзнае колку.

Порано меѓусебно имале почит, нешто што ние за жал гледаме да го стекнеме во очите на оние кои се помалку битни фактори, а ги занемаруваме оние кои навистина треба да ги импресионираме и почитуваме. А дека романтиките ги немало или некако поразлично влијаеле и го спасувале бракот/врската, што знам, може биле поискрени и поиновативни, без стотици интернет водичи, туѓи идеи и сајтови каде со еден клик ќе нарачаш што сакаш.
Монотонијата си ја ствараме од незадоволство, независно дали од себе или од партнерот. За жал, познавам премногу парови каде само едниот се труди, а другиот е оној кому ништо не му чини и секогаш сака повеќе, но романтиката тука не е единствениот фактор кој е префорсиран или фали за совршена врска или брак.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Романтиката сама по себе нема некоја оквирна дефиниција. Тоа што го напиша погоре е само дел кој можеби и нашите баби и дедовци тоа го правеле (камчиња, пеење песни под тераса)...
Но романтиката има еден вид на значење. А тоа е давање на внимание.
Секој еден партнер му е потребно афирмација од другиот from time to time, за да некако се усмери во заедничкиот пат. Работата е колку е потребно да се консумира за да не се стане роб на потребата... Денешниов живот на консумерско општество ти се нуди сешто по медиумите и ти тоа го апсорбираш. Рецимо денешната погрешна претстава за романтиката дека таа мора да повлекува ружи, вино, свеќи или пак судбина, момент, (serendipity) ја искривува сликата на онаа љубов која и двајцата би биле најкомпатибилни меѓу себе. Романтиката не е (или е) сево ова. Е ако и двајцата го афирмирате тој консументски начин на перцепција на романтиката. Проблемот е дека тој е толку распространет и исклишизиран, што по одредено време станува неинтересен и здодевен. Особено ако константно го практикувате. Оттука и тие разводи, раскини, изградба на лабилни личности кои веруваат слепо во тоаков тип на романтика и остануваат длабоко разочарани кога не годобиваат соодветното внимание.
Да не се лажеме, човекот има една лоша маана а тоа би ја нарекол алчност за внимание. Секој оној кој успева да пронајде еден вид на баланс во добивање на внимание, (сервирано на лажиче одвреме на време),ја има таа среќа да не постане зависен од истото.
Претераната романтика и тоа како го прави човека зависен од истата. И тој консумира многу... и бара повеќе... и повеќе... И така испаѓа преголема доминантност од едната страна во врската додека другата се чувствува исцрпено.
За крај, романтиката е повеќе на чувство како вие би се осеќале во моментот. Може тоа да биде шетња во парк, може да седите дома и го чистите станот заедно или планирате нешто да купите заедно. Порив на чувства и нежност додека нешто правите заедно. Било што.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не знам што подразбирате под поимот романтика. За мене не е романтично да се пее песна под прозор. Затоа што го има во секој филм, во секој цртан и на секој чекор. За мене не е романтика да ја однесам на вечера со милијарди свеќи исклучени сијалици па да се дума дали во рака држи нож или виљшка.
Сепак, сметам дека романтика е кога ќе ја видиш колку убаво изгледа додека спие до тебе, а мораш да заминеш од неа, да го најдеш првото ливче што ќе ти дојде и да и напишеш искрена сонлива мисла. Да ја оставиш на перницата до неа, на која претходно си спиел ти, и да заминеш.
И тврдам. Дека не постои човек на кого ќе му здосади таквото посветување на внимание од страна на неговиот партнер.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јасно е дека романтиката во втората половина на 20 век и денес, зема замав во интимноста на луѓето, односно заљубените ја користат за да на некаков начин љубовно го воодушеват партнерот.
Кој пеел песни под прозор, кој плачел на телефон, фрлал камчиња на прозор за да љубената се разбуди, купува ружи у кафич, нарачува омилена песна, подарува нешто искрено од срце...
Дали сметате дека постојаното форсирање на овие работи ја монотонизира врската?
Дали пред 50,60,70...100 години вашите дедовци и баби кои на пр. живееле на село, врзувајќи ден за ден, имале време или воопшто помислувале на вакви работи и покрај тоа живеат заедно 70,80,90 години со еден куп изродени деца и создадено семејство. Порано сите заедно помагале во нива, чувале деца, работеле како робови за да преживеат и да обезбедат иднина а децата, школувајќи ги во градовите и сл.
Иако постојат горенаброените романтични работи, се почести се разводите, раскинувањата, неверствата итн.
Дали и покрај влијанието на ТВ-та, интернетот, медиумите, партнерите добиваат поубав живот ако некого импресионираат со подарок, песна и сл, или сето тоа е исфорсирана работа?


Романтиките се појавиле во поново време, што било голем чекор напред во однос на претходните традиции кога и не постоеле врски. Постоел брак, се склучувал рано и се работело за договор меѓу семејства. `Таксани` биле дури и неродени деца. Митре има петгодишен син, невестата на Ристе е трудна, ако добие ќерка - побратимите ќе се посватат. Тоа е тоа.
Со описменувањето на рајата и достапноста на книги, подоцна и кино, радио, весници, па и ТВ почнале да се вовлекуваат и нови идеи во главите на рајата. Прво разни Бајрони, Шелиевци и Лермонтови ја квареле младината, идеите за избор на сопруг/а почнале да фаќаат корен. `Ако можи овај Клерк Гејбл сам да си вати нееста и јас можам!` :cool:

Сето тоа било во ред, се додека, како што наведе Саладин погоре, не почнало со масовна хиперпродукција на `романтичен` материјал. Капитализмот
си направил нов пазар и го црпи до даска. Што и да смисли некој кој се смета себеси за романтичен, џабе е. Бен Стилер веќе го направил во некој филм...

Дали и покрај влијанието на ТВ-та, интернетот, медиумите, партнерите добиваат поубав живот ако некого импресионираат со подарок, песна и сл, или сето тоа е исфорсирана работа?

Искрен подарок или постапка не можат никогаш да загубат од своето значење. Освен во еден случај, а тоа е кога едната страна цело време очекува да биде `забавувана`, попрецизен е англискиот термин `entertained` . На таквите подобро би им било да се во врска со телевизор...

Не сум сигурен дека би имале нешто поубав живот со романтиката, за тоа е потребно парот да создаде нешто заеднички, да размислува како пар, нешто кое било присутно во некои периоди кога романтиката била нова работа...ама и тоа е веќе некоја друга тема...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мислам дека најромантични моменти се оние спонтаните...кога не планираш ништо однапред туку ете го живееш моментот и се препушташ на емоциите тука и тогаш...
Однапред планираните романтики често може да се изјаловат па наместо убава вечера произлегува нешто сосема друго.
Не ги обожавам некако тие романтики со свеќи, ружи дрн дрн, некако ми се извештачени и неискрени.
Романтиката треба да е во секојдневието а не одвреме навреме клише вечера.
За мене романтиката подразбира сварено кафе баш онакво какво што го сакам, поминати неколку дена во мир на планина или манастир, играње табла уз ладно пивце на тераса, кратка порака со некоја наша шега...и слични секојдневни моменти кои ми се во секој случај помили и поискрени отколку клише романтиките.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Сите имаме различна визија за романтика,како и за поимот ,,Претерано,,.
Нешто што за тебе е претерано за мене може да биде умерено итн итн.
Да наведувам примери за романтика неможам,од причина што една иста работа направена од две различни личности па макар и во ист или различен период од животот можам драстично различно да ги доживеам.
Ако романтика претставува обрнување внимание,тогаш значи јас сега на форумов му правам романтика.:D
 

theowndemon

Полноправен Член
Романтика ... мех, никогаш не сум ја сакала, безпотребно лигавење ама имаш споменато за нашите баби и дедовци на село, дури и тогаш, сеуште баба ми кажува, ја имало таа романтика, да одиш заедно на чешма на пример (нас сега ни звучи смешно, знам), ко ќе се врати дома да скини ружа од туѓа градина и да ја однеси неа, да работата заедно една иста работа, сепак имало начини на искажувањето љубов, а према мене, и нема некоја голема романтика денес, барем јас ја немам забележано освен неколку дечки, да ти е страв да се фатиш од нив, па да неможиш на пат да поминиш без да те попречи и да ти дај подарок, ew.
На сите ни треба малку внимание, ама што е претерано - е претерано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Praetorian

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Се што е претерано не чини. Имам кажано и претходно , не сум роб на некакви измислени правила или поими за да се опише или објасни нешто. За мене еден утрински бакнеш претставува романтичност. Можеби шоља миризлив чај. Она што е во шаблонот( горе еден член поубаво го објаснил затоа нема да должам оти се согласувам со него ) се она што е во рамките на денешната визија на љубов апропо многу работи ...мене се повеќе и повеќе ми делува ефтино и без дух.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner and Praetorian