Воспитување: како ќе ги третирате децата?

Дали ке /ги казнувате вашите деца

  • Да , кога ке заслужат

    Гласови: 12 63.2%
  • Не , секогаш ке стојам зад нив и ке ги прикривам нивните грешки

    Гласови: 2 10.5%
  • Ке се обидувам да ги решавам работите само со разговор , ако не ми успее кревам раце од нив

    Гласови: 5 26.3%

  • Вкупно гласале
    19

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Да , и че ја прашам :
Те боли ?
така му е и на кутрото кученце , и него го боли , шо ти згрешило шо го удираш , а јас те удрив со причина да видиш како е ко че некој те удира без причина .
Нема многу брутално , во споредба со чотеко јас од татко ми шо го иам кркано...секош ко че се каравме со брат ми...
Не прашуваше шо е работата , туку дирек ....ем то со клоци и со каиш не има тепано
За да си знајме пред него да не се расправаме .
И сега јас си иам прекасен однос со татко ми ,си имаме најдругарски муабет ...а брат ми му вели само дај ми ја картицата или дајми пари...од ко пораснавме свати кај му беше грешката шо двајцата не најдуваше криви а најмногу се каравме оти брат ми сакаше се за него да си присвои , а јас си чутев за да не си јадам плус чотек од татко ми посекако то шо сакаше , брат ми си го земаше....и го казни госпо татко ми , сега брат ми за живи не ги смета со мајка ми , само пари ги гледа , шо можи да извлечи од нив . И нема потреба да му го кажам ова , си го гледа сам , сето то јас шо го трпев како дете , сега дупло му се врајча. А мене за ништо од материјалното не ми е гајле , ама за кучето , то било единственото нешто кое не ми нанело неправда ....и да ми го тепа со камен некое чупиште па и да ги трпам безобразлуците од мајка му ....:ненене...тако дете нека си го чува дома , опасно е за околината, не и чутам па мајка јана нека е

Знаев дека и твоите дома те тепале, само чекав да ми потврдиш.Заради таквите како тебе, се раѓаат и деца како тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Инаку, прочитав казнување со глад.
Добро, што мислите вие?
Робови ќе одгледувате или деца?
Во ред е некогаш да се казни детето, ама зависи од годините кои ги има, и така ќе одлучиш како да го казниш.
Пример:
Веќе е тинејџер... ти си дозволил да излезе до 11 часот, а тоа се вратило во 2. Ама тоа да не му е прв пат. Тоа да ти е неколку последователни непослушувања на твојот збор.
Казната што би следела е, истата вечер кога ќе се врати дома, да ја најде вратата заклучена. Да го оставиш 2-3 минути да ѕвони на ѕвонче. Да му отклучиш и ќе му кажеш со остар тон...дека следно не планираш да му отвориш.
Не, дека тоа ќе биде вистина. Ама детето нема да знае дека ти лажеш. Родител си му. Ако имаш авторитет над него...твојот збор е свет збор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Badgirl

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Треба внимавање. Ако забележите дека детето е склоно кон дроги,секти,цркви,џамии,синагоги или ракија - ќотек.
Шо ако почне да слуша турбофолк?
 
Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Инаку, прочитав казнување со глад.
Добро, што мислите вие?
Робови ќе одгледувате или деца?
Во ред е некогаш да се казни детето, ама зависи од годините кои ги има, и така ќе одлучиш како да го казниш.
Пример:
Веќе е тинејџер... ти си дозволил да излезе до 11 часот, а тоа се вратило во 2. Ама тоа да не му е прв пат. Тоа да ти е неколку последователни непослушувања на твојот збор.
Казната што би следела е, истата вечер кога ќе се врати дома, да ја најде вратата заклучена. Да го оставиш 2-3 минути да ѕвони на ѕвонче. Да му отклучиш и ќе му кажеш со остар тон...дека следно не планираш да му отвориш.
Не, дека тоа ќе биде вистина. Ама детето нема да знае дека ти лажеш. Родител си му. Ако имаш авторитет над него...твојот збор е свет збор.

Јас не се согласувам со овој начин на воспитување. Ми делува како нож со две острици. Да, тинејџерот веројатни ќе те послуша и ќе се врати дома на време но во него природно по инстикт ќе се јави желба нареден пат да украде две три минути и да закасни, дури може да се јави револт и бунт па намерно да не бидеш послушан и детеето да ти закасни. Од тие стеги и обрачи во кои се ставени денешните деца( не касни, не фаќај дечко, не се дрогирај) мислам дека произлегуваат овие деформации во развој.
Ми се допаѓа како ме воспитала мајка ми. Разговор што е добро а што не. Примери.
Па кога сум излегувала никогаш не ми кажала кога да се вратам. Секогаш било она : сметам дека си паметна, кога мислуш дека е добро дојди си, ти реши, на тебе оставам да одлучиш. И знаете кога ми давала таква одговорност од 15 години секогаш дома сум доаѓала во време кое било нормално за возраста.
Никогаш ништо не ми било забрането, а кога не е забрането не е ни интересно.
па еве ме денес сум изградена во прекрасна личност.
фала ти мамо за воспитувањето.

А како сосема мала кога не сум можела да расудувам мнооогу се зборело со мене ама никогаш не сум била казнета, само можеби натепана : ))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Furby

Во претходното писание кажав дека за секое дете е потребен различен пристап.
Пример, јас имам две деца.
Едното, доволно е да му речеш само „Немој татичко“ и нема да помисли да го фати.
Другото, на глава застани, ако сака да го чува во раце, ќе го чува. Се’ уште не најдовме начин да направиме да не послуша.

Мајка ти, одбрала да зборува, и тоа и кај мене најмногу успеваше, зборови.
Ама пак кај сестра ми, никогаш зборовите немале ефект. Секогаш некој реакции од мајка ми.

Ете ти никогаш не си била казнета, можеби некогаш натепана.
Јас пак... бев тип на дете, што секогаш на ударот возвраќаше со исто однесување. Инает.
Мајка ми не ме тепала, ама затоа ме тепаше наставничката од прво до четврто по рачиња, и јас намерно секогаш постапував на ист начин.
А зборувањето секогаш го примав.

А што се однесува за ограничувањата. Знаеш... можеби си до некаде во право. Ни јас не планирам да им давам ограничувања. Пример излегува на кафе и јас од врата викам „Паметот во глава, и до 10 во кревет“. Ни на крај памет не ми е такво нешто. Ама сепак ми е на крај на паметот, уз разговор за нивните излегувања, одоколу да им кажам до колку е пристојно едно дете да биде излезено надвор. Ќе им споделам свои искуства во доцните излегувања... и слично.
Ако после се тоа... 14 годишно дете... ми се врати во 1 часот... секако дека ќе реагирам на некаков начин.
Можеби нема да се случи ова... ама не ја изоставам можноста некогаш да се занесе, да се препушти на слободата и да заборави на моите зборови...
Така да, сепак сметам дека некој такви реакции како во примерот што го набројав се неопходни.
Само... никогаш нема да практикувам казни од типот: Почна да пушиш цигари???? Нема џепарац веќе!!!!; Фати дечко?! Од соба да не си излегла!
- не. Тоа не е тип на казна што го почитувам. Тие казни според мене создаваат револт.
Подобро е да направиш нешто...што ќе му остане врежано во глава :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Succubus and Марија

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
На анкетата не можам да одговорам, затоа ќе си пишам овака.
Јас уште не сум родител, а има и време за тоа. Не можам да зборам конкретно, пошто не знам каква ќе бидам кога ќе имам свое дете. Ама мислам дека сепак, детето кога веќе е надвор, во новиот свет, е самото индивидуално. Тоа што јас ќе му помогнам да се изграде како личност, не значи дека и ќе го заробам - да мора секогаш да ме слуша, макар и да не сум во право, да мора да биде ЈАС како што ќе кажам, или пак да го ограничувам со нештата. Секако дека ќе му покажам можностите за подобар живот, ама ќе ја почитувам неговата индивидуалност. Со тоа и детето ќе стекне почит спрема мене, не сакам да бидам авторитативна личност, сакам да бидам блиска за да го разберам детето. Авторитетот не ти дава разбирање, дава ти само големо его.
А децата се љубопитни, мораат да пробат, да осетат, да дознаат. Ако детето не падне да виде колку ќе го боле коленото, ако самото не осете, џабе е и јас колку да му кажувам дека ќе го боле коленото ако падне. За посериозни работи, ќе разговарам со него, ама еден добар муабет. :)
И уште нешто: сето тоа шо мислам за него да го направам, за он/она да биде личност со добри карактеристики, и навики, и мисли ќе го правам се' додека е мало. Децата највеќе се прилагодуваат тогаш. Мислам дека се безвредни огромните казнувања или тепање. Така само добиваш стравопочит, а не и почит. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Дали јас во анкетава прочитав КРЕВАМ РАЦЕ ОД НЕГО? Демек ако се разбира арно, ако не, нека цркне кој го шмиргла? :D
Добро, не е смешно...очајно е. Очајно дека произлегло од нечиј нормален мозок!

Јас не сум мајка, не знам дали ќе бидам некогаш, ама ако се деси тоа, сигурно дека нема да замижувам и да дозволувам свашта, само поради фактот дека моето дете е свилено и ќе му падне злато ако добие плескање по задник. Од што премногу се правиме западњачки настроени, колку сме модерни и разбрани, просветлени, гледам младинава еве цвета.
Како и да е, не одобрувам ќотек у крвнички стил со каиши, лупање по глава и остали неандерталски дејствија, но аман бе, некад ќе се деси да го шлапнеш и тоа е нормално.
Има време и ситуации и за разговор и за објаснување, а има ситуации и кога едноставно ќе го плеснеш по г`з.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ќе го учам по тертипот на Jedi.

Jedi Anakine, jedi.

Ne moze. Sit(h) sam.

Шега на страна нешто многу слично на Succubus со мал искључок кога ќе биде детенце и нема да сфаќа на збор, ќе го проресам малку газенцето од прашина. Не ради авторитет туку да знае дека следен пат да не го прави тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Succubus

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Ќе го учам по тертипот на Jedi.

Jedi Anakine, jedi.

Ne moze. Sit(h) sam.

Шега на страна нешто многу слично на Succubus со мал искључок кога ќе биде детенце и нема да сфаќа на збор, ќе го проресам малку газенцето од прашина. Не ради авторитет туку да знае дека следен пат да не го прави тоа.

:rofl

Инаку за оноа, да.. не се важе ако не му го малку потресеш газенцето :)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
:rofl

Инаку за оноа, да.. не се важе ако не му го малку потресеш газенцето :)

Оууу со некои сум правел муабет, им спомнав тоа со газенцето и они ме направија фирер, антихрист, сатана. А не дека не треба. Само ела објасни им кога америчките филмови ги имаат научено нереална слика.