Живот без факултет

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Дали денес е возможно достојно живеење без факултет?
Дали може да се најде достојна работа без факултет?
Кои работи можат да се работат без факултет?

Како вие го замислувате таквиот живот?

Возможно е ако дедо ти/ татко ти ти оставиле богатство.
Или ако тате е директориште па ти купи диплома и те бутне кај тебе во фирма.
Ако имаш среќа, мозок и кеш за да отвориш сопствен бизнис.

Само во овие случаи не би ти требало факултетска диплома.Шо ќе ти е ако со сопствен бизнис имаш 6+ илјади евра месечни примања?
Со кој факултет ќе ги имам тие примања?

Во сите останати случаи потребна е диплома.Некогаш ќе ти затреба.До тогаш ќе си работиш се и сешто, од разнесувач на пици па до конобар/шанкер/молер или пак невработен.

Е сеа има и некои луѓе што пример ќе завршат некој по јак факултет како Финки/електро/пмф/медицина и одбиваат било каква работа освен по нивна струка.Или пак за плата помала од нивните очекувања не работат.Епа нема.И никад нема да има.Мора од негде да се почне јебига.Ќе имаш диплома на електроинжињер а ќе работиш како електричар неколку години.Јебига ќе фураш 15 илјадарки ама секогаш ќе има шанса да заработиш повеќе.Можно е да ти се насмевне среќата па да влезеш во фирма како електроинжињер.Никогаш нема да најдете идеална работа.Таква работа не постои.

karen
Тие ретки случаеви и не се баш ретки.Познавам луѓе со едвај завршено 3 годишно средно образование кои цепаат 500-1000 евра преку научен занает.Да бе, сељаци се немаат факс работи како електричар, труе од пот ко мртва камила ама лапа пари повеќе од некое банкарче во тесни пантолончиња и кошулче.И такви случаи ги има мнооогу.

А во врска со работодавците имаш многу погрешно размислување.
Колку само ако вработам некој мој познаник/роднина или некој близок што поим нема од сферата во која мојот бизнис се занимава би го експлоатирал далеку повеќе од било кој работник кој го имам вработено за да си ги оправдам давачките за тоа што е пријавен како и платата која што ја зема знаејки дека не ја заслужува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Достоинствена е онаа која ја работиш благодарение на факултетот на пример си завршил економнски и си во некоја фирма,банка а чистење на вцња не дека не е достоинствено и бедно ама не си ја заслужил после толку години поминати над книгата и си се трудил да завршиш додека некој мамин син благодарение на вујко владика (кој си нема поим од животот)седи на фотелјата и си зема убава платичка.

Сте запнале веке со примери?еве,ке ви кажам и јас уште еден.Брат ми има завршено економски со просек 9 и седи дома а девојче со економски средно работи во банка и не знае да услужи човек.И???Еве ти ја повторно дипломата колку игра улога |-(
Асистент на мојот факултет не знае да ти објасни едно обично прашање и го чита одговорот од книгата додека можеби некој друг на негово место би се потрудил да објасни со негов пример.

За примери ги има илјадници можеме да зборуваме колку сакаме ама тоа е реалноста.
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Види, понекогаш треба да се испоти г’з и да се земат работите во свои раце, да се биде снаодлив, да се трага по среќата и подобро утре. А ако седиш дома и чекаш да ти се јават за работа, ништо не праеш. Сега пријателиве погоре и покрај се, ако пак не нашле достојна работа, јбг, таков им бил к’сметот. Конкуренција голема на пазарот на трудот, немање книшка, пријатели и то. Но обесхрабрување никако! Ако таа дигнала раце и се замишља до пензија у конфекција, самата си е крива.

Реков ќе се навратам пак во темата, да се докажам.

Прво наведов неколку примери од мои блиски, а сега ќе си кажам за мене.
Прехдоната година завршив средно, со се матура некаде Јули мислам дека ја земав дипломата...Август месец јас почнав хонорарно да заработувам 200 евра, што за мене тогаш беа одлично, а дипломата од средно си немаше никаква врска со работата. Цела година се движев тука некаде со тие 200 евра, не се запишав факултет, но како заработуваав така ги инвестирав парите во книги, а со тоа и со полагање на испити за добивање на сертификати. Втората година ми остана хонорарната работа, но сега имам и основна работа, за која исто така не ми е потребно ни факултет ни дипломата од средно зимам значи плата од 300 евра, што значи моите месечни приходи се качиа на 500 евра, што за мене на овие години е супер за самостоен живот, но не и за во иднина кога ќе имаш фамилија. И оваа година не се запишав факултет 2 години значи сум „дома„, но догодина се спремам за во странство за факултет, тука ја нема професијата која што сакам да ја работам па во странтво ќе ги инвестирам заработените пари... живи и здрави. А дека од кога ќе завршиш фкаултет и не треба да чекаш да те викнат од дома со тоа се сложувам, треба да си бараш нормално, јас секогаш викам нај на крај не е само Македонија! И уште нешто на кое секогаш ми е во главата, инвестирај во себе до дека си млад.

Едит: И се ми викат некои мои блиски, толку пари месечно не зима Доктор на науки, ете ви го мојот живот без фкаултет.
 
karen

Нов член
17 јуни 2012
24
14
3
cloud number 9
Возможно е ако дедо ти/ татко ти ти оставиле богатство.
Или ако тате е директориште па ти купи диплома и те бутне кај тебе во фирма.
Ако имаш среќа, мозок и кеш за да отвориш сопствен бизнис.

Само во овие случаи не би ти требало факултетска диплома.Шо ќе ти е ако со сопствен бизнис имаш 6+ илјади евра месечни примања?
Со кој факултет ќе ги имам тие примања?

Во сите останати случаи потребна е диплома.Некогаш ќе ти затреба.До тогаш ќе си работиш се и сешто, од разнесувач на пици па до конобар/шанкер/молер или пак невработен.

Е сеа има и некои луѓе што пример ќе завршат некој по јак факултет како Финки/електро/пмф/медицина и одбиваат било каква работа освен по нивна струка.Или пак за плата помала од нивните очекувања не работат.Епа нема.И никад нема да има.Мора од негде да се почне јебига.Ќе имаш диплома на електроинжињер а ќе работиш како електричар неколку години.Јебига ќе фураш 15 илјадарки ама секогаш ќе има шанса да заработиш повеќе.Можно е да ти се насмевне среќата па да влезеш во фирма како електроинжињер.Никогаш нема да најдете идеална работа.Таква работа не постои.

karen
Тие ретки случаеви и не се баш ретки.Познавам луѓе со едвај завршено 3 годишно средно образование кои цепаат 500-1000 евра преку научен занает.Да бе, сељаци се немаат факс работи како електричар, труе од пот ко мртва камила ама лапа пари повеќе од некое банкарче во тесни пантолончиња и кошулче.И такви случаи ги има мнооогу.

А во врска со работодавците имаш многу погрешно размислување.
Колку само ако вработам некој мој познаник/роднина или некој близок што поим нема од сферата во која мојот бизнис се занимава би го експлоатирал далеку повеќе од било кој работник кој го имам вработено за да си ги оправдам давачките за тоа што е пријавен како и платата која што ја зема знаејки дека не ја заслужува.

Јас не познавам многу такви случаи, можеби не се толку ретки ама не се и репрезентативен примерок за да може да се каже дека е правило и нормално некој да си се снајде. Што се однесува до коментарот „сељаци се немаат факс работи како електричар, труе од пот ко мртва камила“ не знам кај виде дека некој така ги анрекува. Дипломата не ти дава и култура, некојпат може и академски граѓанин да биде сељак.
Е сега за работодавците сигурна сум дека немам погрешно мислење. Немој да ми кажеш дека некое директорче што во својата фирма ќе го вработи синчето или внучето или братучедот ќе го мачи да ринта до илјада и едно и назад ? ќе вработи уште еден што ќе ја работи работата за двајцата. Го кажувам ова бидејќи знам многу такви случаи. Секоја чест на исклучоците но претежно е така.
 
Ај за првото нека биде така, ама за работодавци ако збориме пак ќе кажам дека грешиш.Освен ако директорот има милиони во банка и 500 вработени па му е гајле за една плата гага што ќе ја дава.
Ама ако збориме за работодавач на мал бизнис/ среден бизнис тогаш и те како му значат плаќањата за придонеси за некој паразит што сака да ти се качи на грб.
 
karen

Нов член
17 јуни 2012
24
14
3
cloud number 9
Шмекси
не го сфаќај моето мислење лично. секоја чест тебе ако си исклучок, ама за мнозинството не мислам дека грешам.
lets agree to disagree ok? (handshake)
 
~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Дефинитивно боље е без факултет пошто ако не најдеш добра раб ќе си речеш е добро де, и онака неам ништо завршено. А и најчесто први се вработуваат тие без факултет пошто имале време да стекнат некакво работно искуство додека другите се мачеле. А јас дека имам завршено и факултет и м-р еве глеам, сјајна иднина имам. Нит имам работа нит ќе ме вработи некој без искуство. Џабе ми бил и просек 9.6 и cum laude, и додатни курсеви и пракси и све... Леееелееј се напнав само од пишување за ова... Ај доста е:mad:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK and Trajche

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дефинитивно боље е без факултет пошто ако не најдеш добра раб ќе си речеш е добро де, и онака неам ништо завршено. А и најчесто први се вработуваат тие без факултет пошто имале време да стекнат некакво работно искуство додека другите се мачеле. А јас дека имам завршено и факултет и м-р еве глеам, сјајна иднина имам. Нит имам работа нит ќе ме вработи некој без искуство. Џабе ми бил и просек 9.6 и cum laude, и додатни курсеви и пракси и све... Леееелееј се напнав само од пишување за ова... Ај доста е:mad:
Ама ако одиш на факултет само за да си најдиш работа тогаш е подобро да не ни почнеш со факултет. Јас да имам доволно време ќе си запишев и втор факултет и ќе учев уште нови работи. За работа после би работел што и да е, само да имам доволно пари да си изградам мала лабораторија и да си ги тестирам идеите таму. Според мене грешно сфаќање имаат скоро сите околу факултетот, ама такво е времето дојдено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Шмекси