Ваш омилен жанр на филмови

Највеќе преферирам да гледам:

  • Комедија

    Гласови: 27 60.0%
  • Трилер

    Гласови: 13 28.9%
  • Хорор

    Гласови: 14 31.1%
  • Акција

    Гласови: 10 22.2%
  • Вестерн

    Гласови: 2 4.4%
  • Научна фантастика

    Гласови: 9 20.0%
  • Авантура

    Гласови: 14 31.1%
  • Карате

    Гласови: 5 11.1%
  • Воен

    Гласови: 4 8.9%
  • Историски

    Гласови: 5 11.1%
  • Фамилијарен

    Гласови: 2 4.4%
  • Мјузикл

    Гласови: 3 6.7%
  • Документарен

    Гласови: 5 11.1%
  • Мистерија

    Гласови: 15 33.3%
  • Романтичен

    Гласови: 13 28.9%

  • Вкупно гласале
    45

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Гледањето на комедии позитивно влијае на здравјето, додека хорор филмовите и воените филмови претставуваат вистински стрес за вашето тело и може да предизвикаат стеснување на крвните садови, покажаа последните истражувања.
Смеата е навистина најдобриот лек, потврдија научниците од универзитетот во Мериленд. Тие ја проучувале реакција на човечкиот организам кон филмовите и докажале дека комедиите имаат позитивен ефект на срцето, додека хорор филмовите и и воените филмови се вистински стрес за организмот.
Истражувачите ги проучувале реакциите на две групи волонтери кон различни жанрови на филмови. Едната група гледала комедија со Камерон Дијаз во главната улога, додека на другата група и бил прикажан филмот „Спасувајќи го војникот Рајан“.
Кај оние волонтери на кои им било дадено да гледаат комедија биле регистрирани проширени крвни садови, додека кај оние кои го гледале воениот филм било дијагностицирано стеснување на крвните садови и зголемено ниво на стрес.

Кој е вашиот омилен жанр?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MaNemoj and The Tramp

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Историски пред се`. Ама со добро разработена тематика. Филмовите на Ридли Скот, Мел Гибсон, каде има повеќе реалност.
Од трилери ги обожавам оние психиќ со мајндфак на крајот.
За драмите - приказни од животот, слично нешто на Мирисот на жената, Dead poet society, Good will hunting, Legend of 1900.
За нешо уз смоки, семки, друштво - комедии.
Хорор, НЕ. Само во литературата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Па и јас како Саладин сакам многу историски, повеќе нив ги гледам. Исто така и документарци, ама сакам и драми, хорор, мистерии и научна фантастика.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Хорор,ама старите не овие новокомпонирани,драми базирани на вистински случки,со сериски убијци,и со форензетика нешто во тој стил
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mila mila

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
По овој редослед:
- Трилери (посебно психолошки мајндфак ако се)
- Мистерии, сакам кога ме држи тензија.
- Обожавам хорори, иако од некои после ме фаќа језа.
- Акција, ама со содржина, не мој моега убијал и тракатанци цело време, а не знаеш за што се тепаат.
Често знам и комедии, драми, историски и научни фантастики да пуштам. Филмохолик сум, се’ гледам што ми се погоди.
Освен квази романтики, такви чуда не варам па ич.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Трилери, акции, авантури, мистерии сакам да гледам.
Трилери и акции обожавам уште ако се со добра содржина, одлично.
Мистериите ги сакам зашто ме држат во неизвесност да самиот крај, исто како и книгите.
Авантурите ми се добри за опуштање, колку да помине времето.
Гледам и романтични комедии, кога веќе нема ништо друго.