БодиБилдинг

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
овде ќе дискутираме за сите прашања и теми поврзани со боди билдингот
неколку воведни збора за историјата на боди билдингот.
Боди Билдингот значи градба модификување на телот, во една соврешна форма и хармонија на телото.
Неговата историја започнува некаде во 19 век каде по примерот на олимписките игри во античка Грција каде се величело телото на атлетите започнува масовно во Светот да се шири оваа култура да се отвараат теретани (објекти наменети искулучиво за оваа спортска дисциплина) се изведуваат вежби каде се користат тегови и специални обликувани справи.
Најважен елемент во овој спорт е храната тука влегуваат јаглехидратите како горуво за мускулите најопходен енерегнс на телото, протеините (месото, белковините ) учестуваат во градба на мускулот, во овој спорт доста се користат и суплементи од типот на (креатин, протеин, аминокиселини, како и анаболити )
Сепак најдобар совет од секој професионален бодибилдер е прво да се искористи природниот потенцијал на телото со здрава исхрана.
Ќе внесеме нешто за почетоците на бодибилдингот во Македонија
Додека во Америка во 70тите години почнува доминацијата на легендарниот Арнолд Шварценегер по натпреварите од светските рамки, во Македонија, некаде по темните влажни подруми во своите куќи некои млади момци и девојки почнуваат да го прават она што нивните идоли го прават, со цел да го добијат тој посакуван изглед, изглед како боговите од митологијата. Иако во тогашно време немала никаква литература, ниту некој што можел да им пренесе некое знаење, тие сепак пробувале нешто да направат, се со цел да изгледаат онака како што изгледале мускулестите силуети кои ги гледале по списанијата. Подоцна излегува и првото бодибилдинг списание на овие поранешни ЈУ простори, Херкулес чиј креатор е легендарниот Петар Челик, во кое имало нешто поконретно околу начинот на тренирање и исхрана. Но сепак, челична била волјата на секој поединец на кој му влегол овој челичен спорт под кожа, спорт каде што желбата, мотивацијата и пасијата се спојуваат во едно... Ова е документарен филм во 5 епизоди за почетоците на железниот спорт во Македонија, кои биле првите луѓе кои почнале да се занимаваат со овој спорт, каде и кога биле отворени првите импровизирани теретани, реализиран од страна на Лидија Зорба, една од многуте бодибилдерки од тој период.
Во првата епизода се прикажува нешто повеќе околу бодибилдингот како спорт, кога се неговите почетоци и кои се неговите основачи. Потоа се продолжува за тоа како овој спорт ги добива своите почетоци во Македонија, поточно Битола, град познат по темпераментните и спортски настроени жители.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Во втората епизода малку подетално се објаснува кои се првите луѓе кои почнуваат да вежбаат и да се занимаваат со развивање на мускулите. Нове Хаџистојанов - Ноки, Зоран Лазаревски - Паљо, Драгољуб Стојановски - Миме, Давид Зефиќ, Љубодраг Митиќ - Љубо се само дел од легендите кои почнале со запишување на бодибилдинг историјата во Македонија. Во текот на 70тите и 80тите години почнуваат да се отвараат импровизирани теретани со рачно изработени справи и во другите градови, како што се Скопје, Радовиш, Прилеп, Кочани и други.
Во третата епизода се опишува за почетоците и успесите на Давид Зефиќ и Небојша Јоциќ, кои биле меѓу првите бодибилдери кои си отвориле свои лични импровизирани теретани. Небојша Јоциќ, со својата тогашна девојка Наѓенка Туторов (бодибилдерка) приватно го посетиле Лондон, поточно Gold's Gym, со желба да видат како тоа бодибилдингот изгледа надвор од границите на Македонија, пробувајќи да "украдат " некоја корисна информација и совет од врвните професионалци. Тие дури имале прилика да појдат во Париз, и да се сретнат со Серџ Нубрет, познатиот црномурест професионален бодибилдер и актер, и неговата сопруга која истотака се занимавала со бодибилдинг, кои срдечно ги прифатиле и им поделиле по некој совет во врска со начинот на тренирање и исхрана.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Во петтата и последна епизода од овој документарен филм, повеќе внимание се обрнува на жените бодибилдерки, каде и како биле нивните почетоци и успеси.
Овој документарен филм е единствен од овој вид, и е огромно значење за бодибилдингот како спорт во Македонија. Важно е да знаеме кој и кога ја започнал оваа приказна без крај, наречена бодибилдинг. Луѓето кои се појавуваат и се споменуваат во ова видео се Жарко Срдич, Лидија Зорба, Милан Глигоровски, Наѓенка Туторов, Давид Зефиќ, Владимир Николовски - Рица, Јулијана Колариќ, Радивое Колариќ - Ричи, Нове Хаџистојанов - Ноки, Зоран Лазаревски - Паљо, Драгољуб Стојановски - Миме, Љубодраг Митиќ - Љубо и други.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Маса за почетници


Јадете по 5 6 оброци дневно, внесете по 3 литри вода дневно, убаво одморете се!
Ова е дефиниција за добро тело!
Вашиот калориски внес треба да биде 45 помножено со телесната тежина. Доколку тежите 70 кг треба да внесете 3150 калории.
Немојте да мислите дека со ваквиот начин на исхрана ке добиете сало. Нема затоа што тоа е квалитетна храна која ке ви даде мускулна маса а телото правилно ке ја обработи и искористи онаму каде што сакате вие -во мускулите.
Додатоците во исхраната се тоа ДОДАТОЦИ а не ОБРОЦИ. Оброците и калориите главно треба да ги добивате од храната не од ДОДАТОЦИТЕ. Немојте да мислите дека од една кутија геинер ќе накачите кој знае колкава мускулна маса или ако јадете 2 главни оброци и еден оброк го замените го геинер или протеин. Така нема сигурно да обиете маса. За изградба на мускули треба време исто како што треба време и да ослабете.
Кога би можеле лесно да слабееме и да се здебелиме тогаш би биле час дебели час слаби, а тоа е невозможно. Како што кажав треба време и треба услови за нивни раст, правилна храна во доволни количини, редовни тренинзи и многу е битно квалитетен сон и добар одмор.
Штом станете доручковајте така ќе го спречите катаболичкиот процес наутро. Доколку земате креатин земете го 35-45 мин пред доручекот за максимална негова искорисливост. После тренинг земете 30 грама јаглехидрати 2 часа после тренингот земете оброк богат со протеини и јаглехидрати.
А навечер земете си протеин CASEIN кој е спороразградувачки и ке се намали катаболичкиот процес.

8 продукти за изградба на мускули


Процесот за изградба на мускули поддеднакво зависи од тоа што јадете и колку напорно тренирате.
Ананас :
Ананасот е богат со ензим наречен Бромелин. Освем што е добар за изградба на мускулите, овој ензим е и дигестивен, и е одличен сојузник против запаление на мускулите.
Спанаќ:
Ипитувањата покажале дека спанаќот може да ги зголеми мускулите за 20 проценти. За да се постигне тоа треба дневно да се конзумира околу 1 кг спанаќ.
Лосос:
Лососот е извор на протеини, а истовремено е богат со омега 3 масни киселини. Овој напад од две страни, ќе ги разниша вашите мрзливи мускули, а помага и во забрзување на метаболизмот.
Брокули:
Брокулите задолжително ставете ги на листата на исхрана после тренинг.
Чоколадно млеко:
Според испитувањата чоколадното млеко е поддеднакво корисно како спортски напиток, во борбата против исцрпеност.
Леќа:
Постои вегетеријанска или веганска храна, богата со протеини, неопходна за вашите мускули.
Лешник:
Лешникот обезбедува солидна количина на протеини и масти, но и на витамин Е. Витаминот Е е силен антиоксиданс, кој помага во борбата против слободните радикали.
Вода:
За крај, иако водата не е храна, таа е важна за изградба на мускулите. Нашето тело е 70 проценти составено од вода, додека мускулното ткиво е 75 проценти вода.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој

love !

Староседелец
7 август 2018
156
34
628
билдингот не е спорт, штетен е за здравје. миокардот го оштетува максимално а и други последици се јавуваат