Сите Ваши пријателки

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Без нив не можете да си го замислите животот. Некои од нив ги гледате секој ден, некои можеби еднаш месечно, но секоја од нив има особено значајно место во вашиот живот.

Сигурно и вие имате барем по една ваква:
  • Вечно сингл
Живее со 300 на час и не е научена да се обврзува некому.
Совршено знае да си го исполни времето сама со себе и со големиот број на пријатели кои ги има за во ниту еден момент да не почувствува очајна потреба за дечко.
Ако раскинете со дечкото и не знаете што да правите со себе или сте подготвени за многу адреналин тогаш време е да го свртите нејзиниот број.Во секоја пригода ќе ја прифати вашата понуда.
  • Вечно во врска
Нејзиниот статус кога и да ја прашате секогаш е „in relationship“, името од време на време знае да се промени, но статусот е речиси секогаш тој.
Ако само на неколку месеци е сама, нејзе животот и е празен и не знае да функционира како сингл девојка. На тема дечковци има докторирано, затоа што има доста искуство, а таа е онаа од друштвото за која отсекогаш верувате дека прва ќе стапне на лудиот камен.
Кога сакате да ја разбудите романтиката и нежноста во вас и некоја ситуација со момчето сакате целосно да ја анализирате јавете и сега неа, ќе знае да ве посоветува.
  • Лудата феминистка
Знае да функционира со дечко, но во првиот миг кога се чувствува погазена или заминува или сервира студена одмазда.Во секоја расправија се залага за рамноправноста на жените со мажите, за еднаквата веројатност за неверство, па дури и знае да замине во феминистичка насока и да говори за супериорноста на жените.
Во миговите кога некој ќе нагазне врз вашата гордост и ќе ви ја разниша самодовербата време е да го свртите нејзиниот број. Таа црно на бело ќе ви нацрта зошто сте 10 пати подобра од него и како е време да тргнете по нов плен. Ќе ве одведе на ново тренди место на коктели.
  • Затворената срамежливка
Оваа девојка без разлика на изгледот е нежна, срамежлива и некогаш најверојатно многу повредена. Оттогаш отворањето на темата мажи ја плаши како мечкина дупка, а споменот за него ја гони години наназад. Се труди да продолжи понатаму сервирајќи нечувствителна маска за околината, но длабоко во себе се уште се бори да ја поврати довербата во мажите.
    • НАРЦИСОТ
Таа е најубава, најпаметна, најзабавна и се останато во суперлатив. Постојано говори за себе и за своите успеси, а често е и лош слушател.
    • ХРОНИЧНИОТ ДЕПРЕСИВЕЦ
Животот секогаш е нефер кон неа, а нејзините проблеми се секогаш најголема трагедија. Често е нерасположена, шири негативна енергија и ја гледа само црната страна на животот.
    • КРИТИЧАРОТ
Секогаш отворено го кажува своето мислење, но многу ретко е расположена за пофалби, а критичар е нејзиното второ име. Говори против вашиот начин на облекување, однесување, а и против сите други.
    • ЛИЦЕМЕРОТ
Таа често знае да зборува зад грб работи кои никогаш во животот ви ги нема кажано во лице, а вие сте алергична на лаги. Слаб карактер кој пред вас сака да се претстави во најдобро светло и како целосна поддршка, а пред другите луѓе најостро ве критикува.
    • НЕСИГУРНАТА
Со неа се смеете и поминувате забавни мигови, но никогаш не можете да се потпрете на неа. Ако случајно ви е потребна помош, таа ретко кога ќе биде вистинскиот човек за тоа. Таа е нестабилен карактер која може на секое трето звонење да не ви крева на телефон едноставно затоа што не е расположена за тоа.

Ме интересира дали имате и Вие некоја од набројаниве видови на пријателки?
Колку вистински пријателки имате?
Дали можете секогаш да сметате и да се потпрете на нив?
Дали се секогаш тука за Вас, како се справувате со тие негативните (ако постојат во Вашето друштво) ?
Дали имате доверба во своите пријателки и колку им се доверувате?
Дали до сега Ви се има случено да Ве изневери пријателката, да се скарате, да збори наоколу невистини за Вас и да ги раскажува секому Вашите тајни?
Што превземавте во врска со тоа?

Ќе Ви споделам 5 "Must have" за секое пријателство:
Вчера испивте некое винце плус, носевте потпетици 10-ка и снегот веднаш ви се одмазди за тоа. Денес убаво ги чувствувате последиците на вашиот задник и десната нога од вашата храброст за чекорење по мраз.Кој е првиот што ќе ви помогне да го пребродите ова здодевно попладне врзани за креветот? Да, токму таа, вашата најдобра пријателка. Ќе свари кафе за двете, бидејќи и онака се чувствува како дома кај вас, ќе ве забавува за да не мислите на болката и нормално заедно ќе се смеете на нејзината незгода.
Токму за да имате една ваква треба да почитувате некои правила на пријателството:
1. Секогаш слушајте ја внимателно, без разлика што приказната ви е добро позната и веќе 5 пати прераскажана.
2. Доаѓа ненајавена кај вас на гости после работа, пречекајте ја со турско кафе и со телешкото што остана од ручекот.
3. Вчера ја оставивте во диско со машко друштво, утринава прва обврска ви е да и се јавите.
4. Секогаш кажете и кога дечко и ќе го видите со друга или бившиот се ставил во врска со нова девојка на Фејсбук.
5. Разберете ја и кога сама не се разбира.

извор: www.notformen.mk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
не се дружам со жени.
патетични се
:eekНе се согласувам дека сите жени се за во еден кош како ни сите мажи....Јас барем имам доста пријателки,со некои се гледам поќесто со некои поретко и тоа не во зависност колку ми се блиски,некогаш почесто се гледам со оние што не ми се толку блиски ради тоа што поблиските се можеби по зафатени тој период.Искрено многу ми значат одредени пријателки и не би можела без нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Има две најдобри другарки и со двете се дружам веќе 20 години.Но најјакото е што со двете имам различен муабет.Едната е срамежливка,а другата критичар можам да речам.
Инаку ме има изневерено една другарка,таа е сосем трета личност,а не правев баш ништо само си се повлеков.Она изгубила не јас.
Инаку за доверба сепак можам да забележам дека подобри се машките.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Scars31