Факти за големината ма машкиот полов орган

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Големината е важна

За секој просечен маж, неговиот пенис е свесно или несвесно една од најважните работи на светот. Го открива на многу рана возраст и останува фасциниран од истиот. Покасно во животот се јавува една несигурност: “Дали ми е мал?“, која што го следи и во подоцнежните години со убедување дека “ќе беше поубаво ако беше барем уште малку поголем“.
Без разлика на тоа колку често се пишува дека големината на пенисот не е важна и дека жените не се привлечени од мажите само од големината на пенисот, просечниот маж продолжува да мисли за својот “недостаток“.
Просечната жена не може да ја разбере таа опсесија со мерењето на пенисот. Ако сте жена, никогаш не кажувајте нешто со кое партнерот би можел да сфати дека му е мал. Дури и ако се шегувате, партнерот тоа може сериозно да го сфати и да биде длабоко повреден.
Дури, постојат и мажи кои започнале да имаат проблеми - импотенција (еректилна дисфункција) откако некој направил ненамерна забелешка за нивните димензии. Скоро сите тие мажи имале совршено нормален полов орган. Но, секој од нив мислел дека му е многу “мал“ во споредба со други мажи.
Во однос на жените, вреди да се истакнат две точки:
1. Некои жени навистина не сакаат големи пениси и може да бидат исплашени од некој што е премногу долг.
2. Некои жени се повеќе импресионирани од дебелината на пенисот отколку од неговата должина. Тоа е така поради тоа што некои жени го сакаат чувството на раширеност околу влезот на вагината, па така ако пенисот е доволно широк на основата, тоа може да им биде многу возбудувачки и да предизвика задоволство кај жените.
Поглед на работите
Еден од проблемите е тоа што секој маж го гледа својот пенис под скратен агол. Со тоа, пенисот изгледа пократок отколку што навистина е.
Кога се гледаат пенисите на другите мажи, таков ефект не постои и секогаш изгледа дека тие се малку повеќе надарени.
Ваквата споредба трае цел живот (скоро секој маж прави брза ментална споредба со секој гол маж што ќе го види) и може да доведе до непријатни чувства. Затоа, многу е важно да се сфатат фактите за должината на пенисот.
Средна должина на пенис
Должината на пенисот во нееректирана состојба се движи помеѓу 8.5 см и 10.5 см, мерено од врвот до основата. Средната должина изнесува 9.5 см. Многу фактори можат да влијаат на привремено намалување на големината за неколку сантиметри како на пример ладно време или пливање во ладна вода и во тој случај не треба воопшто да се загрижувате ако паднете под средната вредност.
Секако, вистина е дека некои мажи имаат големи пениси а некои мали, исто како што некои имаат големи стопала а некои мали, но треба да запомните дека “мерењето“ не е индекс за машките карактеристики.
Повеќето луѓе мислат дека високиот човек има подолг пенис, но тоа не е целосно точно. Американските истражувачи Мастерс и Џонсон ги мереле должините на повеќе од 300 мажи со следните резултати:

·Должината на најдолгиот орган изнесувала 14 см во нееректирана состојба. Неговиот сопственик бил слаб човек со висина од 170 см.

·Должината на најкраткиот орган изнесувала 6 см во нееректирана состојба. Неговиот сопственик бил добро развиен човек со височина од 180 см.
Исто така, вреди да се спомне дека не постои корелација помеѓу големината на пенисот и расата.
Средна големина при ерекција
Колкава должина треба да има пенисот во еректирана состојба?
Интересно е тоа што повеќето од пенисите ја имаат скоро истата големина во ерекција.

·Мажите кои што имаат помал пенис во нееректирана состојба обично постигнуваат до 100 проценти зголемување во должина при сексуално возбудување.

·Мажите кои што имаат поголем пенис во нееректирана состојба постигнуваат до 75 проценти зголемување во должина.
·
Ова значи дека повеќето пениси имаат должина помеѓу 15 см и 18 см во ерекција, со средна вредност од 16.5 см.
Од овие факти може да се види дека ако мажот има “мал“ пенис, тој има вградено компензационен фактор со кој што може да ја постигне скоро истата големина во однос на оној маж кој е подобро “опремен“.

Сексот и жените

Скоро секој маж заборава дека не е важно колку пенисот е долг или широк, поради тоа што вагината ќе се акомодира на секоја должина и ширина.

·Должината на вагината кај жената која нема родено е 7.5 см кога таа не е возбудена. Должината кај жените кои што имаат родено е малку поголема.
·
При возбуденост, должината на вагината се продолжува на околу 10 см.
Ова значи дека секој пенис потполно ќе ја исполни вагината, освен ако не припаѓате на оние ретки луѓе кои имаат еректирана должина помала од 10 см.
Сега, сигурно се прашувате, како просечниот маж со еректирана должина од 15 см воопшто успева да го внесе својот пенис во вагината. Одговорот на ова прашање лежи во тоа што вагината има голем капацитет за издолжување и проширување ако пенетрацијата е постепена.
Така и “надарените“ мажи со должина од 20 см можат да имаат сексуален однос со секоја жена, ако таа е правилно возбудена и пенетрацијата на пенисот е бавна. Ако сексуалниот однос правилно се изведува, вагината може да се продолжи за 150% до 200% за да се акомодира на таа големина на пенис.
zazdravje.com.mk

Постирајте и вие некои факти околу големината ма машкиот полов орган.
Што мислите,дали големината влијае значително на самиот сексуален акт?Дали мажите се опседнати со големината на господинот"величествен"?Ме интересира и машки и женски размислувања околу овие прашања?
Поголемото е подобро, кога тема на разговор се пенисите но дали секогаш е така? Колку големо е премногу големо? Дали сте имале искуство кога и покрај вашата возбуденост сексот во поголем дел ви бил болка?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Факти за големината на пенисот....... дрн дрн јариња, и нај епик момент следува на крајот... во потписот: Се што ќе чуеш е нечие мислење, а не факт.

(happy) се согласувам...но затоа сме овде на форумот да споделиме свои мислења а и по тој повод се поставуваат темите за да дознаеме и други размислувања околу нештата освен своето:)
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
(happy) се согласувам...но затоа сме овде на форумот да споделиме свои мислења а и по тој повод се поставуваат темите за да дознаеме и други размислувања околу нештата освен своето:)
Е многу сакам да пишувам на темата ама не знам што.:mstickle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Е многу сакам да пишувам на темата ама не знам што.:mstickle
некои теми се поголем процент едукативни отколку за дискусија но еве на пример може да напишеш околу твојата опседнатост со големината на твојот "величествен"...признавам за цитираново земав овој пат и јас асоцијативна инспирачија од филм:mstickle....а ако сакаш да размислиш има и други работи што можеш ти да ги искоментираш мада очекувам повеке дискусија околу ова од женската полнолетна популација на форумов мада и неполнолетните веке доста знаат и и оформиле мислење за горенаведеното
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
некои теми се поголем процент едукативни отколку за дискусија но еве на пример може да напишеш околу твојата опседнатост со големината на твојот "величествен"...признавам за цитираново земав овој пат и јас асоцијативна инспирачија од филм:mstickle....а ако сакаш да размислиш има и други работи што можеш ти да ги искоментираш мада очекувам повеке дискусија околу ова од женската полнолетна популација на форумов мада и неполнолетните веке доста знаат и и оформиле мислење за горенаведеното
Задоволен сум јас од величенствениот, и не сум опседнат со неговата големина. Додека му рече работниот стаж, само пофалби ќе давам, а кога ќе го пуштам во пензија, ќе се вратам да продискутираме.:mstickle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and Bum-Bum

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Задоволен сум јас од величенствениот, и не сум опседнат со неговата големина. Додека му рече работниот стаж, само пофалби ќе давам, а кога ќе го пуштам во пензија, ќе се вратам да продискутираме.:mstickle
да сме живи и здрави до тогаш (hug) а кој маж кажал дека не е задоволен:sreken :mstickle а додуша и нека си се задоволни сите,од некој ке има и задоволни жени а и незадоволни