ТВ Игри на среќа

Која ТВ игра на среќа ви е најинтересна?

  • Џандар збира

    Гласови: 3 27.3%
  • Лесни пари

    Гласови: 0 0.0%
  • Се или нешто

    Гласови: 6 54.5%
  • Тркало на среќата

    Гласови: 2 18.2%

  • Вкупно гласале
    11

Nikola

Полноправен Член
20 февруари 2012
59
41
18
Skopje
Кои ТВ игри на среќа ги следите, дали ви се допаѓаат, забелешки, критики...
ТВ игри на среќа кои што моментално се емитуваат по ТВ.
  • Џандар збира
  • Лесни пари
  • Се или нешто
  • Тркало на среќата
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Море нема леб од овие игри. :D Само да се троши времето залудно.
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Џандар Збира ми е омилена али не е ни сенка од тоа шоу кое го водеше Игор Џамбазов :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Мене овие ствари ми се ужасно досадни и глупи за гледање. Посебно тркало на среќата, отров. Она со оној дибекон на Шител лесни пари се викаше мислам, толку е бледа копија на нешто што сакаат а не знаат како да го направат. Џандар збира го памтам од дете со Игро Џамбазов и ова го гледав неколку пати и ми изгледа исто така глупо досадно и безврска, не го гледам да не ми ги скрши убавите сфаќања за тој квиз од времето. Од нашиве вакви тв-игри или како и да се викаат, само милионер беше нешто што стварно тргнувајќи од Трендо па се до организацијата личеше на нешто што парира на милионерот кој се емитува на големите светски телевизии. Другово е само обична бљувотина, како што и е 99% од програмата на нашиве мизерни телевизии
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Се или нешто мене во недела ако ништо друго ми го задржува вниманието и ради Лила и ради коцкарското во квизот дури можам да си дозволам да кажам дека поубаво ми го води и од Игор коа го водеше овоа шоу.

Џандар збира е катастрофа и доказ дека не секогаш стар и испробан рецепт е добар во размер од 20 години.

Лесни пари не зашто Александар е се,само интересен не (под се подразбирам зајадлив,љубоморен,неинвентивен)

Тркало на среќата не ни знам дека сеуште има:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Бинго си го заборавил Nikola :) еве јас на пример гледам и играм бинго, пред некое време ми се падна 13ка ама имаше многу добитници па премијата беше само 47денари :giggle и грепки си гребам, од оние Твингоманија и скоро секогаш ми се паѓа добивка 30 денари, па си зимам нова грепка и така :) А сега испраќам од оние Среќни вести грепките што се со весник, и така купуваме весник секој ден,па зашто да стојат за џабе дома :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LadyInPink and Scars31