Интересно... Токму Бетовен и Моцарт се воведот на класичната музика, со нив се упознава човек во оваа сфера.
Исто можеби и барокот (Бах, Хендл) затоа што е премногу математички и има едноставен ритам.
Па јас за Бах конкретно не би рекол дека е едноставен ритмички. Слушни му ги сонатите за чело, менуетите за четворораки клавир, слушни ги кантатите кои ги направил. Јас не би рекол дека се со едноставен ритам. Баш поради тоа што е барок изобилува со ситни детали и чести ритмички промени.
Бетовен му бил ученик на Моцарт ама многу кратко време. Заедно со Бах, Игор Стравински и Дмитри Шостакович ми се омилените композитори. Ама од сите нив Бетовен е најмрачен и некако успевал секогаш да долови мрачни моменти. На пример, Moonlight sonata (ама вториот став посебно) или пак втор став од 5-та симфонија Andante con moto, втор став од 9та симфонија Molto vivace poco presto (мојот омилен став).
Моцарт и не ми е нешто посебно освен „Свадбата на Фигаро“, Ein mädchen oder weibchen (од магичната флејта) и уште по некоја суита или соната. Премногу ми е весел за да можам да го слушам активно.