Страв од старост

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Каков е вашиот став кон стареењето? Дали се плашите од староста? Дали сте оптеретени со некакви здрави навики против стареењето (знам дека повеќето жени се оптеретени со тоа и превземаат се и прават сешто само да не им се познаваат годините на ликот)? Или едноставно сте опуштени и го прифаќате и стареењето као нормален составен дел од човечкиот живот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ananas

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Стареењето е нормален дел од животот.Што и да направиш секогаш ке ти се познаваат годините...Во ред,на лицето и нема да се познава толку многу но што е со останатиот дел од телото?Рацете,вратот :) Ако правиш операција за оптегнување на кожата?
Јас не се плашам...како за другите така и за мене...Од тоа нема бегање.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Долга тема.
Се плашам. Искрено, се плашам многу.
Се плашам да не ме победи времето и да не, не успеам да ги сработам сите работи што сум ги имал во план.
Не ми е страв за брчите што ќе се појавуваат на моето лице, ниту пак отпуштањето на мускулите по телото - страв ми е само да не го убијам детето во мене и да бидам старец и во душата. Да не се шалам и да бидам типичен старец„А бе деца, деца“. Би сакал секогаш мозокот да ми работи со толкаво ниво на разбирателност.
Се плашам. Искрено, ни сам не сум свесен колку многу.
Со староста доаѓаат и болките - не сум имун на нив, јас не сакам да ме боли ништо сакам да сум во состојба да си чачкам низ двор, да си ми текне сред зима дека сакам да го бојам ѕидот да си станам и да си го обојам. Се плашам дека за тоа ќе немам сила во староста.
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Да, се плашам, ама не од промената во физичкиот изглед, туку од тоа да не немам време да си ги исполнам најважните планови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: S.B.

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Долга тема.
Се плашам. Искрено, се плашам многу.
Се плашам да не ме победи времето и да не, не успеам да ги сработам сите работи што сум ги имал во план.
Не ми е страв за брчите што ќе се појавуваат на моето лице, ниту пак отпуштањето на мускулите по телото - страв ми е само да не го убијам детето во мене и да бидам старец и во душата. Да не се шалам и да бидам типичен старец„А бе деца, деца“. Би сакал секогаш мозокот да ми работи со толкаво ниво на разбирателност.
Се плашам. Искрено, ни сам не сум свесен колку многу.
Со староста доаѓаат и болките - не сум имун на нив, јас не сакам да ме боли ништо сакам да сум во состојба да си чачкам низ двор, да си ми текне сред зима дека сакам да го бојам ѕидот да си станам и да си го обојам. Се плашам дека за тоа ќе немам сила во староста.
И јас исто....Се плашам од беспомошноста која доаѓа со староста а јас не сум тип на човек кој зависи од други...сакам се сама да си завршам да не молам никој...ама мислам дека староста тоа не го дозволува...али јбг тоа е не може да се избегне...само како што кажа да не се убие и да не остари младиот дух во нас тоа е најважно....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
И јас се плашам од старост, не физичката старост. Всушност онака како што опиша Аркантос е така се плашам. Се плашам дека ќе ми остаре духот, мислата, насмевката ...
 

Ananas

Истакнат Член
14 јануари 2019
75
33
328
31
Каков е вашиот став кон стареењето? Дали се плашите од староста? Дали сте оптеретени со некакви здрави навики против стареењето (знам дека повеќето жени се оптеретени со тоа и превземаат се и прават сешто само да не им се познаваат годините на ликот)? Или едноставно сте опуштени и го прифаќате и стареењето као нормален составен дел од човечкиот живот?
Ич не се плашам но тазе тинејџерите веќе ме викаат чичко :)