Мистерии (генерална дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Незнам дали тука негде на форумов има али како што барав не најдов,се работи за мистеријата од преминот Диатлов на Урал,нели да не должам тс да не правам копи пасте само сакам да кажам дека е дооста интересно да се најде и да се прочита..
Нели се работи за енигматска мистерија од 20 век и 60 години веќе никој не е во можност да истражи што се случило со 9темина луѓе (научници) кој мистериозно загинаа додека пешачеле во северниот дел на планината Урал,некој велат хипотермија,некој студ, други пак велат вонземски сили,нуклеарни експерименти итн,тогашната ппотрага по нив откако биле пронајдени делови од нивните шатори и облека се утврдило дека биле радиоактивни со тоа што остатоци од нивната кожа била со некаква кафена боја...

Под команда на Игор Диатлов во 1959 година 10 истражители ( 8 мажи 2 жени ) студенти на Политехничкиот институт на Урал Екатеринбург започнале истражување на врвот Otorten кој се наоѓа на северниоот дел на планинскиот масив,така почнал нивниот смртоносен истражувачки поход..
После тоа,ништо друго неможе да се објасни.

Не биле научници него студенти, освен еден кој бил постар и со искуство од војната, еден се откажал пред тоа ради болест...
Тешко ќе биде некогаш да се објасни, нема теорија освен ако во некоја архива не се чува доказен материјал па да биде испитан со денешни средства и технологии, за радиоактивноста нешто имаше дека еден од студентите работел привремено во електрична нуклеарна централа која имала квар, втор најтежок после Чернобил некаде година пред настанот и ширел радијација насекаде ама дали е тоа точно којзнае...

Може да биле во прашање створења како Алма (роџак на Јети, Бигфут, Сасквач :kafe )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Ете некој детањи може да се поразлични,а незнам дали има некој конкретен документарец да се гледа на јутјуб не сум побарал,сепак е интересен фактот што иако биле подложни на испитување нивните остатоци сеуште нема конкретен одговор за причината и се поставува прашањето дали навистина некојги крие причините или станува збор за нешто необично...:^):cool:
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider ископај некоја мистирија ајде, како во старите добри времиња.

Има еден интересен случај кој бил извесно време мистерија и после го разрешиле, еден од тие случаи кога човек просто навива за "негативецот" а денес е мистерија зошто Гугл е глув и слеп за таа особа, нема ништо, за ова дознав од една книга од дедо ми, партал од од 1950-те останат кога средувавме нешто по дома и ми беше језиво како може да нема ништо, и со транслејт на француски пробав - џабе...може пак и не е толку значаен случај како што ми се чини, субјективно ми е еден од омилените :) па шкрабнав на блогот нешто порано...

Добриот граѓанин Барт

(200/80)
Железницата отсекогаш била цел на вооружени грабежи, имињата на славните престапници од Дивиот Запад како Буч Касиди и Џеси Џејмс или Брус Рејнолдс и Рони Бигс од `кражбата на векот` во Британија се скоро household names и нивната слава се чини дека не проаѓа туку се пролонгира со секој нов филм, документарец или книга посветени на нив.

Во сета таа шаролика галерија на ликови се издвојува еден кој со својата самосвесност и анонимост е како црна овца во заедницата ограбувачи, пред се` поради двојниот живот и изразениот Робинхудовски комплекс а веројатно и со идеолошката мотивација.

Во Декември 1946. на железничката линија помеѓу Троа и Шомон во Франција се случил незапаметен грабеж во кој еден единствен маскиран човек се појавил со пиштол пред шокираните чувари на поштенскиот вагон на возот бр.426 и им се обратил со зборовите - `Не се плашете, само смирено, ми требаат парите ограбени од државата и ништо повеќе`. Заминал со 2,5 милиони Франци, денешен еквивалент на некои 7,5 милиони евра. И тоа не било ништо посебно ниту значајно ако по неколку недели низ цела Франција околу 500 луѓе не примиле мала пратка со по 4.500 Франци (13.500 евра) - која дошла како подарок од небото...

Овој настан ќе биде прв во низата слични во наредните седум години зад кои стоел Бартелеми Варзе, на прв поглед побожен и скромен тип, добар и совесен граѓанин и фамилијарен човек кој со ништо не се издвојувал од средината во која живеел.
Освен можеби со склоноста кон добра храна и добро вино со акцент на конзервирано пилешко, специјалитет на една единствена фабрика во Франција...

Единствена работа која ако може така да се каже `стрчела` кај Варзе бил фактот што никогаш не гласал на избори, локални, регионални или национални а на прашањата зошто не гласа одговарал - `никогаш не сум гласал затоа што не се согласувам со системот. Не сакам да знам ништо за државата која уништува милијарди франци а истовремено илјадници деца се мачат во тешка сиромаштија`.
За некои можеби тоа би бил знак за аларм но добрите жители на Монтрибур и онака не биле особено перцептивни...

Следниот грабеж се случил на 23.Март 1948 на линијата Периге-Бриве каде што возот пренесувал општински пари, 250.000 франци (или 750.000 денешни евра). Копија на првиот напад - и овој прошол без проблеми. Третиот напад бил на 1.Декември истата година на линијата Родез-Северак а пленот - 100.000 франци.

Полицијата почнала да се сомнева во организирана група која `сериски` ограбува возови а настаните почнале да биднуваат и тема на разговор на локалното население. Бартелеми до таа мера се имал соживеано со двојниот идентитет што во разговор со свои пријатели се жалел на неспособноста на полицијата да се справи со такви дрски ограбувачи!
Железниците почнале да најмуваат вооружени стражари, факт кој не го спречил следниот (четврти) напад - на железничката станица во Лонгре во Февруари 1950. Овој пат ситуацијата се покажала тензична, стражарот не го послушал Варзе кој со вперен пиштол му заповедал да го предаде оружјето - туку го удрил Варзе со тупаница и се обидел да го извади револверот од футролата. Варзе не се двоумел, истрелал три куршуми од кои еден бил кобен за стражарот бидејќи го погодил во главата полна со празно херојство на сметка на државата.
Пленот бил 3.086.000 франци што ќе остане рекордна поединечна сума `експроприрана` од страна на Варзе.

Мистеријата на пратките со пари кои осамнувале на адреси на сиромаси била доволна за полицијата да се сомнева во голема и добро организирана група. Дали Бартелеми делувал сам или имал помагачи, дали имал `подмачкано` вработени во поштата и воопшто на каков начин парите стигнувале до луѓето никогаш не станало јасно...

Петтата акција, во Февруари 1951, воз на линијата Париз-Дижон при која чуварите биле послушни а вреќите полни со 1.120.000 франци - била turning point во истрагата бидејќи напорите на полицијата преку своите доушници и информанти во подземјето да дознае нешто - биле залудни - наведувајќи на заклучок дека се работи за Волк Самотник или за малобројна група, одметнат Робинхудовски лик кој веројатно воопшто немал досие или било каков проблем со `законот` претходно. Цајкани во цивил почнале да дремат по разни железнички станици и да патуваат со возови, вооружени и спремни во случај однекаде да се појави непознатиот добротвор.

Сепак јавноста очекувала резултати а надредените промоции и затоа без некои посебни докази - биле уапсени двајца ситни криминалци и обвинети за грабежите и убиството на чуварот на станицата во Лонгре. Варзе во склад со своите убедувања не сакал да дозволи невини лица да страдаат поради него и затоа пратил писмо до судот во кое ги навел сериските броеви на вреќите со готовина како доказ дека анонимното писмо е навистина од вистинскиот сторител.
Правосудните органи биле спори во својата реакција и по неколку месеци погрешно осомничените сеуште биле во притвор што го навело Бартелеми да прати уште едно писмо - овој пат со два куршуми внатре адресирано за судијата Ле Пен во кое пишувало дека во случај да не бидат ослободени осомничените - исти такви куршуми ќе завршат во главата на судијата...

После ослободувањето на двете `жртвени јагниња`, Варзе се притаил некое време.
Една анегдота од тој период најдобро го отсликува ликот на Варзе, имено зимно време со својот автомобил заглавил во снег при што наишол селанец со коњска кола. На молбата да биде извлечен - селанецот ги ангажирал коњите кои го извлекле автомобилот на Варзе од снегот. На вербалната благодарност биле додадени 1.500 франци кои ги имал во себе (4.500 евра) како награда за шокираниот селанец...
На 12.Септември 1952, Варзе тргнал повторно по `поход`, ово пат на линијата Сен` Етјен-Клермон Феран. 585,000 франци со кои се вратил во својот дом и со идеја да напише книга за својот живот, акции и погледите на животот бидејќи бил свесен дека потфатот нема да трае вечно...

10.Април 1953, напад на линијата Ле Ман-Тур со одземени 270.000 франци од државата.

23.Октомври истата година, последниот напад на Бартелеми Варзе, станицата во Жизеј, целта биле 350.000 франци но овој пат тие пари биле штитени од неколкумина вооружени чувари на кои им се приклучиле и неколку цајкани во цивил. Варзе стигнал на станицата како обичен патник, со платена карта и со торба, а планирал да избега со запленето возило.
Ситуацијата ескалирала брзо, почнала престрелка во која биле ранети двајца чувари што му овозможило на Варзе и покрај дождот од куршуми да избега со помош на запленета кола - но овој пат зад себе ја оставил торбата во која што имало една од неговите толку омилени конзерви кои се произведувале во само една фабрика...

Овој траг бил доволен и за не премногу бистрите инспектори кои работеле на случајот.
На 21.Ноември 1953, цајканите ја опколиле куќата на Варзе во Монтрибур. Варзе имал доволно оружје за да се обиде да се пробие но фактот што во куќата била неговата сопруга и неколку роднини кои би се нашле во смртна опасност доколку отпочне пукање - решил да се предаде мирно.
После неколку дена, цајканите раководејќи се од својата вродена генијалност - ја уапсиле и сопругата на Варзе бидејќи сметале дека не е можно да не знаела ништо за акциите на својот сопруг. Подоцна била осудена на пет години затвор иако останал фактот дека не била запознаена со тајниот живот на сопругот - како впрочем и никој на светот...

Инспекторот Таган кој бил назначен да го испитува Варзе изненадувачки прецизно го опишал испитаникот...
`Луѓето сакаат да веруваат дека е луд. Лично сум цврсто уверен дека воопшто не е луд, напротив се работи за исклучително паметен и дрзок човек. Човек кој живеел двоен живот во сите области, контрадикторна и конфликтна личност, необразуван а пишувал книги, служел двоен воен рок а бил жесток антимилитарист, навидум фанатичен Католик - а всушност фанатичен Анархист, човек кој се грижел за сите, кој делел пари на сиромашни вдовици и на болни деца, човек кој секој ден оставал трошки за птиците кои слетувале во неговиот двор - а кој не се двоумел да пука во човечко битие кога бил притеснет. Не можам да се согласам со тврдењата на некои кои велат дека Варзе е само обичен криминалец бидејќи тој е повеќе нешто како литературен лик кој избегал од страниците на некоја книга`

Бартелеми Варзе, типот кој ограбил и подарил преку 8 милиони франци (24+ милиони евра) - бил пронајден мртов во својата ќелија во Јануари 1954 година. Човекот кој сменил илјадници судбини на подобро (или барем се обидел) и кој никогаш не крадел приватен имот туку само `државни` пари - своеволно заминал во амбисот на анонимноста како аномалија која не смее да постои во ваков свет, зрак на светлина кој откривал премногу во видното поле на рајата навикната на narrow band vision...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bozle and Electra

Emmanuel

Нов член
19 јули 2018
1
0
1
41
Незнам дали има друго место каде да прашам, ама еве овде ќе споделам едно видео, па ме интересира ваше мислење

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Малку појче им се внесов на крими сериите и документарките на Нетфликс, ама Unsolved Mysteries не требаше да гледам пошто сега не можам да прекинам да барам за некои од случаите.
Конкретно ептен навлегов во случајот на млада жена која се чекира во елитен хотел во Осло под името Џенифер Фергејт во мај/јуни 1995.
Типката проаѓа без чекирање и лесно остава лажни, непроверени информации дека се вика Џ.Ф. и дека доаѓа од Белгија. Престојува во соба на 28ми кат од која многу ретко излегува за време на трите дена за кои е чекирана, но кога ќе излезе, ја нема долго време, дури еднаш и цели 20 часа. Плаќањето исто така некако го избегнува, па кога член на обезбедувањето се качува да ја извести последната вечер пред да си оди, слуша истрел од пиштол и не знаејќи што да прави, чека неколку минути скриен, па бега надолу по засилување, оставајќи 15 минути на евентуалниот убиец да побегне од собата. Едно од морето зачудувачки прашања е зошто во целата истрага, никаде никој не побарал снимки од лобито или ходниците.
Кога се враќаат со засилено обезбедување, сфаќаат дека вратата е дупло заклучена однатре, што значи дека истата може да биде отворена само однатре или со посебна картичка која ја има само обезбедувањето.
Внатре ја наоѓаат девојката (според податоците што ги дала, има 21, скоро 22 години) со куршум сред чело и пиштолот во рака, но кој го држи на чуден начин и изгледа неверојатно наместен на гради, што не би бил случајот кога би се самоубила со пиштол кој е познат (не ми текнува марка, знам дека бил 9мм само) по големиот отпор кој ја зафрла раката наназад (сум пукала со 9мм, имам и белег на ракава од заглавена чаура, тешки се).
Што следува понатака е уште поголемо шитшоу. Имено, таа со неа нема никакви лични работи за хигиена - четка за заби, чешел, некаква шминка, крема или паста за заби, на масата има само еден машки парфем, стриктно само со нејзини отпечатоци. Нема со себе и никакви вишок гаќи, панталони или сукњи, туку ја наоѓаат со само гаќите на неа, еден пар хулахопки, свиленкаст шорц ко за спиење, црни чевли и црно сако. За разлика од тоа, за горниот дел од телото има неколку сакоа, џемпери и чинам маица, но белешките се тргнати од скоро сите алишта (освен едно сако бидејќи не е етикета што можела да се исече без истото да се оштети).
Во единственото мало куферче кое е во собата, има уште 25 куршуми и ништо друго. Една од собарките тврди дека во собата видела пар убави, шарени чевли кои ѝ оставиле впечаток, друга дека Џенифер носела сукња кога ѝ доставила храна, а исто мислела и дека фалело куферче на тркалца, кое ѝ оставило впечаток бидејќи тогаш истите биле прилично ретки.
Каде е тогаш таа облека?
Вреди да се спомне дека со неа на чекин листата е напишано дека треба да престојува и извесен Луис Фергејт, но нема индикации дека во собата биле двајца. Всушност, собарите се чуделе колку собата е цело време чиста, скоро и ко да не престојува никој во неа. Нормално, ликови со имиња Џенифер и Луис Фергејт не постоеле.
Пиштолот, ко што иде во секој крими трилер, е со изгребан сериски број за да не може да биде идентификуван.
Мислам, да, сето ова навистина личи на депресивна личност која дошла тука да се самоубие, ако се лажеме.

И тука остануваат многу прашања во воздух. Која е девојката и зошто никој ниту ја препознава, ниту пак некој некаде ја пријавил за исчезната? Дали е самоубиство или убиство? Дали можеби била агент на мисија (за кои не е невообичаено да одат со лажни идентитети и без белешки на алиштата) која не завршила ко што треба? Можеби била елитна проститутка која дознала нешто што не треба (што би објаснило зошто била пуштена во хотелот без идентификација, ако веќе им била позната ко проститутка за политичари или лица на високи позиции)?
Не знам, многу ми е интригантен случајов. Многу замотан, многу работи делуваат скриени и занемарени, што испаѓа логично дека се можни и теоријата за шпиун/агент (иако премлада според статистиката, но аутопсијата покажала дека можно е да има и до 30 години) и таа за елитна проститутка.
Двете сценарија се со огромни шанси дека зад нив стојат лица со силни врски кои ја попречиле истрагата и истата испаѓа ко предводена од второодделенци со цел никогаш да не се дознае вистината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Outrider

Јаска имам со 7,65мм и скоро да нема трзај, сега испаѓам уште помал маш ццц... :(
А случајов е сличен со еден исто во Норвешка во 70-ти кога една жена е пронајдена изгорена, средни 30-ти по возраст и сите облеки, обувки, куфери со пресечени марки и брендови, класика за шпиони. Случајот не е решен до ден денес.
Веројатно и оваа лажна Џенифер била оперативец на некоја служба или потенцијален whistleblower така да настрадала по некоја причина поврзана со нејзината работа.
Секогаш се комични објаснувањата за самоубиство, имаше новинар во САД кој се убил со два истрели во глава, а во Хунзистан еден лик со 4 истрели во грб. И после теории на заговор, па ќе има нормално кога официјалните органи ја навредуваат интелегенцијата на луѓето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Мислам дека ја имаа спомнато таа од 70ти некаде во случајов, дали беше нешто на И или на Л, некоја ко шпиунка/медијаторка поврзана со Палестина ли, не знам, не зачитав баш за неа, но беше спомната сличноста со случај од 70ти.
Инаку и ова е во Норвешка, во Осло. Видиш, history repeats itself.
Сличен случај е нели и оној Тамам Шуд, со типот најден на плажа во непостоечка Австралија, исто без белешки на облеката, со чудното книже во куферот и со шифрите на истото, кои до денес не се дешифрирани. (Сигурно бил лош глумец и сакал да ја издаде тајната дека Австралија не постои. :giggle)
Тој е пак 20 и нешто години наназад од 70ти, мислам беше во доцни 40ти... 1947-48-49 некаде. Тој е првиот случај за кој дознав пред гооодини што ме навлече во овој rabbit hole на неразјаснети случки.
Значи како тргнало, ваквите ликвидации се повторуваат на секои 20 и нешто години, треба во блиска иднина да очекуваме нов случај. (:|

Ах, самоубиство во грб. Не можеш ни на сенката да си веруваш.
Во Хунзистан го имавме и оној серискион убиец нели што се самоудави во кофа вода под лавабото на затворскиот ќенеф, во ќелијата која ја делел со уште 2-3ца и никој ништо не приметил до сабајлето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Жената од Исдал, така се вика жртвата на случајот од 70-ти, има по нет релативно многу за неа.
И за Таман Шад имам читано и слушано, според мене текстбук шпионска елиминација, не ми текнува дали плима/осека го исфрлила лешот на плажа или бил оставен на плажата. Еден сличен случај но со поинакви реаултати ќе постирам од блогот :)

Кофата убиец, тоа само во Хунзистан го има, човековата историја не забележала друг случај во кој пластична кофа убива возрасен човек :D Серијашот наводно беше Владо Танески, колега на мајка ми, таа кажува дека Владо бил ок тип, ништо забегано или ненормално, барем колку што имале комуникација.

Може не е секои 20-тина години туку се случуваат елиминации почесто но тие се помалку мистериозни, или особата исчезнува скроз, или како оној талијанот-банкар кој го обесија со глава надолу од некој мост во Лондон (сеуште неразрешен случај) па дознаваме само за оние кои се толку бизарни да бидат на радар...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Безимениот​

Тоа сончево септемвриско утро 1863-та, на брегот на Сенди Ков, во заливот Фанди, собирачите на Морска трева и школки очекувале да имаат пријатен ден. Она што не го очекувале, што изникнало на плажата - тоа бил човек во несвест.
Човек? Да, но не целосно.
Пронајдениот човек на брегот на Нова Шкотска, во она што за четири години оттогаш ќе се нарекува Канада, бил без обете нозе, хируршки прецизно ампутирани под колената и завиени во сеуште свежа и крвава преврска, разјадени од солената морска вода.
Освен тоа, имал крвава повреда на главата и многу расекотини и модрици по телото.

Враќајќи го сознанието после испивање малку Бренди, се испоставило дека овој човек е уште помалку целина од останатите. Бидејќи не си го знаел ни сопственото име.
А не знаел ниту да зборува.
Оштетување на гласните жици, жесток удар во главата или ментална попреченост, претпоставките биле многу, иако оваа последната со текот на времето се покажала како сосема неточна.
Оваа личност која морето необјасниво ја исфрлила на светлото на денот, под екотот на брановите, на рацете на плимата, заедно со трупците и алгите кои се чести гости на песочните плажи - добила експресно име од локалното население кое се насобрало да го види тоа чудо.

Џером. Зошто баш Џером?
Напрегајќи се да објасни нешто, типот испуштал звук кој наликувал на името "Џером" или барем така им се чинело на рајата. А зошто и да не? Можело да биде и Том и Дик и Хари, но ете, сепак доживеал второ крштевање под името Џером.

Извесна фамилија со презиме Олбрајт се сожалила на страдалникот и го прибрала привремено, барем додека не се опорави за да може да продолжи, до домот, до своите, до своето.
Но Џером немал ни дом, ни свои, ни свое. Секако дека некаде по белиот свет имал некого, но што со тоа кога немал меморија? Немање сеќавање значи немање ништо.
Олбрајтови после некое време, притиснати од својата сиротиња биле принудени да го дадат на друга фамилија да го чува Џером, некакви Корзикански емигранти со полукриминогено потекло со презиме Николас. Локалната франкофонска општина Метеган одредила 2 долари неделна издршка за Џером, (околу 60-тина денешни долари) пари кои ги давале на Николасови за да се грижат за најосамениот човек на планетата.

А тој, без свое знаење станал нешто како вашарска атракција, локална занимација, легенда за која се чуло низ цела Нова Шкотска па и подалеку. Раја почнала да доаѓа да го види човекот, да ги слушне звуците кои се обидувал да ги пушти. Џером не бил секогаш расположен да излегува пред народот кој плаќал по некоја цента за да го види тој необичен лик, но во тој случај мотивацијата била во вид на ќотек со кој бил теран надвор од куќата.
На ќотекот се придружиле и другите јавачи на понижувањето како исмевањето, фрлањето предмети во негов правец, имитирањето на неговиот специфичен `од со дрвени нозе и штаки од страна на децата, навредите и погрдните зборови, пуштањето кучиња на него да го плашат, а посебна забава биле неговите реакции во вид на `ржење и мафтање со самоделските штаки во обид да закачи нечија глава и да се одбрани од садистички настроените поединци.

После повеќе од шест години во таа куќа, Џером некако избегал и бил прифатен од друго семејство, овој пат Де Клерови во селото Сен Алфонс во истата општина, кои ќе го одржат во живот уште цели 43 години, грижејќи се за него во рамките на своите можности. А Џером не правел никакви проблеми, ги чувал нивните деца и си играл со нив, поднаучил да чита Француско писмо и најчесто по нешто читал, а врв на животното задоволство бил тутунот, кафето и чајот кои ги употребувал седејќи пред портата на дрвена даска и така чекајќи го зајдисонцето, буквалното и метафоричното, секој ден, скоро половина век...

Никој никогаш не го препознал Џером, негови фотографии биле објавени низ цела Канада, новинарите напишале неколку жалостиви наслови и артикли, сето тоа попусто. Шпекулациите дека е италијански морнар кому гангрената му ги одземала нозете, дека неговата фамилија го унаказила и протерала за да биде спречен да земе наследство, дека е екс-пират...останале само пусти шпекулации. Исто како и онаа најсуровата, дека бил несреќен член на екипажот на некој Канадски трговски брод чиј капетан не сакал да плати за осигурување на здравјето на морнарите и проблемите со нивните тешки повреди ги решавал со тоа што ги оставал на рандом места низ огромното крајбрежје и острови на истокот на Канада, самите да изгнијат по себе...

Невработлив поради чудниот сплет на околности, Џером никогаш не ја напуштил општината Матеган, проминувајќи скоро половина век помеѓу внатрешноста на куќата на Де Клерови и клупата во дворот, ретко патувајќи повеќе од неколку километри во посебни и прилично ретки прилики.
Поимот осаменост е неупотреблив во овој случај бидејќи е блед и неуверлив за да ја опише состојбата на изолираност на кутриот Џером, барем на момент да ја пецне нашата перцепција за болката во неговата душа...а кој збор воопшто и би го можел тоа?!

Седејќи си вечно така пред куќата, Џером го испуштил последниот здив на 15.Април 1912 година, на свои недефинирани, горе-долу околу 85 години.
А токму на тој исти ден, малку на Југоисток, неколку часа пред него, оваа реалност ја напуштиле и 1524 души од патничкиот брод "Титаник". Овој поморски помор ја украл смртта на Џером од насловните страни на локалните весници и осигурал големо друштво на јадниот Џером на патот од другата страна, ако неа воопшто ја има...
Но не и од локалната колектива свест, до денешен ден по Нова Шкотска сеуште било присутно преданието за овој непознат човек, кој дошол од никаде од непознати причини со непознат идентитет и останал сам, само да ја посматра природата, смените на годишните времиња, смените на генерациите, никогаш не присеќавајќи се кој е, што бил и зошто завршил така како што завршил.

Но Џером не е само оној кој заминал на исти ден со Титаник.
Го има во разни форми насекаде, по сиот свет, посебно онаму каде што погледот на луѓето никогаш не допира.
Ако баш не мора.
А за жал, баш и не мора...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Electra