Хм, не знам како работи нивото на самосвест кај сите, ама сум скоро сигурна дека најголемиот дел секогаш с(м)е свесни за грешки и испади во однесувањето, само чекаме реакција од другата страна за да видиме дали ќе треба да ублажуваме или другата страна го прифаќа тоа полесно.
Сега, малку сум скептична кај она
„кажуваме/правиме нешто што не го мислиме“ затоа што сметам дека, освен ако намерата не ти е да повредиш некого со невистина (што пак е со умисла - значи свесни сме за однесувањето), во афект го кажуваме она што можеби и не сме свесни дека го мислиме, но е сепак скриено некаде во потсвеста.
Да, секако дека во афект постои преувеличување, но барем некој процент од кажаното е вистина.
Строга сум кон себе повеќе од што сум кон другите (и тоа е грешка), но си ги признавам и се помирувам со своите грешки. Некогаш ми треба повеќе време, не за да сфатам или да си признаам сама на себе дека сум утнала, туку за да си простам. За извинување - ќе се извинам само кога навистина го мислам тоа и ако сметам дека другата страна заслужува. Секако лесно ми се чита од фаца дали навистина го мислам нештото или не.