Државно vs. Приватно = лажна дилема?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Низ муабети со раја често се појавува прашањето за државно вс. приватно. Се чини дека постои јасна дистинкција меѓу државен (јавен) сектор и приватен (реален), имено првиот теоретски постои за `доброто` на граѓаните, како нивен сервис, а вториот е мотивиран од профит.

Бидејќи теоријата е едно а реалноста сосома друго - изгледа дека се работи за лажна дилема и дека двата сектори се мотивирани од профит.

Копи пејст од другата тема - државата како ентитет најверојатно е run for profit corporation, профитот би бил разликата меѓу потрошените пари од буџет за потреби на рајата собрани од сите намети или кредити и парите кои се трансферираат во сосема приватни џебови на политичари и бирократија. Тендери, анекси, договори, плата и бонуси за бирократи - сето тоа се приватни џебови, бидејќи не постои држава како битие туку постојат нејзини претставници кои по некое чудо ама баш секогаш излегуваат побогати после одреден мандат отколку пред тоа.

Дакле разликата меѓу парите потребни за да опстои државата како таква и она кое завршува на нечии сметки. Не за друго, одреден процент мора да биде потрошен во корист на рајата бидејќи ако државните структури само собираат намети а не враќаат ништо - ќе бидне крваво за кратко време.
Иако и тие средства кои се трошат за бенефит на рајата се напумпани и од нив профитираат разни државни паразити - сепак останува нешто и за робовите.

Тоа не е феномен само на коруптивни клептократски државички како РМ туку и на сите останати по светот, разликата е во тоа колкав терет паѓа на граѓаните. Секако во земји со повисок стандард, повисоки примања и подобра инфраструктура тоа не се чувствува толку како товар, но во запечени припиздини и тоа како се осеќа.

Ако ова е точно, дали испаѓа дека патриотизмот и национализмот се `љубов` кон туѓ профит и одлична превара базирана врз емоции со цел да се сокрие дека државата е само run for profit?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Во секој случај е...барем во нашиот...
Ако во западно европските и прекуокеанските земји, бизнисмените и милионерите стануваат политичари, кај нас полуписмени и благо растроени индивидуи стануваат политичари со сел нели да се “завошкаат“ и да станат милионери...
Национализам, патротизам...ни Н ни П остана од нив...
А за теретот што го осеќаат граѓаните на нивниот грб, за тоа да не ни почнуваме...Државата ти дава минималец од 8 800 денари, статистички потрошувачката кошничка изнесува некои 20 000 денари, казна за кал на гуми ти штрака, е па шта речи друго...А да...Ах, оваа наша чудесна земја...
Значи, да..РМ е само кутра, бедна, мизерна душичка од државичка која служи само за профит...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Во сите држави е така, пример Британија каде за менување сијалица во општина покажуваат трошок од 19 фунти :zelen а истата чини пола фунта, милијарди фунти годишно се одлеваат `некаде` само што граѓанинот тоа не го чувствува толку. Или Бразил со светското, Русија со олимпијадата, тоа милијарди завршуваат во приватни џебови.
Е сега РМ е обична шега, нема можност за такви ствари и се удира директно по џебот, настрана од `проектите` како Ск-2014.

Има и тоа како патриотизам и национализам, имено служат како вазелин. Или како самоизмама. Или и двете...:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
https://en.wikipedia.org/wiki/Panama_Papers

Последниве денови осамнаа наслови околу некаква глобална мрежа за притајување данок, илегално лобирање, поткуп и трансфер на јавни средства во приватни џебови. Се работи за трилиони евра и долари.

Не дека ова ми потврдува дека сум бил во право, тоа ми беше јасно одамна.
Она што не ми е јасно е дали поимот патриот треба конечно да се изедначи со поимот имбецил во секојдневниот говор.

Сакајте си ја држаата, пошто во љубафта е одговорот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Па од кога се поставени работите во смисла на некој си систем на организирано државно уредување, еден од познатите филозофи ја дава нај концизната дефиниција за тоа што се случува. Таа гласи вака некако отприлика.
"Во една држава има три слоја. Првиот е владарот, вториот е војската и последниот-народот."
Тоа е, и ништо друго во суштина.
Во тој поглед, од појавата на првите градови држави од античкиот свет се до ден денеска правилата ги поставува тој што го поседува златото.
Какво право, каква демократија какво државно или пак приватно, какви бакрачи...
Се е направено само за да го одржат тој концепт на социјално уредување со кој се контролира третиот слој. Затоа и лугето во модерниот свет се борат на цивилизиран начин за власта.
 
Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Она што не ми е јасно е дали поимот патриот треба конечно да се изедначи со поимот имбецил во секојдневниот говор.

Еве јас ќе ти разјаснам, не треба да се изедначат двата поими.
Ако си патриот не значи дека си имбецил по дифолт. Ти може да си патриот и пак да се збогатуваш на сметка на државата.
Не би рекол дека патриот во Норвешка на пример е имбецил.
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Дали вреди да си патриот за Македонија и да се чукаш по гради дека ќе ја браниш чесно и поштено и на фб да си имаш cover photo од тоа како си горд македонец ? Огромно не. Патриотите се загрозен вид исто како овие што секој ден палат свеќи и се молат за да им биде убаво. За кого ќе гинат патриотите наши еве не знам јас. Дали им ги перат мозоците ?! Изгледа и тоа.. што е до мене, подобро да ја поделеа уште порано, можеби немаше ваква сиромаштија да трпи никој. Поддржувачи на партии, патриоти, ептен религиски настроени или фудбалски навивачо = многу ниско образование и недоволно информираност. Што поглуп си толку е поголема шансата да спаѓаш во некој од овие групи.
 
Размисли внимателно, патриотизмот постои затоа што нешто не е во ред во државата. Кога би било се во ред од сите аспекти во државата не би имало потреба од патриотизам. Патриотизмот како основна идеологија е движечката сила која ги движи луѓето кон иницирање на активности за подобрување на состојбите во државата.
Многу грешите кога зборувате со потсмев кон патриотизмот. Затоа и оваа држава е ваква волкоебачина каква што е, поради наседнување на пропаганда дека патриотизмот е демоде и глуп си ако си патриот. Тоа нормално одговара на онош што сака да ја уништи државата. Значи познат е виновникот зошто државава оди downhill, но после се што прочитав тука и имајки претстава како размислуваат дискутантите овде, уопште не би ја почнувал темата.
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Па нели патриот е некој што ја сака Македонија и што животот ќе го даде за неа. Епа акп има такви нека го дадат... што да кажам друго. Или патриоти се тие што само викаат дека ја сакаат на фб само ццц
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Дали вреди да си патриот за Македонија и да се чукаш по гради дека ќе ја браниш чесно и поштено и на фб да си имаш cover photo од тоа како си горд македонец ? Огромно не. Патриотите се загрозен вид исто како овие што секој ден палат свеќи и се молат за да им биде убаво. За кого ќе гинат патриотите наши еве не знам јас. Дали им ги перат мозоците ?! Изгледа и тоа.. што е до мене, подобро да ја поделеа уште порано, можеби немаше ваква сиромаштија да трпи никој. Поддржувачи на партии, патриоти, ептен религиски настроени или фудбалски навивачо = многу ниско образование и недоволно информираност. Што поглуп си толку е поголема шансата да спаѓаш во некој од овие групи.
Потполно се согласувам,нешто шо јас го зборувам секогаш. :D
Е сеа да се навратиме на темата.Како пример за компарација меѓу приватна и државна установа да ги земеме болниците.И во двата случаи бараш иста услуга но ја добиваш на различен начин.Во државна болница добиваш услуга од доктор исфрустриран од одлуката да биде вечен заложник на специјализацијата што ја потпишал во моменталната и доживотна установа во која што само се зема пари а не се инвестира во ништо,а кај приватните добиваш услуга од доктори и сестри кои што своеволно работат и гледаат да биде што подобро (инвестираат во себе и институцијата) заради тоа што зависат од квалитетот на услугата односно од репутацијата.На запад и на американскиот контитент е различно,таму се зема пари,секаде се зема,ама разликата е што таму се инвестира од земените пари а тука се профитира во корист на нечија индивидуална потреба настрана од таа на институцијата од каде што се свлечени парите.Тука во сите институции е така.Е сеа Тодоров шо купил 2-3 апарати од Кина и на вести ги врти од болница у болница,од град у град иститие апарати шо ги пере мозоците на напатениот ни неук народ тоа е друго.Државкава е пропаст невидена,секој ден имаме леб и сол за јадење,ама не ни текнува да го отвориме фрижидерот да видиме шо се друго има,затоа шо на вестите ни кажуваат дека лебот и солта ни се од фрижидерот и тоа е се.