Живот без факултет

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Ете така и да не мижиш , учи си и никогаш не се одкажувај од ништо , успехот во животот се стекнува само со труд ... каков и да е (handshake) ;) убав ден имај ...
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Јас мислам дека многу од луѓето избираат факултети без да помислат дали навистина можат да најдат работа со тој факултет. Обрнете внимание на тоа кои струку се ДЕфицитарни, па според тоа запишете се. Можеби ќе студирам година две повеќе но сигурно ќе се вработам, баш заради тоа што струката е дефицитарна.
Не е дека факултето те прави човек или нешто повеќе, сите учиме факултет за да ни биде повисока платата. Многу работи продавач, на бензинска, во аптека, во перална за автомобили, во печатница, во кладилница, бејбиситер, чувар, обезбедување, келнер, шанкер, ДИРЕКТОР :D
А да размислуваат во правец - која професија ја сакаат и за која професија имаат способност да ја работат????
Баш поради тоа што сите се запишуваат на факултети кои што подоцна можат да им обезбедат добро платено работно место или брзо вработување, подоцна истите се покажуваат како нестручен кадар, изложени се на огромен стрес, не се среќни на своето работно место, нивната психичка состојба влијае на останатите членови од нивното семејство и тн.

Мене не ми е јасно како може да си потрошите огромен дел од животот и тоа најубавиот дел - младоста, за учење на нешто кое можеби и не ве интересира, не го сакате, ама ке ви донесе работа и пари... Исто му доаѓа како да се проституираш, само што во овој случај не си го ,,продаваш,, телото, туку интелектот и душата, а најмногу од се времето кое никако не можеш да го надоместиш.
... а уште понејасно ми е како можете да се нафатите на трошење на остатокот од животот осудувајки се себеси на работа на работно место кое не го сакате, кое не ве прави среќни...
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969

За тоа треба да прашаш некој друг човек. Јас сум среќна и задоволна од изборот и ќе сакам да го работам тоа што го учам. Не можеш ти амбицијата и учењето да го споредиш со проституција, зошто многу студенти на пола од студиите сфаќаат дека не е тоа за нив, а касно е да се откажуваат. Подобро на учење да губам време од колку на ништо ! А од што ќе живее семејството, од љубов и воздух ?! Пари требаат, во Македонија нема никој да те праша дали го сакаш тоа што го работиш. Стегнете заби и не фантазирајте. Не мора да го сакаш тоа што го работиш. Треба да си доволно паметен психички да не паднеш во депресија и да си свесен дека работиш за да преживееш, а не да си заљубен во професијата
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
А бе да си гледаме реално, на денешницава ако немаш некој да те "пикне" на работа или среќата ќе ти проработи ќе влезиш на навистина залслужено место (тоа е 30% од 100%) или ке оставаш коски в маркет..
Ќе си тргнам од себе. Не отидов на факултетот што го "сонував", а не дека овој не го сакам далеку од тоа оти си се тешам млад е кадарот нема место, а реалноста е малце поинаква.
И ако не успеам да ја остварам целта со мојот факултет имам и друго решение . Пријатели кои ќе ме вработат во нивниот ресторан.. ;)
Значи сепак не газам на трула штица.
 
Не мора да значи дека факултето што го сакаш е идеален избор. Правилен избор е факултет со кој можеш најлесно да најдеш работа. Како и да е ти посакувам огромен успех и среќа за да го работиш тоа што си го учела :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Нај соодветен начин да успееш во тој поглед во животот во денешно време е да имаш харизма и широк круг на пријатели ... пред се ! ;)
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Не мора да значи дека факултето што го сакаш е идеален избор. Правилен избор е факултет со кој можеш најлесно да најдеш работа. Како и да е ти посакувам огромен успех и среќа за да го работиш тоа што си го учела :*

Ти благодарам :*
Сепак не чекам на никој како што кажав имам поддршка од моите дали после школувањето ќе отворам ресторан или пекара или пицерија, небитно.. а ќе пробам нормално свесна сум дека е голем ризик а дека мислам позитивно да, одсекогаш се гледав како успешна учителка.. А сега ќе се гледам како успешен шеф на кујна.
Тоа е и најголемата предност на овој факултет, што можеш сам да створиш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
За тоа треба да прашаш некој друг човек. Јас сум среќна и задоволна од изборот и ќе сакам да го работам тоа што го учам. Не можеш ти амбицијата и учењето да го споредиш со проституција, зошто многу студенти на пола од студиите сфаќаат дека не е тоа за нив, а касно е да се откажуваат. Подобро на учење да губам време од колку на ништо ! А од што ќе живее семејството, од љубов и воздух ?! Пари требаат, во Македонија нема никој да те праша дали го сакаш тоа што го работиш. Стегнете заби и не фантазирајте. Не мора да го сакаш тоа што го работиш. Треба да си доволно паметен психички да не паднеш во депресија и да си свесен дека работиш за да преживееш, а не да си заљубен во професијата
Многу лош одговор. Ке ти објаснам зошто
- Учењето и образованието немаат никаква врска. За тоа време што го губите по факултети, дома преку интернет, преку книгу или директно преку луѓе со искуства можете да научите многу повеќе. Професорите кои што предаваат на факултетите се само медиуми кои ви го пренесуваат знаењето, не се извор на знаењето, зошто не би учеле директно од изворот? Денес барем секој извор е лесно достапен.

- Можам да го споредам со проституција бидејки тоа и е, а сето тоа нема никава врска со тоа што има голем број на студенти што сфаќаат, но повторно продолжуваат, ти нема лоѓика аргументот.

- Пари требаат, но со сите тие пари кои што ги тошиш на образование, сигурно може да се отвори сопствен бизнис.
Пари требаат и за лекарства против депресија стрес и сите последици од стресот кој ти го предизвикува работното место кое го трпиш само затоа што пари требаат...
Пари требаат, ама треба и здравје, среќа, мир...

-Треба да си заљубен во професијата за да ја работиш така како што треба. Денес сите можеме да ги почувствуваме последиците од вработените кои што не се задоволни од своите работни места. Ти се дерат на шалтер, во банка за една обична ситница те задржуваат по пола саат затоа што девојката од другатав страна на шалтерот не знае што треба да прави, анестезиолози пијат алкохол на работно место, бабици си решаваат крстозбор додека родилка се породува, наставнички си ги лечат комплексите врз кутрите деца и така натака.

Како може да си силен психички за да не паднеш во депресија ако секој ден по осум саати работиш нешто кое не го сакаш? Која смисла тогаш ја има таквиот живот?
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Учителка во која смисла , а и имаш многу области ? :) (party) :sram
Учителка е нели онаа која што држи клас од прво до четврто, сега петто одделение.. Па следат оредметни наставници и професори.. :)
Е сеа за која смисла мислиш ти..? :D