Сакам да кажам/Сакам да прашам

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
„Двоглав ОрВел“

Значи како им успева бе.... како???? :banghead
И на едните и на другите мамицата мамина.
Дај не се нервирај и не си лупај таа твоја умна глава...ете и ние крст ке направиме во Бутел уште поголем, мораме да го запазиме и чуваме мирот на заедничкото соживотство....ако сакаат и троглав нека турат:svirka
 
corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Е многу убав соживот.Го претепаа организаторот за изградбата на крстот,пак за соживот зборуваме.Тешко,тешко!
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Повторно тој муабет за `успешните приказни` во стилот на гости кај Опра или некоја слична тв-персона. Against odds kind of stories that is.....А зад една таква нашминкана прича постојат илјадници тивки вулкани на очајот кој никој не ги регистрира. Во минатото за нив биле резервирани мемливи подруми и прашливи тавани. Денес подрумите и таваните попримија нова, `фина` форма но сеуште се тука.

While the people celebrated, they were hidden away in big grey attics and cellars, far from the public gaze.
I mean, unfortunates like that could put you right off your dinner couldn't it?

Мех, срање.........ваљда сум само преморен.........
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Од оваа наша прекрасна медицина можеш само да изиграваш сам хирург. Барем мислам дека дознав зашто сеуште не сака да зарасне раната, едно мало скапано парче месо кое немам срце да го исечам. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable° and corki

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Од оваа наша прекрасна медицина можеш само да изиграваш сам хирург. Барем мислам дека дознав зашто сеуште не сака да зарасне раната, едно мало скапано парче месо кое немам срце да го исечам. :(
:eekем било скапано а пак несакаш да го отстраниш....и како ќе изиграваш хирург баш ме интересира иако ништо не те разбрав ама сум многу радознало створење:rolleyes:
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
:eekем било скапано а пак несакаш да го отстраниш....и како ќе изиграваш хирург баш ме интересира иако ништо не те разбрав ама сум многу радознало створење:rolleyes:
Имам веќе пишувано за ова така да не би ми било проблем пак да повторам.
Станува збор за мајка ми, пред веќе три години на едната нога и ги исекоа сите 5 прсти. Се почна од еден плускавец кој се искомплицира и кога на тоа ќе додадеш лекарска запоставеност ќе добиеш гангрена со два вида на бактерии. Беше што беше, зарасна раната со исклучок на палецот т.е местото кај што беше палецот. Во меѓувреме како што се затвараше раната така се собираа мртви кожи.

Секоја контрола додека одевме го прашував докторот дали ќе ги исчисти сепак кај нив е многу по стерилно и знаат како нели тоа им е работа, а како одговор добивав само: Нека ја кисне ногата па сами ќе си паднат. Па така морав да почнам сама да ги вадам тие мртви кожи пошто од една страна мирисаа (посебно летен период), а од друга страна има веројатност да се повтори гангрената ако не се отстранат.

Е сега зашто реков дека немам срце да го исечам тоа мало парче месо. Самата помисла дека треба да сечеш парче месо во отворена рана боли, а не сакам ни да замислам колку би ја болело мајка ми. Друго јас немам никаква допирна точка со медицината не знам дали воопшто смеам да го исечам, сакајќи да и направам добро можам само полошо да направам. Секогаш гледам да одржувам некое ниво на чистота т.е хигиена, но кога веќе станува збор за скапано месо треба докториве малку да посветат внимание, а не да гледаат само како да те откачат.
 
Ууууууф..извини те молам за оваа моја радозналост, се посрамотив и ми ја натажи душата, навистина незнаев дека имате такви болни проблеми со мајкати:(
Неможам само да разберам зошто не и ја санираат ногата во некоја установа, на кожно на пр.или во Систин, Филип 2, тие прегледи спаѓаат на товар на фондот...па недај боже ако е гангрена може повторно да се сече ногата...абе барајте да одете кај друг лекар, ако не го бива тој кај трет, не оставај така молимте.....:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ууууууф..извини те молам за оваа моја радозналост, се посрамотив и ми ја натажи душата, навистина незнаев дека имате такви болни проблеми со мајкати:(
Неможам само да разберам зошто не и ја санираат ногата во некоја установа, на кожно на пр.или во Систин, Филип 2, тие прегледи спаѓаат на товар на фондот...па недај боже ако е гангрена може повторно да се сече ногата...абе барајте да одете кај друг лекар, ако не го бива тој кај трет, не оставај така молимте.....:(
Нема проблем туку не можеме да отидеме во друга установа или кај друг доктор па дури и во иста болница затоа што системот не дозволува т.е мора да се лекуваме кај докторот кај кој што сме биле првиот пат. Другите просто не те примаат, затоа што работат на процент и не би било фер да им се земаат пациентите плус кога веќе еден почнал друг не сака да продолжи. Колку само луѓе починаа ради ова ама тоа е треба да се снајде човек за да преживее во секој случај докторот што ја лекуваше мајка ми не можам да му замерам сепак животот и го спаси, а тоа што не сака да доврши сигурно си има некоја причина или смета дека нема потреба но знаеш кога еднаш си поминал низ сето тоа се плашиш, а не можеш никого на сила да натераш па ќе видиме што ќе биде на крај изгледа јас ќе го вадам.