Фенг шуи

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: Средениот дом создава чувство на полетност


Отстранувањето на предметите кои се вишок во домот, според Фенг шуи, претставува нов почеток и можност во животот да се внесат промени.


feng_shui_ureden_dom.jpg
Според Фенг шуи, нередот психички исцрпува и ги држи луѓето заробени во минатото. Предметите расфрлани по подот, како и прашината и нечистотијата го спречуваат протокот на енергија во домот. Оние предметите кои немаат свое место го отежнуваат редовното чистење на домот. Неизмиените прозорци и запрашените ормари во ваква состојба влијаат на енергетските нивоа во целиот дом.

Од друга страна, исфрлањето на одвишните предмети и темелното чистење на домот симболизираат нов почеток, кој овозможува во животот да се внесат промени, да се запознаат нови луѓе и да се искористат можностите кога ќе се појават.

Уредниот дом создава и чувство на мир и спокој, а исто така и ја привлекува среќата и здравјето во животниот простор.


Ослободете го главниот влез

Главниот влез е место на влез на енергијата во вашиот дом. Затоа отстранете ги од тоа место сите непотребни предмети како што се стари саксии, канти за ѓубре и сл.


Растенијата го прочистуваат просторот

Собните растенија ќе го разубават вашиот животен простор, ќе го подобрат квалитетот на воздухот. Тие ги впиваат штетните материи и внесуваат исцелителна енергија.


Кујната значи здравје

Од фрижидерот и шпајзот отстранете ги сите работи чиј рок на траење веќе поминал или работи кои не планирате повеќе да ги употребувате. Шпоретот и кујнските елементи секогаш треба да бидат чисти, а најдобро е да се чистат со природни средства за чистење.


Спалната соба треба да биде мирна

Ослободете се од работите кои се натрупани под креветот. Во спалната соба добро е да нема предмети кои визуелно стимулираат, како на пример телевизорот или справа за вежбање.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Уредување на балконот според фенг шуи



Секој балкон, па и најмалиот може да се уреди според правилата на фенг шуи и да стане пријатно место за дружење, пиење на ладен пијалок или читање. Надворешниот простор претставува продолжеток на домот и неговото влијание директно се рефлектира на квалитетот на живот во домот. Најважно е да се постигне хармонија – пред сè во поглед на бројноста на парчињата мебел и растенијата, како и на нивните димензии кои треба да одговараат на големината на просторот.



Растенијата симболизираат дрво, раст и развој, па затоа треба да се одржуваат здрави, а доколку се свенати треба да се заменат. Освен тоа, тие претставуваат звучна бариера за бучавата од улицата, а може и да заштитат од несакани погледи. При изборот на цвеќе, треба да се избегнуваат растенија кои растат надолу и растенија кои имаат трња и иглички. Исто така треба да се избегнуваат растенија кои имаат остри листови со налик на сабја (се среќаваат често кај палмите и јуките), како и кактуси. Бонсаито според фенг шуи никако не се препорачува поради фактот дека е во спотивност со прородата. Најповолни материјали за садови за цвеќе се природните – глина, теракота и керамика.



За затскривање на погледите може да се постават дрвени перголи на кои би биле растенија ползавци кои создаваат убава зелена завеса (на пр. ружи, украсен слак (Ipomea tricolor) или сина ѕвезда). Растенијата со висок раст можат да се користат како параван или да се постават пред страничен ѕид. Особено декоративно делува и цвеќе поставено во висечки корпи.



Кај малите балкони и лоѓии, поради просторната ограниченост, потребно е распоредување на растенијата по височина. За оваа намена, освен висечките корпи, може да послужат дрвени или метални полици, или стари лествици на кои би се поставиле цвеќињата.



Старата полица или мебелот може да се обноват со премаз на боја и на нив да се постават цвеќиња и украси. Во жардинерите засадете цвеќе со нисок раст или зачински растенија. Доколку станува збор за поголем простор, може да направите и сандак на тркалца во кој ќе бидат засадени разновидни мирисни растенија, па по потреба како мал параван ќе го поместувате на балконот.



Најповолниот материјал за мебелот се определува според компасната страна на балконот или терасата. Во случај просторот да се наоѓа на запад, северозапад или север најдобар избор е металот; за источните и југоисточните простори се препорачува дрво или бамбус; за јужните пластиката; за југозападните и североисточните балкони освен каменот може да се избере и пластиката.



Кај поголемите тераси најчесто има доволно простор за скара. Притоа треба да се осигура местото од несакан пожар. Ѕиданите камини се поквалитетно решение од подвижните скари, но поради нивната големина и тежина често е невозможно да се постават на терасата. Во фенг шуи исклучително важна е локацијата на скарата. Не е добро таа да се постави веднаш до прозорецот или вратата. Најповолни места се јужните, југозападните и југозападните делови на терасата, а треба да се избегнува западното и северозападното подрачје. Во случај единственото можно место во просторот на кое може да се постави скара да биде запад или северозапад, се препорачува употреба на подвижна скара после чија употреба ќе се тргне на друго место.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: цвеќиња за градината


1.jpg
Хризантема

Според фенг шуи, хризантемата е исклучително поволна бидејќи цути тогаш кога сите растенија се во состојба на зимско мирување. Поволна е во сите бои и може да се посади во зависност од боите во различни сектори на градината.
Сепак, жолтата хризантема, особено онаа со тркалезни цветови, се смета за најповолна бидејќи жолтата боја симболизира удобен живот.



2.jpg
Божур
Кинезите го нарекуваат крал на цвеќето, а симболизира богатство, слава, но и страсна љубов. Божурот ја претставува женственоста и убавината, па така може да го освежи животот на самците.


3.jpg
Нарцис и останато луковичесто цвеќе
Нарцис симболизира голема среќа, особено во подрачјето на кариерата и работата. Определете се попрво за видови со големи цветови бидејќи минијатурните нарциси не се поволни. Ако сепак инсистирате на мали нарциси, комбинирајте ги со големи. Нарцисите најчесто имаат жолти цветови, кои се полни со јанг енергија и симболизираат постепен успех во хиерархиското скалило, но и белите нарциси се поволни за активирање на успехот на работата.


4.jpg
Лилјан
Се смета за аристократ меѓу цвеќињата, кое носи многу добар фенг шуи. Позиционирајте го во градината во зависност од бојата на цветот – белите на северозапад и запад, жолтите на југозапад, североисток и центар, а портокаловите и црвените на југ.


5.jpg
Лотус
Доколку имате езерце, ова е најповолно растение кое може да го одгледувате. Во природата расте на места каде што има мил и нечистотија, но затоа цути со прекрасен бел и чист цвет. Лотосот симболизира духовен напредок и просветлување. Тој го поттикнува чувството на задоволство и ги привлекува добрите прилики. Над овој цвет може да се медитира бидејќи апсолутно е совршен. Тој претставува и утеха во тешки моменти.



6.jpg
Лаванда
Ова извонредно, лековито растение е исклучително поволно во фенг шуи, првенствено поради комбинацијата на сребренести листови и пурпурни цветови, која комбинација симболизира просперитет и благосостојба. Поволна е во сите сектори, а особено на запад, северозапад и север, но пожелно е и да биде во близина на влезната врата бидејќи, според фенг шуи, привлекува добри финансиски прилики.
 
Последна промена од модератор:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Фенг шуи: уредување на градината


Сите растенија му припаѓаат на елементот дрво, еден од петте елементи во фенг шуи. Растенијата ја подигнуваат енергијата на секој простор во којшто се наоѓаат, па затоа за да се обезбеди добар фенг шуи неопходно е да се одгледуваат растенија, без разлика дали станува збор за дом или за градина.

Она што е важно за почеток при одржувањето на градината е истото како и при уредување на домот – редот и чистотата се половина од добар фенг шуи. Во градината тоа подразбира растенијата да се однапред посадени според разработен план, да се избрани според видот на тлото и поднебјето, да се здрави и добро одржувани, тревникот да е искосен, а сувото лисје и тревата да се исчистени. Дивите растенија и плевелот се исклучително неповолни, како и нечистотијата и пренатрупаноста.

При изборот на растенија, според фенг шуи, треба да се избегнуваат растенија со боцки. Обликот на листот и на цветот исто така е важен, а секогаш е поповолно тие да бидат тркалезни, овални и лепезести облици, за разлика од острите, шпицести и боцкави.

Патеките никогаш не треба да бидат прави бидејќи Чи енергијата ќе протекува премногу брзо кон домот. Тие треба да минуваат кривулесто низ градината, што ќе допринесе Чи да се движи побавно и послободно. Сепак, доколку имате прави патеки, посадете растенија околу нив за да Чи циркулира околу нив.


1.jpg

Градината треба да има катче за дружење со пријателите и семејството и уживање во сончевите денови и нежното ветре.
Дрвата или високите грмушки во задниот дел од градината ќе обезбедат приватност во градината.


3.jpg
Балансот, кој во фенг шуи е основен, се постигнува со избор на растенија со различна големина, облик и бои, така што ниедно нема да доминира над другите.

Водени елементи како што се езерца, базени и фонтани се добредојдени елемнти кои ја разубавуваат градината и го канат доброто Чи. Тие исто така се симбол за просперитет.

За да внесете баланс во ноќните часови, поставете светилки во градина кои ќе ги осветлуваат темните делови.
Поставувањето на карпи и камења, кои носат јанг енергија, ќе даде баланс на меката јин енергија на растенијата.
На вашата ограда или ѕидови од градината не се двоумете да поставите ползавци, растенија или цвеќиња.
 
Последна промена од модератор:

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Пред 7-8 години ептен ме фасцинираше фенг-шуи филозофијата, па читав доста, за да сфатам што е всушност суштината. Оти многу ретко прифаќам било што до степен на фанатичко следење и почитување.
Тешко дека може да се објасни со две-три реченици, но она што јас си го резимирав на крајот, беше дека сите тие правила и принципи се всушност само смерници за практичност и еден вид на минимализам. Со други зборови, сите правила всушност велат - Одржувајте ред, чистота и хигиена, не бидете сентиментални кон предметите, не го гушете просторот со непотребни предмети, редовно поправајте сѐ што може да се поправи, а останатото исфрлете го, не заборавајте дека сте дел од природата и грижете се за неа...
Најпросто сведено - фенг-шуи отприлика вели дека само преку чист и среден простор, односно чиста и средена околина, се постигнува и нашата внатрешна, духовна хармонија. А духовно смирен човек е полн со позитивна енергија. Исто како што чиста и средена околина е полна со позитивна енергија. А позитивната енергија, се разбира води напред.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Пред 7-8 години ептен ме фасцинираше фенг-шуи филозофијата, па читав доста, за да сфатам што е всушност суштината. Оти многу ретко прифаќам било што до степен на фанатичко следење и почитување.
Тешко дека може да се објасни со две-три реченици, но она што јас си го резимирав на крајот, беше дека сите тие правила и принципи се всушност само смерници за практичност и еден вид на минимализам. Со други зборови, сите правила всушност велат - Одржувајте ред, чистота и хигиена, не бидете сентиментални кон предметите, не го гушете просторот со непотребни предмети, редовно поправајте сѐ што може да се поправи, а останатото исфрлете го, не заборавајте дека сте дел од природата и грижете се за неа...
Најпросто сведено - фенг-шуи отприлика вели дека само преку чист и среден простор, односно чиста и средена околина, се постигнува и нашата внатрешна, духовна хармонија. А духовно смирен човек е полн со позитивна енергија. Исто како што чиста и средена околина е полна со позитивна енергија. А позитивната енергија, се разбира води напред.
Токму така,што почист простор толку повеќе позитивна енергија...добро резиме даде! :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пред 7-8 години ептен ме фасцинираше фенг-шуи филозофијата, па читав доста, за да сфатам што е всушност суштината. Оти многу ретко прифаќам било што до степен на фанатичко следење и почитување.
Тешко дека може да се објасни со две-три реченици, но она што јас си го резимирав на крајот, беше дека сите тие правила и принципи се всушност само смерници за практичност и еден вид на минимализам. Со други зборови, сите правила всушност велат - Одржувајте ред, чистота и хигиена, не бидете сентиментални кон предметите, не го гушете просторот со непотребни предмети, редовно поправајте сѐ што може да се поправи, а останатото исфрлете го, не заборавајте дека сте дел од природата и грижете се за неа...
Најпросто сведено - фенг-шуи отприлика вели дека само преку чист и среден простор, односно чиста и средена околина, се постигнува и нашата внатрешна, духовна хармонија. А духовно смирен човек е полн со позитивна енергија. Исто како што чиста и средена околина е полна со позитивна енергија. А позитивната енергија, се разбира води напред.
Целиот минимализам како правец влече корени од истокот. Погледни ја целата филозофија убаво, погледни ги правилата и начинот на живот кој го налагаат, погледни ги домовите уредени според ова и кажи дали не те потсеќа на Јапонија.
Ја искрено, ова го сметам за глупост. Јас одгледувам бамбус дома, ама затоа што го сакам конкретно тоа растение затоа што ми е подарок од моите и нема врска со фенг-шуи. Уствари јас воопшто не сакам минимализам дали во уметност, архитектура, дизајн...ме затупува од тоа што е премногу едноставно.
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Мојот дом е според фенг шуи и има ефекти,позитивна енергија,добра пара,повеќе работа,повеќе пари
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не си верувам ни на сенката откако дознав дека правилно се изговарало Фанг Шуе пошто веќе испаѓа и дека погрешно дишеме.
Денес случајно прочитав дека ако имаш слончиња-украси, се чувале со сурлите накај врата/прозор, па одма ги ротирав моите, да видиме ќе има ли промени. :zelen
Друго знам дека огледало не се чувало спроти врата, чинам, а мислам имаше и нешто за да не ти се гледал одразот во огледало дур спиеш, а кај мене само таму има место, ама па еве, уште не сум заглавила во некој сон или паралелен универзум.