Најглупави реклами

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Јас не се смеам на глупави реклами, се смеам на смешни. Рекламата треба да има добар текст и добро да е направена за да те насмее и да е добра, а не обратно. :)
Рекламите за Суташ не само што не се смешни туку и се срамни, тој што ја направил треба да се срами. Истото важи и за оваа што си ја ставил за Вип, тоа се тие таленти.
Јас пак на болдот ти се смеам. Мешаш жаби и баби. Погоре рекламите за Скопско се снимени од Милчо Манчевски и визуелно и од режисерска гледна точка се одлични, проблемот е сценариото кое секој режисер го добива од некој маркетиншки тим, кој ги смислува рекламите. Така што никаква врска нема снимањето на рекламата со крајниот производ, колку што има текстот (сценариото).
Втор болд - што е срамното, што јас не го гледам? П.С. поплаките прати им ги во Турција, зашто рекламите кај нас се готови, добиваат само натсинхронизација. И рекламите за Сникерс и Ервејс се крш, никој не ги спомнува. oooh without snickers you become like a granma, (facepalm)(facepalm) Или за нив никој ништо не смее, пошто ги купува производите.:rofl
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе ако е снимено од Милчо мора да е одлично. Едноставно не ги бива рекламите за Скопско, не знам што е одлично режисерско таму кога лупнал колаж од рандом приказни од 10 секунди и повеќе ги поврзува песната на Шпато отколку пивото. Не знам како тоа би привлекло воопшто, оние рекламите од 95-та со клучот што играше и отвараше шишиња беа подобри.

Уствари такви реклами како сникерс се подобри затоа што директно ти го прикажуваат производот и рекламата е зафрканција на нивна сметка и плус не траат повеќе од 15-тина секунди. Сигурно нема да мислиш дека ќе постанеш лав од еден сникерс. Патем што повеќе ќе запамтиш, кратките фрази на Сникерс или колажите на Милчо за Скопско?
 
Значи пак не се разбираме. Милчо не го прави сценариото, Милчо го добива сценариото. Таму има пишано што и како треба да се сними. Таму му пишува кадар од ова, кадар од она, кадар како пијат пиво, кадар како женската го мава кучето низ сообраќај. И, да, одлично е снимено, па што сакате зборете. А тоа што сценариото е никакво, не е негов проблем. Дали ти како режисер ко ќе добиеш сценарио и си под договор, во кој сигурно има клаузули кои викаат дека ако го прекршиш договорот нема да си платен, би си правел по свое или би се држел по сценариото? Рекламата може е глупава, ама во никој случај Милчо не е кривецот за тоа.
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Па можел на пример да одбие ако сметал дека е глупава ;)
Му свири него што е глупава, тој си лапнал парички. Не знам колку знаеш али се има срчкано со овие од Филмскиот фонд и не му даваат пари за нов филм, па мора со рекламици нешто да се врти пара.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас колку што знам Милчо даде некоја изјава дека никогаш нема да работи во државава. После таква изјава нека биде малку со достоинство и нека не снима глупави реклами. Ако е како што ти велиш, зошто побогу би им бил режисер кога може обичен копук да ја сними рекламата? Добар камерман и добра камера и ги имаш кадрите.
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Јас колку што знам Милчо даде некоја изјава дека никогаш нема да работи во државава. После таква изјава нека биде малку со достоинство и нека не снима глупави реклами. Ако е како што ти велиш, зошто побогу би им бил режисер кога може обичен копук да ја сними рекламата? Добар камерман и добра камера и ги имаш кадрите.
А зошто би работел? За Пред дождот државава скршен денар нејќеше да даде, нешто ситно, а ко освои награда во Венеција и еден куп фестивали, му го лижеа газот и се фалеа дека бил наш филм. 90% од средствата со кој е снимен се од странски фондови, од Англија и од Франција. После пак, со Мајки давал лоша слика за државава. Демек во државава рози цветаат и Милчо со филмот си измислува ствари. И ја да сум, не би снимал. А рекламата за Скопско е приватна ствар, не е од буџет на државава, такашто нема врска со изјавата. И секоја реклама што е снимена било од Т-мобајл или од Вип или од која било асална фирма, е снимен од дипломиран режисер. Ко што не се прави ајвар без пиперки, така и реклами, филмови, спотови, не се снимаат без режисери.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Значи пак не се разбираме. Милчо не го прави сценариото, Милчо го добива сценариото. Таму има пишано што и како треба да се сними. Таму му пишува кадар од ова, кадар од она, кадар како пијат пиво, кадар како женската го мава кучето низ сообраќај. И, да, одлично е снимено, па што сакате зборете. А тоа што сценариото е никакво, не е негов проблем. Дали ти како режисер ко ќе добиеш сценарио и си под договор, во кој сигурно има клаузули кои викаат дека ако го прекршиш договорот нема да си платен, би си правел по свое или би се држел по сценариото? Рекламата може е глупава, ама во никој случај Милчо не е кривецот за тоа.
Да не си грешка околу ова? Не верувам дека не е сценариото на Милчо, ептен е со сите нишани негово.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
не сум сигурен 100%, ама мислам дека е готово сценарио кое тој само го снимал.
Ме натера да проверувам иако бев ептен сигурна :) Негови се комплетно

Buddies: Green Car - Дружба: фичо

Skopsko for Us - Скопско за нас

(Written and directed by Milcho Manchevski)

Мене ми се убај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp