Посни рецепти

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
туна салата.....марула,пченка,маслиново и балсамико обавезно,краставице и наравно тунааааааа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: filigran, Bum-Bum and Sugar

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Посна банана торта

Потребно: 1 л вода, 50 гр. кокос, 350 гр. шеќер, 4 пак. пудинг од ванила, 375 гр. маргарин, 1 кг. банани, 300 гр. кршени посни бисквити.

Подготовка: 100 гр. од шеќерот и целиот кокос, се мелат во блендер за кафе (да биде во прав). Потоа се вари пудингот во кој се става преостанатиот шеќер и шеќерот во прав со кокос.
Откако се излади се бие со маргаринот и се додаваат бисквитите. Во калап се става најлонска кеса или алуминиумска фолија, па се истура половина од смесата и се реди ред со кругови банана. Потоа се додава преостанатиот фил со бисквити. Се става во ладилник убаво да се стегне и да омекнат бисквитите (најдобро да се остави преку ноќ). Потоа се сече и декорира со посно чоколадо или со посен чоколаден прелив.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Тавче Гравче
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 1 мала лажица Црвен пипер
  • малку Сол
  • 500 милилитри Масло
  • 1500 грама Кромид
  • 1000 грама Грав
  • 1 Главица лук
  • 1 мала лажица Бибер
ПОДГОТОВКА:
Измијте го гравот. Откако ќе преврие, првата вода се истура. Потоа варете во тенџере со многу вода. Додадете ја исчистената главица лук и малку бибер во зрно.
Додека гравот се вари, во тенџере ставете масло, кромидот исечете го на покрупни парчиња и динстајте го на тивок оган додека стане густ. На крај додадете го мелениот црвен пипер.
Дното од земјената тава се намокрува со вода, а потоа со маслото во кое се пржеше кромидот. Гравот е варен кога ќе омекне, но внимавајте, зрната треба да останат цели.
Со решеткаста лажица се вади гравот, се става во тавата, одозгора се става кромидот и така, се додека не се потроши целиот материјал, но одозгора треба да заврши со гравот. Се украсува со суви пиперки, се става во рерна и се пече на тивок оган.

Шопска Салата
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • малку Сол
  • 100 грама Пиперки
  • 5 милилитри Оцет
  • 1 лажица/ци Масло
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 100 грама Краставица
  • 100 грама Домат
  • малку мала лажица Црн пипер
Тавче Ориз и Компир
250 гp. ориз
750 гр. компир
2 главици кромид
100 гp. масло
црвен пипер
црн пипер
магданос
сол

Исечкајте го ситно кромидот и испржете го на маслото. Додајте го оризот, а компирот исечкан на овални парчиња наредете го преку оризот. Ставете вода, да се облие, додајте сол по вкус, магданос, црн пипер и ставете го во рерна да се испече.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
ТУНА ВО СОС ОД ДОМАТИ

Потребни состојки:
- 4 парчиња туна,
- 4-5 лажици доматно пире,
- брашно,
- 1 китка магданос,
- 4 чешниња лук,
- масло,
- бибер и сол.

Подготовка:

Туната посолете ја, исперпелкајте ја во брашно и пржете ја во врело масло додека не добие црвеникава боја.
Подгответе го сосот од домати. Маслото во кое сте ја пржеле туната префрлете го во соодветен сад, ако е потребно додадете уште малку и во него пропржете го брашното, а откако ќе добие жолтеникава боја истурете го и пирето од домати. Сето тоа добро промешајте го заедно, додадете вода, па варете го сосот додека не згусне.
При крајот од варењето додадете ги ситно исечканите магдонос и лук и оставете да крчка уште 5 минути. Посолете по желба.
Испржената туна ставете ја во тенџере, полијте ја со сосот и тоа заедно динстајте го уште 10-тина минути.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: filigran and Bum-Bum

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Бомбици од јаболка
состојки:
1/2 кг јаболка
300 гр шеќер
сок од 1 портокал
50 гр излупени и сечкани бадеми
Јаболката се лупат и рендаат, се посипуваат со шеќерот и се варат се додека водата не испари.Се додава сокот од портокалот и се вари уште малку.Се трга настрана од огнот и во смесата се додаваат бадемите.
Потоа се прават мали топчиња кои се валкаат во кристал шеќер.

Овошни бомбици
Состојки
100 гр шеќер
100 гр мелени ореви
100 гр суво грозје
100 гр мелени суви смокви
Од шеќерот и малку вода се вари густ сируп во кој се додаваат оревите, сувото грозје и сувите смокви исецкани,Се прават топчиња кои се валкаат во кристал шеќер или по желба ваша ореви, украсни мрвици...

Салата со компири
Варени компири, кисели краставицки сецкани, сецкани зелени патлиџани (ова од туршија), кромид, сецкани пеглани пиперки,малку морков исто од туршија , лути везени суви варени пиперки ,сол по вкус, бибер, ловоров лист и зејтин.

Посен Ориз со Печурки
200-300гр Ориз
500гр Шампињони живи
200гр варен грашак
1-2 моркови варени
100гр ореви
Оризот се вари со малку сол или вегета по желба
На страна се пржат исечените шампињони со малку зејтин
Од кога ке се свари како пилав оризот, се додава грашакот, печурките и сецкани на коцки морковот како и кршени или сецкани оревчиња..
Може и по желба друг зеленчук.

Салата од макарони
Се варат макароните ( посни без јајца во нив). Се мешаат со моркови,краставички и карфиол од туршија сецкани на коцки и сето тоа се меша со посен мајонез.

Палента со зеленчук
Палентата се вари во врела вода две минути.......Се додава во неа маргарин, маслиново масло, соја сос, сенф, вагета, сол и претходно варен зелечук (грашок, боранија, бролула....и сл)
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Во вест имаш секој ден посна трпеза може да ја прочиташ. Инаку мајками прави многу убави посни работи само кажими дали сакаш со малсо или без масло.
Со масло...инаку ако имаш рецепт од некоја салата или пак нешто благо добро би ми дошло....:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: filigran

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
Со масло...инаку ако имаш рецепт од некоја салата или пак нешто благо добро би ми дошло....:D
Зелка од расолница со буковец може и со зејтин и без.
Чоколокум, желе, локум обичен АЛВАААА :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and filigran

Светлана

Нов член
7 март 2012
2
5
3
61
Печени свежи шампињони
во 1плех од шпорет ставам по3 опаковки (од1/2кг ) сецкани шампињони ги попрскувам со масло малку сол и бибер
се мешам и ги печам во тепсија обложена со хартија за печење (полесно се мие тепсијата)

Паштета од модри патлиџани

800гр модри патлиџани пасирани (можеш и намашина за месо да ги сомелеш заедно со компирот)
300гр варен компир пасиран
100мл масло
1 лажица сенф (јас ставам и 2-3)
3-4 чешниња лук
се се меша и сервирано се украсува со сецкан магдонос
јас додавам и пржен сусам и пржено ленено семе и одозгора ги украсувам со тоа има псебен шмек

Ролат со туна
1 обланда
2 конзерви туна (во парчиња ситната нема убав вкус)
100гр пченка шеќерец
3 поголеми кисели краставички
100гр маргарин
2 лажици пржен сусам
сол и мелен бибер
кечап за украсување

обландата се става помеѓу две влажни крпи
туната се цеди од маснотијата
маргаринот се мати со миксер се додава туната и се мати заедно со миксер
се додаваат краставичките,пченката и сусамот па се меша со лажица додека не се добие хомогена смеса
омекнатата обланда се филува, се витка во ролат и се остава најмалку 2ч во фрижидер
се украсува одозгора со кечоп и се сече на парлиња

Француска
Варен компир
морков
кисели краставици
грашок 1/2 конзерва
1 и 1/2кг свежи печурки печени во рерна или динстани (во рерна не им стоиш полесно се спремаат)
посен мајонез
количините ми се отприлика како за руска салата

Туна со сурими
за 1 конзерва голема од 185гр
8-9 стапчиња сурими посолени со кари, босилок и оригано пржени на малку масло во (тефлон тафче најдобро) за да се вцрват
се прелеваат со сок од 1/2 лимон и оладени се сечат на тркалца
маслинки сецкани
3 големи лажици посен мајонез
1 голема лажица сенф
1/2 лимон
се семеша

Туна салата
4 конзерви туна
3 лажици кечап
3 лажици сенф
2 лажици балсамико оцет
1 марула
младо кромитче
се се меша
ќе се изненадиш каков вкус има

Салата со морски плодови
3 опаковки морски плодови ги динсташ со малку вино лорбер кромид(сецкан на поголрми кругови) лукче цели чешниња
ги вадиш зачините
пржиш 1-2 поголеми главици кромид со
3-4 рендани моркови додаваш
400гр ориз го запржуваш и го вариш да остане растресит
па ги додаваш морски плодови
се се меша

Руска салата
1кг ослич се вари, се чисти од кожата и коските
400гр грашок
400гр морков варен и сецкан на коцки
400гр кисели краставички сецкани
400гр компир ватен сецкан или рендан како ти е полесно
посен мајонез
се се меша

Гами- посни ќофтиња од леблебија
1кг непечена леблебија (слануток) отстоена 24ч во топла вода најдобро замотана како кисело млеко
3-4 главици кромид (големи)
1 китка магдонос
2 пакетчиња ким ( ако несакаш ким моше сусам, ленено семе, нане)
сол по вкус, вегета, мелен бибер
250-350гр брашно
леблебијата се меле на машина за месо заедно со кромидот 2 пати
потоа се додаваат зачините и магдоносот, се се меси добро се додава брашното и се прават топчиња
се пржат во врел зејтин
се вадат со лажица решетка на хартија да ја упие маснотијата
нема да познаат дека се посни а се пржат лесно и излегуваат околу 60 топќиња
само за мелење ќе ти треба машка рака

Правилно во овој пост риба се јаде само на Благовец и Цветници, но рецептите може да ви користат за посни слави