Само Господ знае колку многу ја сакам баба ми, ама што е многу многу е! Секое идење кај неа зборува за едно те исто. Ногата ме боле, ќе умрам. Раката ми трпне, ете пред умирање сум. Апче заборавив да се напијам, ете готово уште еден сиптом. Значи нема ден да не отидам кај неа да не се зборува околу тоа. Постојано и зборувам за тоа дека колку и човек да е болен, доколку остане позитивен може се да смени. Ама не, нејзе како да и е мерак да глуми болна и сите да ги загрижува и да трчкаат околу неа.На Петко му ги извадиле забите, и мене ме болат забите. Стамена ја болела кичмата, леле и мене ме боле таму. Значи моја другарка има асма има некои проблеми со срцето, па никогаш не сум ја слушнал да се жали ниту еднаш. Постојано е ведра, во најдобро расположение, не смее сите. И кажувам за неа на баба ми, дека целиот живот е пред неа па пак не се жали и не тагува ами гледа да го изживее секој можен момент како да е последен. Се грижам и за моите, значи ептен ги напиња. Се јавува во еден по полноќ кобајаги лошо е, драматизира и драматизира во вистинска смисла на зборот. Не знам колку пати ја проверуваше крвта, ја снимаше главата, значи секој втор ден е на болница. Навистина сум загрижен затоа што ќе ги умре оние околу неа, а нејзе знам дека не и е ништо. Јас искрено мислам дека мене не ми е толку мил животот како нејзе што и е. Мислам сфаќам, стар човек и сите тие работи, ама веќе и пријателките почнуваат да ја одбегнуваат. Ти 24/7 нон стоп да се жалиш и да зборуваш за смртта, мислам нема смисла. Како опсесија и е станато.
Знам дека нема помош за овие лица, сме пробале на секаков начин, не помага ништо. Прашањето ми е зошто ова се случува? Зошто е таа потреба сите да трчкаат околу тебе? Зошто воопшто се плашиме од смртта? Зошто постојано сакаме да бидиме жртвата, секогаш нас ни е најтешко, секогаш ние сме оние несфатените? Дали имате некој со истиов проблем и како се соочувате со него?
Мислам јас нервно се оболев. За крај, се извинувам ако има ваква тема. Барав ама не најдов ништо слично на ова.